Ајри Демировски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ајри Демировски (Битола, 1927 - Измир, Турција, 21 октомври 2009) бил познат македонски музичар и автор на песната „Битола, мој роден крај

Биографија[уреди]

Демировски е роден во 1927 година во Битола. По ослободувањето бил првиот испратен ученик од Битола во Загреб во графичкото училиште да го изучува печатарскиот занает. Но, во Битола тој никогаш не работел како печатар. Се вработил како чувар во Радио Битола. Работејќи во радиото имал несекојдневна прилика редовно да ги слуша во живо најпопуларните битолски и македонски пејачи. Тоа го поттикнало да почне да размислува во насока на создавање на нова македонска музика. Ајри Демировски има компонирано над педесетина песни. Негови се популарните: „Мариче ле лично девојче", „Таму ле мајко близу Битола", „Само ти се чудам Цвето", „Сношти те Маре сонував", „За кого ти цути Дано лицето"„Денот ми наблиза на гурбет да заминам" и многу други, за кои се смета дека се народни, бидејќи се општоприфатени и пејани. Најпопуларната меѓу нив е неговата антологиска песна „Битола, мој роден крај", песна во која ја опеал својата огромна љубов кон родната Битола, песна која претставува неповторлив музички симбол и по која Битола ја препознаваат и распознаваат. Битолчани оваа песна ја прогласиле за песна на векот, а Демировски за почесен граѓанин на Битола во 2006 година[1]. Продукциската куќа ISR од Истанбул за Демировски подготвувала документарен филм во кој во финалната фаза се снимала во Битола кога екипата била затекната од тажната вест за смртта на Демировски[2]. Починал во Измир, Турција на 21 октомври 2009[2] каде што живеел 25 години.

Каде и да заврши мојот живот, срцето секогаш ќе ми остане во Битола.

Наводи[уреди]

  1. „Ајри Демировски почесен граѓанин на Битола“ (на македонски). А1. 17 октомври 2006. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=68991. конс. 10 јануари 2010. 
  2. 2,0 2,1 Стефановски, Пеце (22 октомври). „Почина Ајри Демировски, автор на „Битола мој роден крај““ (на македонски). А1. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115303. конс. 10 јануари 2010. 

Надворешни врски[уреди]