Ајманова тврдина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ајманова тврдина
Ajmanov grad
Schloss Ehrenau
AjmanovGrad.JPG
Податоци
Место Свети Дух, Шкофја Лока
Земја Словенија


Ајмановата тврдина се наоѓа во селото Свети Дух, Шкофја Лока, во Словенија. Замокот бил изграден во 17 век, во 1679 од страна на гувернерот на Шкофја Лока, Франц Матија. Последователни сопственици на замокот биле семејствата на Ангербург, Видманштатен, Дитрих, Занети, Флаченфелд и Диензи.

Овде се наоѓа и капелата на Пресвета Богородица која била изградена во 1733, и чиј олтар бил направен од Франц Јеловшек, еден од најголемите словенечки сликари на 18 век.

Во 1746 замокот бил продаден на Адам Динзи. Кон крајот на 18 век го добива сегашното име "Ајман" по друг сопственик, на д-р. Хеиман. Во 1918 била во сопственост на Марија Ѓузел, а потоа и на семејство Демшар до Втората светска војна. За време на војната замокот бил изгорен, а по војната истиот бил повторно реновиран.