Ајкула-ѓавол

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ајкулата-ѓавол

Ајкула-ѓавол (Mitsukurina owstoni) е вид на ајкула.

Aјкулата-ѓавол е една од длабокоморските ајкули со најнеобичен изглед и е бледорозова, а има млитаво тело, ситни очи и долг, слпескан, клунест рострум. Овој необичен израсток е прекриен со електрорецептори, а веројатно служи за откривање плен во темните длабочини. Под рострумот оваа ајкула има специјализирани челусти што може да ги сифрли кон напред за да зграпчи риби и октоподи со долгите, зашилени заби. Само уште малку нешта се познати за овие ајкули. Ги котат младенчињата а кога ќе пцовисаат, од розеникава, бојата ја менуваат во валкано кафеаво-сива. Официјално се уловени само неколку десетици примероци од овој вид, па се смета дека е редок. Повеќето податоци потекнуваат од ајкулите уловени со бродови што со парангали ловеле длабоморска риба. Фосили на ајкули слични на овој вид се најдени во карпите стари повеќе од сто милиони годинни.