Ајдаред
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Ајдаред | |
|---|---|
| Хибрид од | Јонатан x Вагнерово јаболко |
Ајдаред е вид црвено јаболко од САД. Тоа е хибрид од две сорти на јаболка. За прв пат било израснато во 1935 од Земјоделската експериментална станица на Ајдахо и од 1942 е широко распространето. Ајдаредот е цврсто јаболко со бело ткиво, кисело и сочно. Заради ова особено се користи во кулинарството. Се бере од крајот на септември до средината на октомври. Отпорно и трајно е сè до крајот на јануари, а соодветно складирано, може да трае и до јуни.
