Ајбеншток

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Ајбеншток
Грбот на Ајбеншток
Ајбеншток во рамките на Германија
Ајбеншток
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Адм. подрач. Хемниц
Округ Ерцгебиргскрајс
Градски единици 13
Градоначалник Уве Штаб (CDU)
Основни податоци
Површина 112 km2 (43 sq mi)
Надм. височина 650 m  (2133 ft)
Население 6.440  (31 декември 2006)
 - Густина 58 /km2 (149 /sq mi)
Други информации
Часовна зона CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 08309
Повик. бр. 037752
Местоположбата на град Ајбеншток во рамките на округот Ерцгебиргскрајс
Карта

50°29′44″N 12°35′51″E / 50.49556°N 12.5975°E / 50.49556; 12.5975

Ајбеншток е град во западните Рудните Планини, во округот Ерцгебиргскрајс, во Саксонија, Германија. Се наоѓа близу реката Мулде.

Содржина

[уреди] Географија

Вилдентал

Ајбеншток ги има следниве составни делови: Ајбеншток, Блауентал, Волфсгрин, Најдхартстал, Вилдентал, Обервилдентал, Карлсфелд, Блехамер, Нојес Визенхаус, Зоза, Штабхамер, Вилџмиле и Вајтерсгласхите.

[уреди] Историја

Поради неговата надморска височина на повеќе од 600 метри, Ајбеншток не ги имала првите фармерски села во Рудните Планини, туку долгогодишна населба во форма на шумско село, основана во раниот 13-ти век.

Првите две документирани спомнувања како Ybenstok и Ibenstok потекнуваат од годината 1378. Развојот на селата бил под влијание на рударството. Рудниците работеле во областа на Ајбеншток дури до доцниот 19-ти век. Во 1560, Ајбеншток станал службено седиште на Bergamt (Планински Амт) и така бил именуван како freie Bergstadt („слободен планински град“).

Во 1453, електорот Фридрих од Саксонија ги доделил како феуди селата Ајбеншток, Зоза и Буркхартсгрин. Тие не биле под долго под новите сопственици, кога Вилхелм фон Таненберг морал да се откаже од Ајбеншток во 1456 на Наследниот маршал на Саксонија, Ханс Лезер. Во 1464, Ајбеншток преминал како грофски имот на Шварценберг и оттука на саксонскиот Amt Шварценберг во 1533.

Во 1532, општината била опишана како пазарен град, а во 1555 како мал град. Градот ги добил пазарните права во 1639. Во 1734, по првпат, пазарот за риби бил одржан со свежа риба која била купена од Хамбург.

Со Клара Ангерман дошле Tambourieren во градот во 1775, вид на на уметнички вез. Таа го предавала на жените до 1780, и така, везот започнал се проширува сè повеќе. Од 1850 имало 6 работилници за везови и во 1858, започнала првата машина за вез. Делата била многу познати, па така од 1891 до 1908, дури и САД одржувале конзултантски односи со градот поради нивните бизнис врски.

По трите големи пожари (1856, 1862 и 1892), во кои цели соседства изгореле, обновата траела на тој начин да им се даде на зградите посовремен изглед. Помеѓу 1864 и 1868, била изградена неороманескна црква, а во 1906 и 1907 ново градско собрание.

Со Првата светска војна (1914–1918), индустријата за вез колабирала и се воспоставила повторно по Втората светска војна. Меѓутоа, никогаш повторно не го достигнала нивото на слава, кое било пред 1914.

Малите бизниси за вез се здружиле во колективи, како што се Produktionsgenossenschaften des Handwerks (PGH) Sticktex или Eibenstocker Buntstickerei, но тогаш во 1972, овие биле претворени во Volkseigener Betrieb, вид на претпријатие основано во поранешната Источна Германија.

Помеѓу 1974 и 1979, бил реализиран проектот за втората најголема брана во Источна Германија. Бил создаден басен со 77 милиони кубни метри и 350 хектари во површина и сега снабдува милиони луѓе со вода за пиење.

По политичките и економските промени во 1989 и 1990, се случиле определени припојувања на Блауентал, Најдхартстал, Волфсгрин, Вилдентал и Обервилдентал со Ајбеншток, додека на 1 април 1997 и припојување на Карлсфелд и Вајтерсгласхите.

Во 2005 Ајбеншток ја прославила 850-годишнината.

[уреди] Движење на населението

  • 2005 – 6.576
  • 2006 – 6.440
Извор од 1998: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen

[уреди] Culture and sightseeing

Неороманескна црква
Поштенски миљоказ на Електоратот Саксонија на Postplatz
  • Неороманескна црква
  • Поштенски миљоказ на Електоратот Саксонија на Postplatz
  • Обновената камена станица во Кралството Саксонија близу поранешната пошта
  • Ајбеншток некогаш бил познат по големото одморалиште Freier Deutscher Gewerkschaftsbund (FDGB) кај вештачкото езеро Ајбеншток. Денес, комплексот е обновен и работи ккао хотел, покрај кој е изграден аква-парк. Благодарение на сините ликовни дела во хотелот, од времето на обновата, останало името Das Blaue Wunder („Синото чудо“). Зградата првично била наменета за градителите на браната.
  • Јужно од градот е 778-метри високиот Адлерфелс (карпа на орелот), од која, на јасни денови може да се види панорамски поглед на Ајбеншток.

[уреди] Економија и инфраструктура

Од 14-от до 18-от век се откриле рудници за калај и железо. По големата глад во 1771-1773, оваа индустрија главно била заменета со останати индустрии и занаети.

[уреди] Познати луѓе

[уреди] Почесни граѓани

[уреди] Жители на градот

  • Фридрих Август Унгер (1833–1893), физичар и коосновач на здравствениот ресорт во Давос
  • Хилмар Микенбергер (1855–1937), фоклорен музичар и дијалектичен поет
  • Штефан Дитрих наречен Зафенлоб (1898–1969), учител и Heimatdichter
  • Бернд Лајстнер (1939- ), литературен научник и писател
  • Ернст Ајнзидел (1941- ), фудбалер
  • Волфганг Унгер (1948–2004), хорски водач

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици