Ачешки јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ачешки
Bahsa/Basa Acèh
Застапен во Индонезија
Подрачје Ачех, Суматра
Говорници 3,5 милиони  (2000)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-2 ace
ISO 639-3 ace

Ачешкиот јазик или само ачех (Bahsa Acèh) е малајско-полинезиски јазик што го говори народот Ачеси во покраината Ачех на островот Суматра, Индонезија. Се говори и во ачешката дијаспора во извесни делови на Малезија како Јан во сојузната држава Кедах.


Класификација и сродни јазици[уреди]

Овој јазик припаѓа на малајско-полинезиската гранка на австронезиското семејство. Најсродни на него се другите чамски јазици како џарајскиот и чамскиот (230.000 и 280.000 говорници) во Камбоџа и Виетнам. Други сродни јазици се малајските, минангкабау, гајскиот и батачките јазици.

Распределеност[уреди]

Распределеност на ачешкиот јазик во покраината Ачех

Јазикот се говори претежно во крајбрежните делови на Ачех, и тоа во 10 намесништва и 4 општини.

Фонологија[уреди]

Двојазичен знак што предупредува од цунами на индонезиски и ачешки

Ова се фонемите во ачешкиот јазик.

Самогласки[1]
Предни Средни Задни
усни носни усни носни усни носни
Затворени i ĩ ɨ ɨ̃ u ũ
Полузатворени e ɛ̃ ə ʌ̃ o ɔ̃
Полуотворени ɛ ʌ ɔ
Отворени a ã

Самогласките се претежно спарени како усна-носна, иако постојат само три средни носни, а двојно повеќе средни усни самогласки. /ʌ/ не е сосем средна, но тука е прикажана како таква од естетски причини. Слично на неа, /ɨ/ се претставува и како позадна [ɯ]. Покрај горенаведените монофтоншки самогласки, ачешкиот има и пет усни дифтонзи, од кои секој има свој носен пандан:[1]

  • /iə ɨə uə ɛə ɔə/
  • /ĩə ɨ̃ə ũə ɛ̃ə ɔ̃ə/
Рачно пишувана книга на ачешка арабица
Согласки[2]
Уснена Венечни Предно-
непчени
Задно-
непчени
Гласилни
Носни m n ɲ ŋ
Избувни p b t d c ɟ k g ʔ
Струјни s ʃ h
Приближни w l j
Трепетни r

/s/ e ламинална венечно-забна согласка. /ʃ/ технички е задновенечна, но стои колоната на преднонепчените од естетски причини.

Писмо[уреди]

Порано ачешкиот се пишувал со арабица наречена „џавое“ (џави на малајски), но иста сега речиси воопшто не се користи. Денес јазикот се пишува со латинична азбука во која, покрај вообичаените букви, се користат и буквите é, è, ë, ö и ô.[3]

Дијалекти[уреди]

Досега не е псорведено темелно истражување на дијалектите на ачешкиот јазик, но се смета дека постојат барем 10: пасе, пеусанган, матанг, пидие, буенг, банда, даја, меулабох, сеунаган и тунонг.[4]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Al-Harbi & Al-Ahmadi (2003:10)
  2. Al-Harbi & Al-Ahmadi (2003:9–10)
  3. Ejaan Bahasa Aceh
  4. Sulaiman, B. 1981. Kedudukan dan Fungsi Bahasa Aceh di Aceh. Jakarta: Pusat Pembinaan dan Pengembangan Bahasa

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на ачешки јазик