Африканска музика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Африка е огромен континент и неговите региони и народи имаат различни музички традиции. Музиката на Северна Африка во најголем дел се разликува од историјата на Субсахарскиот регион.

Северна Африка е седиште на култура на Медитеранот, вклучувајќи ги Египет и Картагина пред да постанат Магреб на Арабскиот свет со одлуката на Грците, Римјаните и Готите. Исто како и музичките жанрови по долината на Нил и Рогот на Африка, музиката на Африка има сродни точки со музиката од Средниот Исток.

Арабската музика, музиката од Индија, Индонезија и Полинезија влијаеле врз музиката на Источна Африка. Сепак, домородните музички традиции на регионите се мејнстрим на супсахарскиот регион на луѓето кои зборуваат јазици од Нигер и Конго.

Јужна, Централна и Западна Африка спаѓаат во широката музичка традиција на Субсахарскиот регион, и покрај тоа што содржат влијание од Западна Европа и Јужна Америка. Музиката и видовите танцови на дијаспората на Африка, вклучувајќи ги африканско-американската музика и многу други карибиски жанрови како што се сока ( soca ), калипсо ( calypso ) и зук ( zouk ) и латино-американските жанрови како што се румбата, самбата и други ритмови, се создадени на различни степени на музиката на африканските робови, која пак влијаела врз африканската популарна музика.

Музиката на Северна Африка[уреди]

Музиката на Северна Африка има значителен спектар, од музиката на древен Египет до музиката на Берберите и Туарезите на пустинските номади. Уметничката музика на регионот со векови ги следала стапките на арабската и андалузиската класична музика. Уметничка музика во своите популарни современи жанрови го вклучува алжирскиот Раи.

Овдека спаѓаат и музиката од Судан и Рогот на Африка, како и музиката од Еритреја, Етиопија, Џибути и Сомалија.

Музиката на Субсахарскиот регион[уреди]

Африканската традиционална музика најчесто се изведува во природа. Изведбите можат да бидат долги и многу често придржувани од публика. Постојат, на пример, малку видови на песни кои се пеат при извршување на некаква работа. Песни кои се пеат при раѓачка, брак, лов и политички активности, музика за истерување на лоши духови и почитување на добри духови, мртви и предци. Ништо од ова не се изведува во природа , нивната одредена социјална содржина и многу од тоа е пропратено со танц. Дел од тоа е сакрална или церемонијална музика и учтива музика која се изведува во кралски дворови од професионални музичари.

Субсахарски ритам[уреди]

Етномузиколошкиот предводник, Артур Морис Џонс ( 1889 година – 1980 година ) забележал дека ритмичките принципи на музичката традиција на Субсахарска Африка се состојат од еден главен систем. Исто така, професионалниот тапанар и научник Ц. К Лаџекпо ја потврдува хомогеноста на музичките принципи на Субсахарска Африка.

Ритам кој доаѓа надвор од границите

Полиритам е мноштво од два или повеќе ритмови. Редовните и систематски наметнувања на овој ритам врз главните ритмови, создава специфичен подсет од полиритмови кој е наречен ритам кој доаѓа надвор од границите. Од филозофска перспектива на африканските музичари, овој ритам ги симболизира предизвикувачките моменти или емоционалниот стрес со кои сите ние се соочуваме. Исполнувајќи го овој ритам и покрај тоа што е целосно вкоренет во главниот ритам, од една страна ги подготвува за одржување на животната цел, а од друга страна за справување со предизвиците кои ни ги носи животот. Во повеќето субсахарски јазици не постои збор за ритам или пак за музика. Според Африканците, ритмовите ја претставуваат структурата на самиот живот, тие се еден вид на изразување на луѓето, што ја симболизираат меѓузависноста во човечките односи.

Овој ритам е основата на поголемиот дел на музичкото богатство на луѓето кои потекнуваат од Нигер и Конго, најголемата јазична група во Африка, јужно од Сахара. Овој ритам , најпрво е објаснет во преавањата од Ц.К Лаџекпо и пишувањата на Давид Локе и е претставен како основа на субсахарскиот ритам.

Овој ритам ја обзема музиката на јужните Еве народи.

Во сржта на ритмичките традиции лежи техниката на овој ритам, во кои композиторот ги изразува неговите идеи . Техниката е симултано користење на контрастни ритмови во рамките на иста шема на акценти или мерач... во суштината на посакуваниот резултантен ритам, шемата на нормалниот ритам не може да биде одделена од шемата на вторичниот ритам. Тоа е взаемното дејство на двата елементи кој ја сочинуваат композицијата на ритамот кој доаѓа надвор од границите.

Главни модели[уреди]

Музиката организирана преку Главните модели изразува двојна структура, сложено ниво на африканскиот ритам кој доаѓа надвор од границите.

Главните модели го изразуваат организираниот принцип на ритамот, одредувајќи ја ритмичката структура како што скалите или тонските режими кои пак ја одредуваат хармоничната структура...Накусо, Главните модели се олицетворение на целосната ритмичка матрица. Главните модели се исполнуваат преку идиофони, на пример ѕвоно или дел од бамбус. Во некои ансамбли, како што се ијеса (iyesá ) и бата тапани ( batá drums ) , главните модели се исполнуваат на голем преден дел на танан.

Стандардни модели[уреди]

Во Субсахарна Африка, од главните модели најмногу се исполнува седумтактичноста која во етномузикологија е позната како стандарден модел. Овој модел е изразен и во тројната ритмичка структура ( 12/8 или 6/8 ) и во двојната ритмичка структура ( 4/4 или 2/2 ).

Од музичка гледна точка Африка се дели на четири региони

  • Источен регион во кој е вклучена музиката од Уганда, Кенија, Руанда, Бурунди, Танзанија, Малави, Монзамбик и Зимбабве како и островите на Мадагаскар, Сејшелите, Маврициус и Комори.
  • Јужен регион во кој е вклучена музиката од Јужна Африка , Лесото, Кралството Свазиленд, Боцвана, Намибија и Ангола.
  • Централен регион во кој е вклучена музиката од Чад, Централноафриканска Република, Демократска Република Конго и Замбија, вклучувајќи ја музиката на Пигмејците.
  • Западен регион во кој е вклучена музиката од Сенегал и Гамбија, Гвинеја и Гвинеја-Бисао, Сиера Леоне и Либерија, внатрешните рамнини на Мали, Нигер и Буркина Фасо, народите од крајбрежјето на Брегот на Слоновата Коска, Гана, Того, Бенин, Нигерија, Камерун, Габон, Република Конго и Сао Томе и Принсипе. Во Африка е создаден тапанот.

Музички инструменти[уреди]

„Зборувачки тапан“ или тама популарен инструмент во Западна Африка

Покрај гласот, кој се користи во неколку сложени техники како што се мелизм (melisma) и јодл (yodel) , се користат и повеќе видови на инструменти. Музичките инструменти на Африка вклучуваат широк спектар на тапани, слит гонгови ( slit gongs ) штракалки (rattles), двојни ѕвончиња (Gankoqui), гудачки инструменти ( музички лакови, различни видови на харфи, кора (Kora) и виолини ), многу типови на ксилофони и ламелофони како што е калимба (mbira) и различни видови на дувачки инструменти како што се флејтите и трубите. Во традиционалната африканска музика, во Западна Африка се вклучени тапани како што се токинг тапаните (talking drums), бугарабу (bougarabou) и џембе ( djembe), во Централна и Западна Африка тапани на вода (water drums), а во Централна и Јужна Африка различни видови на нгома тапани (ngoma drums). Други ударни инструменти влкучуваат штракалки и тропалки како што се косика (kosika), рејнстик (rainstick), ѕвончиња и дрвени стапчиња. Африка исто така изобилува со голем број на тапани, флејти, гудачки и дувачки инструменти. За потеклото на многу современи инструменти како што се кавалот, двојната трска, труба, гудачки и ударни инструменти може да се трага во Африка.

Односот на јазикот[уреди]

Јазиците во Африка се тонални јазици што овозможуваат цврста поврзаност меѓу музиката и јазикот на многу африкански култури. Тие во музиката користат гласни звуци и движења. Кај пеењето, тоналниот модел или текстот го ограничуваат мелодичниот модел. Од друга страна, кај инструменталната музика родениот говорник на еден јазик многу често го забележува текстот во музиката. Овој ефект, исто така, претставува основа за тапан јазиците.

Влијанија врз африканската музика[уреди]

Историски гледано, неколку фактори влијаеле врз племенската музика на Африка, а музиката, исто така, има одредена поврзаност со нивниот јазик, животната средина, неколку култури, политики и движење на населението. Во основа, сите овие фактори одат заедно. За разлика од другите општества, секое африканско племе развиено на различни страни од континентот, јадат различна храна, се соочуваат со различни временски услови и доаѓаат во судир со различни племиња. За разлика од другите, секое племе на различен начин и места се преселува и затоа се под влијание од различни луѓе и околности. Понатаму, секое општество не мора да функционира под иста влада, што значи дека имало значително влијание врз музичките стилови.

Популарна музика[уреди]

Како и африканската традиционална музика така и оваа е широко распространета и богата. Поголемиот дел од современите жанрови на африканската популарна музика се изградени со вкрстувањето со западната популарна музика. Повеќето жанрови на популарната музика како што се блуз, џез и румба се развиле од африканската традиционална музика, која африканските робови ја пренеле кај Американците. Овие ритмови и звуци подоцна биле прилагодени од понови жанрови како што се рок и блуз. Исто така, африканската популарна музика од западната музика усвоила елементи како музички инструменти и техники за снимање во студио. Врз африканската популарна музика имала влијание и од привлечната афро-европска музика комбинирана со кубанската сон ( Son ) музика. Првите африкански гитара бендови свиреле кубанска музика. Првите гитара бендови од Конго ја нарекувале нивната музика румба ( и покрај тоа што повеќе беше сон музика отколку румба ). Конгоанскиот стил најверојатно се развил во она што денес е познат како сукус ( soukous ) музичкиот жанр.

Влијание врз музиката од Северна Африка[уреди]

Африканската музика е основа на денешниот блуз и џез. Сите овие стилови произлегуваат од африканските ритмови и звуци, донесени од робовите преку Атланскиот океан. На албумот на американскиот фолк музичар Пол Симон „ Graceland “ работат африкански бендови, а се вклучени и африкански ритмови и мелодии. Ladysmith Black Mambazo е искористена како позадина за еден негов текст. Во раните седумдесети години, африканскиот рок авангарден тапанар, Реми Кабака, ги создал првите модели за тапан со што го создал африканскиот рок звук кај бендовите како што се Воздухопловните сили на Џинџер Бакер ( Ginger Baker’s Air force ), Роулинг Стоунс ( Rolling Stones ) и Сообраќајот на Стив Винвуд ( Steve Winwood’s Traffic ). Реми продолжил да соработува со Винвуд, Пол Мекартни и Мик Џегер цела една деценија. Како подем на рокенрол музиката се смета американскиот блуз од четириесеттите години, а од рокот се создале повеќе поджанрови како што се хеви метал, панк рок, поп-музика. Но со сигурно може да се тврди дека африканската музика е битието на поголемиот дел од денешната популарна и народна музика. Африканската музика влијаела и врз делата на Дизни, врз „Кралот Лав“, каде се преплетени традиционална племенска музика со модерна култура. Песните, Кругот на животот (Circle of life) и Тој живее во тебе (He lives in you) се комбинација од зулу и англиски текст, како и африкански традиционален музички стил со посовремени западни стилови. Дизни користи и зборови од банту-јазикот свахили. изразот „хакуна матата“ , на свахили јазик значи „без гајле“. Имињата на ликовите како што се Симба, Кову и Зира на свахили значат „ лав, лузна и одмазда“.

Надворешни врски[уреди]