Афердита Кики

Од Википедија — слободната енциклопедија

Афердита Кики (албански:Afërdita Kiki; Лора, Хесен, Германија, 19 јули 1971) — македонска сликарка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Кики е родена во германскиот град Лора на 19 јули 1971 година. Дипломирала на Факултетот за Ликовна уметност, отсек Сликарство во филијалата во Тетово. Таа учествувала во колективни изложби и имала две самостојни изложби во 2003 година. Во 2009 изложувала во Тетово[1]. Исто така, таа бил ангажирана како кореограф во три драми на албански јазик. Добитник е на наградата Вулкан на Полио плус за придонес и промоција на правата и положбата на лицата со посебни потреби[2]. Живее во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Exhibition of Works by Aferdita Kiki in Tetovo“ (англиски). Министерство за култура на македонија. 17 ноември 2009. Посетено на 2009-11-17.[мртва врска]
  2. „Ќе се доделат наградите "Вулкан". Дневник. Посетено на 2009-11-17.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]