Аудеркерк кај Амстел
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Центарот (темнозелено) и статистичкиот регион (светлозелено) на Аудеркерк кај Амстел и општината Аудер-Амстел. |
Аудеркерк кај Амстел или Аудеркерк ан де Амстел (хол. Ouderkerk aan de Amstel) ( ) е гратче во провинцијата Северна Холандија во Холандија. Во голем дел ѝ припаѓа на општината Аудер-Амстел, и се наоѓа 9 km јужно од Амстердам. Мал дел од местото ѝ припаѓа на општината Амстелвен.
Во 2001, Аудеркерк крај Амстел броел 7256 жители. Изградената површина на градот зафаќала 1.5 km², и во неа имало 3043 домови.[1] Статистичкиот регион „Аудеркерк крај Амстел“, на кој може да припаѓа и периферијата на местото како и околните рурални подрачја брои 7480 жители.[2]
Во градот се наоѓаат гробиштата Бет Хајм, најстарите еврејски гробишта во Холандија[3], каде, меѓу другите се погребани и родителите на философот Барух Спиноза.
Наводи [уреди]
- ↑ Статистика Холандија (CBS), Bevolkingskernen in Nederland 2001. (Статистиките важат за непрекинатиот изграден простор).
- ↑ Статистика Холандија (CBS), Statline: Kerncijfers wijken en buurten 2003-2005. По податок од 1 јануари, 2005.
- ↑ L. alvarez Vega, the Beth Haim of Ouderkerk aan de Amstel, 1994
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Аудеркерк кај Амстел“ |
