Атанас Шабанов-Тешовалијата

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Атанас Тешовски)
Скокни на: содржини, барај
Атанас Шабанов-Тешовалијата
Atanas Teshovski 1.jpg
македонски револуционер
Роден 1860
Тешово, Македонија, Отоманската Империја
Починал 12 мај 1905
кај селото Зрново , Грција, Отоманската Империја

Атанас Шабанов-Тешовалијата бил македонски ајдутин и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Содржина

[уреди] Биографија

Тој е роден 1865 година во селото Тешово (Неврокопско). Од 1897 е арамија по Пирин планина. Учествувал во четите на војводите Давко, Дончо Златков и Кочо Муструкот.

1899 во село Горно Броди се среќава со Гоце Делчев, ги прима неговите идеи и се присоединува кон неговата чета. Во 1901 година е војвода во Неврокопска околија. Извршува поширока организациска дејност, основавајки комитети на организацијата во сите села низ околијата.

Во април 1902г. ја присоединува својата чета кон четата на Јане Сандански во с.Банско за заедничка борба против врховистите. Атанас Тешовалијата станува еден од најверните соработници на Јане.

Учествува со четата во Илинденското востание, кога ги прекинува телеграфските линии во неговата околија и се судрува со турски аскер кај село Зрново.

На 12 мај 1905 четата случајно наидува на аскер и одвај 40 годишниот Атанас Шабанов - Тешовалијата е убиен [1][2]

[уреди] Извори

  1. Енциклопедия България, том 1, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 148.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 12.

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Галерија

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици