Атанасиј I (охридски архиепископ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атанасиј
Архиепископ од околу 1557
Архиепископ до околу 1566
Претходник Гаврил
Наследник Валаам
Роден 16 век
Починал 17 век
Други архиепископи со име Атанасиј

Атанасиј I бил православен свештеник и охридски архиепископ во период од 1596-1598 година, повторно околу 1606-1614 година и за трети пат околу 1614-1615 година.[1][2]

Во 1596 година испратил писмо до венецијанскиот провизор и до капетанот на островот Крф, Ангел Базадона, со цел да ја придобие Венеција за востание во Албанија. По 1596 година го прекинал архиепископувањето и тргнал за Неапол и Рим, со што започнало неговото патешествие по Европа. Стасал дури до Прага, насекаде барајќи помош против Турците. Не добил никаква поддршка, па во почетокот на 1606 година се вратил во Охрид. Таа година побарал во Русија милостина како охридски архиепископ. Не се знае кога бил сменет, но по трет пат управувал со Охридската архиепископија во 1615 година, кога испратил писмо до неаполскиот вицекрал за своите политички планови против Турција. Неговото трето управување не траело подолго од една година, по што веќе не се појавуваат други податоци за него.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  2. 2,0 2,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 50. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)