Астролошки аспект

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Астролошки аспекти)
Астролошките аспекти се забележани во централниот круг на оваа натална карта, каде што различните бои и симболи прават разлика помеѓу различните аспекти, како што се „квадрат“ (црвено) или „триин“ (зелена)

Астролошки аспекти се врските меѓу секоја од различните планети на небото, во моментот на раѓање. Ова се користи при анализирање на хороскопот. Да се аспектира, буквално значи „да се погледне во“, па оттаму, аспект меѓу две планети го покажува аголот од кој тие „се гледаат“ меѓу себе, а овие агли се мерат долж кругот на еклиптиката, односно рамнината врз која планетите кружат околу Сонцето. Бидејќи кругот содржи 360°, најголемиот аспект меѓу две тела е 180°, а аспектите понатаму се произведени од поделбата на кругот со цели броеви. Секој број си има своја посебна моќ и значење.

Поделба на аспектите[уреди | уреди извор]

Некои од аспектите се наречени „хармонични“, а други пак „нехармонични“, а познати се и како „тешки“ аспекти, кои бараат напор, и „лесни“ аспекти, кои имаат лесен проток на енергиите. Понатаму, постои и поделба на „големи“ и „мали“ аспекти. Доколку аспектот е на ист степен, се нарекува чист или егзактен аспект. Кога побрзата планета се приближува кон поспора за да направи чист аспект, оваа состојба се нарекува „апликација“, а кога се оддалечува, односно се разделуваат двете планети, се случува „сепарација“.

Значење на аспектите[уреди | уреди извор]

Следува значењето на аспектите во зависност од бројот кој ги создава.

Еден, Врзување, 0°[уреди | уреди извор]

Се поврзува со единство и укажува дека енергиите за кои станува збор се граничат меѓу себе. Ова е наједноставниот и потенцијално најкреативен аспект од сите. Овозможува единство на две или повеќе вовлечени принципи, укажува дека тие секогаш ќе имаат тенденција да работат заедно, да се активираат еден со друг.

Два, Опозиција, 180°[уреди | уреди извор]

Овде имаме поларитет. Принципите вовлечени во овој аспект ќе бидат спротивни еден со друг, но со напор на волјата можат да бидат турнати во соработка. Секогаш е во прашање некаков пар на спротивности: субјективно-објективно, над-под, внатре-надвор, јин-јанг, машко-женско, јас-ти. Заедно може да создаваме, но може и да се степаме. Во било кој случај, се работи за енергии кои бараат баланс за да не дојде до диво нишање меѓу двете екстреми.

Три, Тригон, 120°[уреди | уреди извор]

Бројот три е во сооднос со животот, виталноста и уживањето, или татко-мајка-дете. Енергиите поврзани преку тригон ќе протечат заедно во спокојство. Може да нè повлечат кон идеалот, но може и да ни донесат самопопустливост, одење по линија на помал отпор. Тројката, односно тригонот се смета за првиот „позитивен“ аспект.

Четири, Квадрат, 90°[уреди | уреди извор]

Четворката е поврзана со манифестација на материјата. Кога енергиите се поврзани меѓусебно со аспект квадрат, ќе има предизвик и стремеж да се исполни она што го претставуваат тие. Постојат четири елементи (оган, земја, вода, воздух), четири главни страни на светот (север, исток, југ и запад), четири годишни времиња, но и четири кардинални доблести кои секој човек би требало да ги развие во својот живот: храброст, умереност, внимателност и правда. Затоа се вели дека аспектот квадрат е во врска со реализирање на нашите потенцијали, со принципите преку кои растеме и се остваруваме во овој свет. Но, исто така ги претставуваат и препреките кои треба да се надминат за да го оствариме својот потенцијал. Ова се нашите најголеми слабости кои треба да ги претвориме во најголеми сили.

Пет, Квинтил 72° и Биквинтил 144°[уреди | уреди извор]

Енергијата на планетите кои ќе се најдат во ваков аспект, ќе биде употребена природно, со разбирање и сигурност. Петката е во корелација со креативниот ум во најширока смисла, а аспектот квинтил ги покажува областите во кои ние знаеме што правиме, активностите во кои сакаме да бидеме вовлечени, како и талентите кои ни се вродени.

Шест, Секстил, 60°[уреди | уреди извор]

Шестката е во релација со пулсот на животот. Може да се симболизира со пчела која создава. Планетите поврзани со секстил работат заедно во хармонија, ефикасно и продуктивно. Покажува активност во која човекот е вовлечен и за која има способности.

Седум, Септил, 51°26’[уреди | уреди извор]

Осум, Полуквадрат 45° и Сескиквадрат 135°[уреди | уреди извор]

Енергиите на планетите вовлечени во овие аспекти може да бидат извонредно продуктивни и да дадат цврсти резултати. Овој аспект носи силна активност, а делумно е и во однос со „она што паѓа од небото“, односно „случајностите“ во животот. Секако овие аспекти ни ги носат последиците од нашите зборови, мисли и дела.

Девет, Десет, Единаесет[уреди | уреди извор]

  • Со поделба на кругот (360°) со девет ги добиваме аспектите: Новил - 40°, Биновил - 80° и Квадновил - 160°.
  • Со поделба на кругот (360°) со десет ги добиваме аспектите: Десил (познат и како Семиквинтил) - 36°, Тридесил (или Сескиквинтил) - 108° и Вигинтил (Семидесил) - 18°.
  • Со поделба на кругот (360°) со единаесет го добиваме аспектот: Ундесил - 98°11’.

Дванаесет, Плусекстил, 30° и Квинкункс или Неврзување, 150°[уреди | уреди извор]

Бројот дванаесет е во однос со овоземниот ред на нештата и животот. Кога планетите се поврзани со овие аспекти, постои потенцијал да се реализира еден вид идеал низ комбинацијата на восхит и напор, да се направи промислен и свесен прогрес кон личниот раст и развој.

Обрасци на аспектите[уреди | уреди извор]

Аспектите ретко делуваат во изолација. Тие формираат групи од аспекти. Највоочливи се следниве обрасци од неколку взаемни аспекти:

Голем тригон[уреди | уреди извор]

Поврзува три планети кои се меѓу себе во тригон. Ваквото нагласување на бројот три носи висок степен на мотивација, внатрешно задоволство, радост и восхит во она што се има. Но може да произведе и инерција и мрзливост ако во хороскопот не постои квадрат или опозиција.

Голем крст[уреди | уреди извор]

Ова е фигура направена од две опозиции кои се под прав агол, односно четири планети кои меѓу себе се во квадрат една кон друга. Како што може да се замисли, овој образец ја предизвикува волјата и потребата да се совладаат препреките со напор. Затоа создава карактери на луѓе кои учеле по потешкиот пат.

Т-квадрат[уреди | уреди извор]

Ова е помалку екстремна форма од Големиот крст. ОВде имаме две планети во опозиција, кои истовремено се во квадрат со трета планета. Повторно се нагласува волјата, но го покажува фокусот на предизвиците и видот на напор што се бара за да се најде решението.

Змеј[уреди | уреди извор]

Формацијата Змеј е голем тригон со една опозиција. Ги комбинира заедно силната мотивација со конфликтните квалитети на опозицијата. Ова е моќен образец за личен раст и развој.

Јод[уреди | уреди извор]

Јодот го создаваат две неврзувања поврзани со секстил. Овој образец е познат и како „прстот на судбината“, можеби и затоа што често се среќава во хороскопите на самоубици.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]