Асторија (Орегон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Асторија
—  град  —
Поглед кон Асторија
Службен амблем на Асторија
Грб
Местоположба во Орегон
Координати: 46°11′20″ СГШ 123°49′16″ ЗГД / 
Земја САД
Сојузна држава Орегон
Округ Клатсоп
Основан 1811
Инкорпориран 1876
Управа
 • Градоначалник Вилис ван Дусен
Површина
 • Вкупна 27.5 км2
 • Земјиште 15.9 км2
 • Вода 11.6 км2
Надм. вис. 7.01 м
Население (2010[1])
 • Вкупно 9.477 жит.
Час. појас PST (UTC-8)
 • Лете (DST) PDT (UTC-7)
Поштенски код 97103
Повик. бр. 503 и 971
Портал www.astoria.or.us

Асторија (англиски: Astoria) е град во сојузната американска држава Орегон. Асторија е центар на округот Клатсоп. Градот се наоѓа на устието на реката Колумбија и името на градот потекнува од американскиот инвеститор и прв милионер Џон Џејкоб Астор. Неговата компанија за крзно го основала Форт Асторија во 1811 година. Местото било инкорпорирано на 20 октомври 1876 година од Орегон.[2] Асторија е познат по тоа што е прв град на западниот брег на САД основан од Американци.

Демографија[уреди]

Според пописот од 2000 година, градот имал население од 9,813 жители.

  • 91.08% белци
  • 0.52% црнци
  • 1.14% староседелци
  • 1.94% азијци
  • 0.19% луѓе од Тихиот Океан
  • 2.67% останати раси
  • 2.46% мешани

Збратимени градови[уреди]

Асторија е збратимена со еден град[3]:

  • Германија Валдорф, Германија, родното место на Џон Џејкоб Астор.

Наводи[уреди]

  1. „2010 Census profiles: Oregon cities alphabetically A-C“ (PDF). Portland State University Population Research Center. http://www.pdx.edu/sites/www.pdx.edu.prc/files/media_assets/2010_PL94_cities_A-C_updated.pdf. конс. 12 јуни 2011. 
  2. Leeds, W. H. (1899). „Special Laws“. „The State of Oregon General and Special Laws and Joint Resolutions and Memorials Enacted and Adopted by the Twentieth Regular Session of the Legislative Assembly“ (Salem, Oregon: State Printer): 747. http://books.google.com/?id=gsCwAAAAIAAJ&dq=%22ocean%20grove%22%20seaside%20oregon&pg=PA747. 
  3. Sister Cities International

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]