Аспергеров синдром

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Asperger syndrome
Класификација и надворешни извори
Седнато дете на 3/4 оддалеченост од камерата, гледа во модел од топчиња и стапчиња на молекуларна структура. Моделот е направен од обоени магнети.
Луѓето со Аспергеров синдром честопати покажуваат интензивно интерестирање за одредени работи, како фасцинираноста на ова момче од молекуларната структура.
МКБ-10 F84.5
МКБ-9 299.80
OMIM 608638
DiseasesDB 31268
MedlinePlus 001549
eMedicine ped/147
MeSH F03.550.325.100

Аспергеров синдром (анг. AS или AD) е еден од неколкуте пореметувања аутистички спектар (анг. ASD) кој се карактеризира со потешкотии во друштвената интеракција и ограничени, стереотипни интереси и активности. Исто така се нарекува и Аспергерово пореметување или само Аспергер, иако, меѓу клиничките истражувачи нема многу голема согласност за тоа дали треба да се вика синдром или пореметување.[1]

Аспергеровиот синдром се разликува од останатите пореметувања од спектарот на аутизмот по тоа што кај него, воопшто, нема застои во јазичниот и когнитивниот развој. Сепапак, во стандардните дијагностички критериуми не е спомната моторичката неспретност и атипичната употреба на јазикот, што се јавува често.

Синдромот го добил името по австрискиот педијатар, Ханс Аспергер, кој во 1944 година ги опишал децата кои очигледно имаат нормална интелигенција, но им недостасува вештина за невербална комуникација, физички се неспретни и не покажуваат емпатија. Педесет години подоцна пореметувањето влегло во меѓународна класификација на болести (анг. ICD) и во дијагностички и статистички прирачник за ментални пореметувања (анг. DSM), но сепак остнале нерешени прашања за неговите аспекти. На пример постои сомневање околу тоа дали АС се разликува од високо функционалниот аутизам (анг. HFA); делумно и поради тие сомневања, неговата зачестеност не е цврсто установена.[2][3]


Наводи[уреди]