Асиметрично мултипроцесирање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Асиметрично Мултипроцесирање[уреди]

Асиметрично мултипроцесирање, или AMP, била софтверска stopgap(затка) за управување со повеќе процесори пред симетричното мултипроцесирање, односно пред СМП да стане достапно. Мултипроцесирање значи, повеќе од еден процесор во еден компјутерски систем. CPU (Централно Процесирачка Единица) е аритметичка и локичка машина која извршува кориснички апликации; влезно/излезен интерфејс како што е GPU, дури и ако е применет користејќи вграден процесор, не формира Централно Процесирачка Единица(CPU) затоа што не покренува кориснички апликативни програми. Со повеќе CPU, можат да се покренуваат (да работат) повеќе од една корисничка апликација, во исто време. Сите од процесорите го имаат истиот кориснички инструкциски режим, така извршувањето на една работа може да биде прераспределена од еден процесор на друг.


Позадина и Историја![уреди]

За компјутерите со големина на соба од периодот на ’60 и ’70 години, исплатлив начин за зголемување на компјутерската моќ било додавањето на втор процесор (CPU). Уште од времето на тие компјутери, кои биле најблиску до најбрзиот кој бил на располагање (близу врвот на соодносот цена:перформанси), два процесори со стандардна брзина биле далеку поефтини отколку процесор кој работи два пати побрзо. Исто така, додавање на втор процесор било помалко скапо отколку целосен втор компјутер, на кој ќе му бидат потребни сопствени периферни уреди, што значи потреба за поголем простор и зголемен број на извршен персонал. Значајни понуди од компјутерските производители биле Burroughs B5000, DECsystem-1055 и IBM System/360. Имало исто двојни процесори (dual CPU) машини изградени во факултетите. Проблемот со додавање на втор процесор во компјутерски систем било тоа што оперативниот систем бил развиен за единечен процесорски систем, а со проширувањето за да подржи повеќе процесори ефикасно и сигурно, требало долго време. За да се потполни јазот, оперативните системи наменети за единецни процесори биле првично проширени да обезбедат минимална подршка за втор процесор. Со оваа минимална подршка, оперативниот систем, се стартува на процесорот за бутирање, со други единствено дозволено да извршува кориснички програми. Со текот на времето оперативните системи се подобриле во искористувањето на дополнителните процесори, се додека не достигнале Симетрично Мултипроцесирање, во кој оперативниот систем и апликациите под негова контрола, се извршуваат на сите процесори истовремено.

Borroughs B5000[уреди]

Опција на Borroughs B5000 бил “Процесор Б”. Овој втор процесор за разлика од “Процесор А” нема конекции со периферните уреди, значи двата процесори делат главна меморија. Оперативниот систен работи само на Процесорот А. Кога имало корисничка задача што треба да се изврши, може да биде извршена на Процесорот Б, но кога таа задача ќе се обиде да пристапи до оперативниот систем, процесорот запира и сигнализира на Процесорот А. Тогаш бараната задача од оперативниот систем е извршена на Процесорот А.

IBM Систем/360 модели 65MB и 67-2[уреди]

IBM понуди компјутерски систем со двоен процесор, базиран на неговиот System/360 модел 65 и сличниот на него, моделот 67. Оперативниот систем кој работи на овие машини бил OS/360 M65MP и TSS/360. Исто така имало и софтвер развиен во универзитетите кој ги користел и двата процесори, особено MTS. Двата процесори имаат пристап до каналите за податоци, и така можат да иницираат ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ. M65MP бил поблизок до SMP отколку MCP за B5000 или TOPS-10 за DECsystem-1055, откако јадрото на оперативнот систем работи на двата процесори и периферните уреди можат да бидат приклучени на двата процесори. MTS контролер (UMMPS) работи на еден или на двата процесори од IBM System/360 модел 67-2. Контролите клуцеви биле мали и биле користени да ги заштитат структурите од лични податоци до кои може да се пристапи од двата процесори. Како со M65MP, индивидуалните задачи (работи, процеси) ќе бидат извршени само на еден процесор во одреден момент.

CDC 6500 и 6700[уреди]

CDC понуди две конфигурации од својата серија CDC 6000. која вклучува два процесори. CDC 6500 беше CDC 6400 со два процесори. CDC 6700 беше CDC 6600 со CDC 6400 процесор додаден на него. Овие системи биле организирани прилично различно од другите мултипроцесори во овој параграф. Оперативниот систем работи на периферни процесори, додека корисничките апликации се извршуваат на Централната Процесна Единица. Така да термините ASMP и SMP не соопдветно се применуваат кај овие мултипроцесори.

DECсистем-1055[уреди]

Digital Equipment Corporation понуди верзија на својот DECsystem-1050(која користи KA10 процесори) со двоен процесор. Оваа понуда беше проширена со подоцнежните процесори од PDP-10 линијата. DEC исто така имаа и мултипроцесор PDP-11 и неколку мултипроцесорни системи VAX.

IBM Систем/370 модел 168[уреди]

Две опции биле на располагање за IBM Систем/370 модел 168 за прикачување на втор процесор. Еден бил IBM 3062 прикачена процесорка единица, во кој вториот процесор нема пристап до каналите, и затоа бил сличен со B5000 Процесорот Б или вториот процесор ма VAX-11/782. Другата опција понудила втора ЦПЕ(Централна Процесирачка Единица) и затоа беше повеќе како Систем/360 модел 65MP.

Референци[уреди]

  • Bell, C. Gordon, Mudge, J. Craig, McNamara John E. "The PDP-10 Family". (1979).Дел V од Компјутерско инжињерство: Преглед на дизајнот на хардверскиот систем на DEC. Digital Equipment Corp.
  • Rajkumar Buyya (издавач): High Performance Cluster Computing: Architectures and Systems, Volume 1, ISBN 0-13-013784-7, Prentice Hall, Њу Јорк, УСА 1999.
  • Rajkumar Buyya (издавач): High Performance Cluster Computing: Programming and Applications, Volume 2, ISBN 0-13-013785-5, Prentice Hall, NJ, USA, 1999.
  • IBM, IBM System/360 and System/370 Asymmetric Multiprocessing System: Прирачник за општи информации, Програмски број 360A-CX-15X, GH20-1173

Надворешни Линкови[уреди]