Архимедова сила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Опит кој ја прикажува Архимедовата сила (потисокот) со која водата дејствува на шипката вертикално нагоре. Изведено на Институтот за физика при ПМФ, Скопје.
Архимедов закон во воздух (под вакуум).

Архимедова сила или потисок е силата со која течноста дејствува на потопеното тело во него, настојувајќи да го истисне телото од него.[1]

Објаснување[уреди | уреди извор]

При потопувањето на тврдо тело во течност на неговата површина дејствува силата на притисокот. Бидејќи хидростатскиот притисок се зголемува со зголемувањето на длабочината, силата на притисокот што дејствува на долната површина од телото, а која е насочена нагоре, е поголема од силата што дејствува на неговата горна површина а која е насочена надолу.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The works of Archimedes“. стр. 257. Посетено на 11 March 2010. Any solid lighter than a fluid will, if placed in the fluid, be so far immersed that the weight of the solid will be equal to the weight of the fluid displaced.