Археозоологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Археозоологија е научна дисциплина која ги проучува остатоците од животни на археолошките локалитети.

Археозоологијата или зооархеологија е студија на остатоци од животни од археолошки локалитети - коска, заби, рогови, слонова коска, влакна, лушпи, и школки. Археозоолозите се интересираат за односите меѓу луѓето и животните во минатото, проучувајќи разни видови на животни кои ги вклучуваат цицачите, птиците, рибите, рептилите и влекачите, како и школки и други без‘рбетници. Коските не се секогаш присутни на археолошките локалитети, што зависи од условите како се зачувувале, и најчесто само по некоја коска или делови од коски можат доволно добро да бидат зачувани за археозоологот да може да ги проучува.

Овој тип на анализа овозможува од една страна да го увидиме меѓусебниот односот на човекот и животните, а од друга страна да се запознаеме со економиите на древните заедници. Преку добиените податоци може да се утврди составот и видовите на животни кои ги ловел човекот, почетокот на припитомувањето, начинот на експлоатација на животните врз база на остатоците од нивните скелети пронајдени на археолошките локалитети и др.

Археозоолозите одговараат на прашања за тоа дали животните биле истерани, ловени или одгледувани, за тоа како биле колени, колку месото придонело за исхраната, кога животните умирале, и секакопроцесот на нивното припитомување. Студиите за фауна на археолошките локалитети конкретно, можат да покажат за тоа кои животни биле ловени и јадени и во колкав однос. Тоа дава даваат информација за сезоната на користење на локалитетот или за времето на ловење на животните.

Археозоологија и сродни науки[уреди]

Како што покажува самото име на оваа наука, археозоологија во своите проучувања се поклопува со други области и науки. Тие вклучуваат:

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]