Аруми
| Аруми Период: креда - денес |
|
|---|---|
| Цвет на Xanthosoma roseum | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Нерангирано: | Скриеносемени |
| Нерангирано: | Монокотиледони |
| Ред: | Alismatales |
| Фамилија: | Аруми Juss. |
| Родови | |
|
Види во текстот. |
|
Арумите (науч. Araceae) е фамилија на монокотилни цветни растенија чии цветови се поредени во еден вид на соцветие наречено спадикс. Спадиксот е составен од бројни ситни цветови поредени на една месеста оска. Тој најчесто е придружен, а понекогаш и затворен со спата, која претставува листовиден прицветен лист. Фамилијата брои 107 родови во кои се распоредени повеќе од 3700 видови. Арумовата фамилија е најраспространета во тропските региони од Новиот свет, но помал број претставници се среќаваат и во тропските региони од Стариот свет, како и во северните умерени региони. Според неодамнешните генетски проучувања од страна на APG се покажа дека видовите од фамилијата Водни леќи (Lemnaceae) исто така припаѓаат во арумовата фамилија.
Anthurium и Zantedeschia се два добро познати видови од оваа фамилија, како што се и Colocasia esculenta и Xanthosoma roseum (слоново уво). Меѓу најголемите соцветија во светот е она на арумовото растение Amorphophallus titanum (џиновски арум). Во оваа фамилија припаѓаат голем број на украсни растенија: Dieffenbachia, Aglaonema, Caladium, Nephthys и Epipremnum, Allocasia и други. Во родот Cryptocoryne се вклучени многу познати аквариумски растенија. Плодовите на тарото и Monstera deliciosa се користат како храна. Philodendron е важно растение во екосистемите на дождовните шуми и често се користи како украсно растение. Во оваа фамилија спаѓа и најмалото цветно растение - волфијата.
Опис [уреди]
Видовите од арумовата фамилија најчесто се ризоматични или грутчести и често содржат кристали од калциум оксалат или рафиди. Листовите можат да варираат од вид до вид. Соцветието се состои од спадикс, кој речиси секогаш е опколен со изменет лист наречен спата. Кај еднодомните аруми (кои имаат одделни машки и женски цветови, но тие се наоѓаат на едно растение или единка) спадиксот обично е граден така што женските цветови се наоѓаат во долниот дел од растението, додека машките кон врвот. Кај хермафродитните цветови, устенцето (стигмата) овенува кога ќе созрее поленот, спречувајќи притоа самооплодуавње. Постојат и некои дводомни видови.
Многу растенија во оваа фамилија се термогени (произведуваат топлина). Нивните цветови достигнуваат и до 45 степени Целзиусови дури и кога температурата на околната средина е многу пониска. Една од можните причини за оваа појава е привлекување на инсекти за опрашување. Друга причина е превенирање на ткивна деструкција во ладните региони. Некои примери на термогени аруми се: Symplocarpus foetidus, Amorphophallus titanum (џиновски арум), Amorphophallus paeoniifolius (слонова нога), Helicodiceros muscivorus и Sauromatum venosum (вуду лилјан). Цветовите од видовите како џиновски арум и Helicodiceros muscivorus даваат многу непријатен мирис кој потсетува на пцовисано животно. Ова е важно, бидејќи на овој начин се привлекуваат мувите за да го опрашат растението. Топлината која ја произведува растението помага за интензивирање на овој мирис.
Систематика и филогенија [уреди]
Фамилијата се дели на седум потфамилии, од кои најбогата со родови и видови е Aroideae. Најпримитивни потфамилии се Gymnostachydoideae и Orontioideae. Морфолошки најоддалечена фамилија е Lemnoideae.
|
|