Арпеџо
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Арпеџато (италијански: arpeggiato), или скратено arp., е начин на одделено свирење на акорди како што се прави на харфа (името потекнува од италијанското име за харфа - Arpa). Се обележувас со вертикална брановидна линија пред акордот и означува дека акордот се разделува од најнискиот до највисокиот тон (горна слика).
Доколку на брановидната линија се наоѓа стрелка насочена надолу, арпеџатото се свири обратно, од највисокиот топ кон најнискиот (долна слика). Со обзир дека при сврирењето на харфа акордите се арпеџирани, посебно се напоменува кога сите тонови на акордот треба да се свират истовремено со ознаката non arp.(eggiato).
