Армин Бачиновиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Армин Бачиновиќ
Armin Bačinović
Лични податоци
Роден на 24 октомври 1989 (1989-10-24) (25 г.)
Роден во Марибор, СФРЈ
Висина &100000000000001830000001,83 м
Положба среден ред со дефанзивни задачи
Клупски податоци
Сегашен клуб Палермо Палермо
Број 21
Младинска кариера
Марибор
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2010 Марибор 79 (6)
2010- Палермо 54 (2)
2012- Верона (позајмен) 17 (1)
Репрезентација
2009- Словенија 12 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 ноември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2011

Армин Бачиновиќ (роден на 24 октомври 1989 година во Марибор) е словенечки фудбалски репрезентативец кој во моментов игра за Верона, како позајмен од екипата на Палермо. Бачиновиќ истотака е и репрезентативец на селекцијата на Словенија.

Клуб[уреди]

Марибор[уреди]

Тој ја започнал својата кариера во младинските редови на Железничар, екипа од Марибор, за во 2002 година тој да му се приклучи на Марибор, многу позначаен и поуспешен тим од неговиот град. Тој го направи своето деби во професионалниот фудбал, на 7 јули 2007 во натпревар од Интертото Купот против Хајдук Кула во победата со 2-0, а тој се појавил како замена на местото на Михлиќ во 78 минута. Две недели подоцна, тој дебитирал и во Прва лига, на 22 јули, на првиот ден од новото првенство во натпреварот Драва-Марибор (1-3), влегуваќо во игра во 90-тата минута, наместото на Дејан Мезга. На 25 ноември во рамките на 19 коло од шампионатот на Словенија, тој исто така го постигна својот прв гол во кариерата во вториот натпревар против Драва Птуј во сезоната откривајќи го резултатот уште во 9-тата минута во натпреварот што накрајот заврши со победа на Марибор од 1-2. Единствениот друг погодок во сезоната 2007-08 тој го постигна во 29-тото коло играно на 19 април 2008, во поразот со 2-1 на неговиот тим од Горица, откако претходно се појави во игра од клупата за резерви на почетокот на второто полувреме на местото на Нилтон.

Во сезоната 2008-2009 тој запишал 26 настапи во првенство и три настапи во Купот на Словенија, а единствениот гол во сезоната дошол на 20 септември 2008 во 9-тото коло во победата од 2-1 победа против Интерблок Љубљана.

Следната сезона 2009-2010, тој играше 26 пати во лигашките натпревари (со 3 постигнати погодоци), четири настапи во Купот на Словенија и натпревари во Лигата на Европа каде беа поразени со 2-0 од Спарта Прага со што го заработи своето деби во меѓународни натпревари.

Во првиот дел од сезоната 2010-2011 тој играше на 3 натпревари во Словенечкото првенство и 6 меча во Лига Европа, во која конкуренција ја врши одлично својата работа во халфовата линија, а исто така прави и асистенција во натпреварот против ' Хибернијан. Благодарение на овој натпревар стана меѓународно познат, особено откако во првиот натпревар во плеј-офот за Лига Европа, тој играше одлично и покрај убедливиот пораз од Италијанскиот Палермо (со 3-0), неговиот иден тим.

Тој одигра повеќе од 100-тина натпревари во дрсот на клубот од неговиот роден град, и се смета за еден од најдобрите играчи за врска во лигата на Словенија во тој период.

Со Марибор тој успеа да освои три трофеи, словенечкото првенство, купот и Супер Куп титулата во 2008 и во 2009 година, а по неговата продажба во тековната сезона, тимот го освои шампионатот и во сезоната 2010-2011.

Палермо[уреди]

На 27 август 2010 од фудбалскиот клуб Марибор објавиле дека продадале двајца играчи на Палермо, тимот од кој ден пред тоа беа елиминирани од Лига Европа. Покрај Бачиновиќ во пакет со него во италијанскиот клуб заминал и соиграчот Јосип Иличиќ и двајцата со постојан договор. Деталите околу ангажманот на двајцата словенечки фудбалери беа комплетирани следниот ден и трансферите се формализираа на 31 август, на последниот ден од летниот трансферен прозорец 2010 година. Со новиот тим Бачиновиќ потпишал пет-годишен договор со заработка од триста илјади евра по сезона, а неговиот трансфер беше платен 0.8 милиони €.

Кога Бачиновиќ се присоедини во Палермо италијанскиот шампионат веќе беше почнат и тој не можеше да игра во првиот натпревар, но затоа тој го направи своето деби веќе во второто коло играно на 12 септември 2010 кога Сицилијанците беа поразени на гостувањето кај Бреша со 3-2. Бачиновиќ се појави во игра во 58-мата минута заменувајќи го Фабио Ливерани на средината од теренот, при резултат 3-1 за Бреша. И така полека, двајцата словенечки веќе репрезентативци стануваат важни фигури во тимот. Следното коло Бачиновиќ за прв пат беше стартер, но беше заменет во 70-тата минута од Ливерани, во поразот од Интер со 1-2. На 17 октомври 2010 (во 7-то коло) Бачиновиќ го постигнува својот прв гол во Серија А во победата на Палермо против Болоња со 4-1. Тој беше стрелец на последниот погодок во мечот, откако со моќен шут од далечина го совлада голманот на Болоња Вивијано.

Кон крајот на првенството, тој е дисквалификуван за последниот натпревар од сезоната како и за финалето на италијанскиот куп, па така тој ја затвора првата сезона во Палермо со вкупно 35 настапи (33 во лигата и два во италијанскиот куп, каде загубија во финалето од Интер со 3-1 ) и два постигнати гола (споменатиот против Болоња, и на гостувањето кај Милан во месец ноември). На 20 јуни Бачиновиќ го обновува договорот за една година, до 2016.

На 23 јануари 2012, како резултат на повредата која ја претрпел во натпреварот против Кјево, тој мора да оди на операција на левото колено. Бачиновиќ се враќа во акција на 7 април во натпреварот во кој неговиот тим е поразен дома со 2-0 од Јувентус, а тој влегува во игра во 73-тата минута заменувајќи го Џулио Миљачо. Потоа одигра само уште 2 натпревари, и ја завршува сезоната со 14 настапи (13 во лигата и еден во италијанскиот куп).

Верона[уреди]

На 9 јули 2012 Бачиновиќ заминува на едногодишна позајмица во Серија Б тимот, Хелас Верона. Своето деби го прави во натпревар од италијанскиот куп, во кој Верона како гостин го исфрли од купот Серија А тимот, Џенова, со 4-1 по изведувањето на пеналите откако натпреварот заврши нерешено 1-1 по 90 и 120 минути игра. Своето деби во Серија Б го имал на 24 август 2012, на гостувањето кај Модена, веќе во 15-тата минута го отворил резултатот носејќи му водство на својот тим, натпреварот завршил без победник 1-1.

Враќање во Палермо[уреди]

По завршувањето на сезоната со Верона, Бачиновиќ се вратил во Палермо кој испаднал од Серија А.

Репрезентативна кариера[уреди]

Тој има 11 настапи и 4 гола во словенечката репрезентација до 21-на година.

Тој го направи своето деби за сениорската репрезентција на Словенија на 12 август 2009 во натпревар од квалификациите за СП 2010 во победата со 5-0 против Сан Марино, влегувајќи во игра во 74-тата минута, наместото на Александар Радосављевиќ.

Титули[уреди]

Словенија Марибор[уреди]

Надворешни врски[уреди]