Ариба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За телохранителот на Александар Македонски, види Ариба (соматофилакс)

Ариба (грчки: Ἀρύββας)[1] (373 п.н.е. - 343 п.н.е., 330 п.н.е. - 319 п.н.е.) бил крал на Молосијците, син на Алкета, брат на Неоптолем I, дедо на Пир Епирски.

Ариба своето образование го стекнал во Атена. Кога се вратил во Молосија го напишал уставот за Молосијците и низа закони.[2]

Ариба се оженил со Троа (сестра на Олимпија). Некаде околу 360 п.н.е., за време на Илирскиот напад, Ариба го евакуирал цивилното население во Етолија дозволувајќи им на Илирите слободно да навлезат и пљачкаат. Стратегијата функционирала, Молосијците ги нападнале Илирите кои натоварени со пленот тешко се движеле, што било можност за војската на Аримба да ги порази.[3]

Аримба едно време бил во сојуз со Филип II Македонски. Сојузот бил зацврснат со женидбата на Филип со Олимпија, ќерката на Неоптолем, односно внука на Аримба. Во бракот на Филип и Олимпија се родил Александар Македонски.

Ариба владеел со Епир се до 342/1 п.н.е., кога бил симнат од престолот од страна на Филип II, а на престолот бил поставен Александар I.

Син на Ариба бил Алкета II, кој владеел како крал на Епир од 313 п.н.е. до 303 п.н.е. Тој можеби бил Ариптеј, крал на Молосијците спомнат од Диодор 18.11.1, кој се здружил со хелените во таканаречената Ламиска Војна.

Ариба исто така бил победник на Олимписките и Питиските игри во тетрипон (chariot race).

Наводи[уреди]

  1. Двојна форма: Аримбас, Ариба
  2. Ибид, стр. 89.
  3. Диодор Сицилиски, Библиотека. Книга 14.92, 15.2, 16.2. - FrStrat2.5.19

Литература[уреди]

  • IG II² 226 Attica ca. 343/2 BC. Heskel, Julia, 'The Political Background of the Arybbas Decree', GRBS 29 (1988) (англиски)
Претходник
Алкета I
Крал на Епир
370–343 п.н.е.
(заедно со Неоптолем I се до 360 п.н.е.)
Наследник
Александар I