Аргумент од незнаење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Аргумент од незнаење, познат и како argumentum ad ignorantiam (односно некој да се повика на незнаењето) е заблуда во неформалната логика. Според овој аргумент, претпоставката е вистинита бидејќи сè уште не е докажано дека е лажна, таа е „општо прифатена“ (или обратно). Ова претставува еден вид на лажна дихотомија по тоа што исклучува трета опција, која би гласела дека оваа претпоставка е недоволно истражена, поради што нема доволно информации за неа за да правилно се докаже дека таа е вистинита или лажна. Тука не се дозволува ни признанието според кое изборите можеби не се два (вистина или лага), туку четири:

  1. вистина;
  2. лага;
  3. нешто непознато меѓу вистина и лага;
  4. непознато (меѓу првите три).[1]

Во расправите и дебатите повикувањето на незнаење понекогаш се користи за да се измести товарот на докажување.

Друг вид на аргумент, оној од лично неверување или аргумент од лично убедување, се однесува на тврдење кое, поради тоа што некој лично ја наоѓа претпоставката за малку веројатна или за неверојатна, тогаш според неговата логика оваа претпоставка не може да биде точна. Или обратно - дека претпочитаната, но недокажана претпоставка е точна.

И двата аргумента најчесто ја поседуваат следната структура: даден човек го смета недостигот на докази за едно гледиште како доказ во правилноста на друго гледиште. Овие два вида на софизам не треба да се мешаат со методите на аргументирање reductio ad absurdum.

Наводи[уреди]

  1. „Argumentum ad Ignorantiam“. „Philosophy 103: Introduction to Logic“. Lander University. 2004. архивирано од оригиналот на 30 април 2009. http://web.archive.org/web/20090430170946/http://philosophy.lander.edu/logic/ignorance.html. конс. 29 април 2009.