Арапско востание (1916—1918)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Арапско востание
Дел од Прва светска војна
030Arab.jpg
Датум јуни 1916–октомври 1918
Место Отоманска империја
Исход Севрски договор
Територијачни
промени
Поделба на Отоманската Империја
Завојувани страни
Шаблон:Country data Arab Revolt Кралство Хеџаз
Велика Британија Обединето Кралство

Emirate of Nejd and Hasa
 Отоманска империја

Германско царство Германска империја
Flag of the Emirate of Ha'il.svg Емиратство на Џабал Самар
Сила
6,500-7,000 (1916)[1]
23,000 (total)[2]
Жртви и загуби
непознато непознато

Арапското востание претставува востание кое избувнало во 1916 година а завршило во 1918 година. Востанието било организирано од страна на арапското население во Отоманската империја со цел да се создаде една единствена арапска држава од Алепо во Сирија до Адена во Јемен. На чело на востанието застанал Хусеин ибн Али.

Тек на конфликтот[уреди]

По Младотурската револуција новата власт во империјата започнала националистичка политика која се темелела на дискриминација на оние кои не биле Турци. По избувнувањето на Првата светска војна, Османлиите застанале на страната на Централните сили. Во првите години од војната голем број на Арапи биле убиени и измачувани во Сирија.

На 8 јуни 1916 година командантот од Мека, Хусеин ибн Али склучил сојуз со Велика Британија и Франција против Османлиите. На чело на арапските сили застанале неговите два сина. Од друга страна пак британската влада го испратила на Т. Е. Лоренс од Египет да замине кај двајцата браќа за соработка во воените дејствија. Со помош на Лоренс започнало координација меѓу силите на арапите и Велика Британија. Така наместо да ги нападнат османлиските позиции во Мека или Медина, тие ги нападнале нивните комуникациски уреди, во преден план железниците. По ова следувал успехот за зазимање на градот Акаба и Ерусалим во 1917 година.

На 30 септември 1918 година следувало зазимањето на Дамаск, по кое за краток период под власта на сојузниците биле денешните територии на Израел, Јордан, Либан, јужнс Сирија и голем дел од Арапскиот полуостров. Во 1916 година Британија и Франција склучиле таен договор за распределба на сферите за влијание на Блискиот исток.

Наводи[уреди]

  1. Military Intelligence and the Arab Revolt: The first modern intelligence war, Polly a. Mohs, ISBN 1-134-19254-1, Routledge, page 41.
  2. David Murphy, (Illustrated by Peter Dennis), The Arab Revolt 1916-18: Lawrence Sets Arabia Ablaze, Osprey Publishing, 2008, p. 26.