Арагорн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Арагорн II е измислен лик од новелите на Џ.Р.Р. Толкин, еден од главните ликови во Господарот на прстените. Најпрвин се појавува под името Страјдер, како што хобитите и натаму ќе го нарекуваат. На крајот од Господарот на прстените крунисан е како Крал Елесар Телконтар.

Историјат на ликот[уреди]

Според додатокот во Враќањето на кралот, Арагорн е потомок на Арагорн I, роден на 1 март 2931 година на третиот период, син е на Араторн II и неговата сопруга Гилраен. Арагорн е половина елф и близнак брат на првиот крал Нуменор.

Кога Арагорн имал две години, татко му бил убиен во борба со Орките. Тогаш Арагорн е однесен во Ривендел и одгледан од Елронд. На барање на мајка му, неговото потекло е чувано во тајност, бидејќи може да биде убиен како потомок на Изилдур. Па така, Арагорн е прекрстен во Естел (со значење „надеж“ според синдаринскиот јазик, измислен од Толкин за потребите на книгата) и така е скриено неговото постоење од Саурон и неговите слуги. Самиот тој не знаел за своето потекло, сè до 2951 година.


Наводи[уреди]