Апхаска Автономна Советска Социјалистичка Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Абхазкая Автономная Советская Социалистическая Республика
Апхаска Автономна Советска Социјалистичка Република

1931 – 1991


Знаме

Главен град Сухуми
Уредување Неукажано
Историја
 -  Основана 1931
 -  Замрела 1991
Валута советска рубља

Апхаска Автономна Советска Социјалистичка Република (руски: Абхазкая Автономная Советская Социалистическая Республика) — автономна република во Советскиот Сојуз во составот на Грузиска ССР.

Републиката била основана во февруари 1931 година, кога Социјалистичка советска република Абхазија која била создадена на 4 март 1921 година била преобразувана со статус на автономна советска социјалистичка република во составот на Грузиска ССР.

Територијата на земјата опфаќала 8.600 квадратни километри, а бројот на населението било 535.000 луѓе. Односнот меѓу градското и селското население бил 261.000 кон 274.000 луѓе[1]. Републиката била наградена со орден Ленин во 1935 година, со орден Октомвриска револуција во 1971 година и со орден на народите во 1972 година[2]..

Својот устав бил изгласан на 2 август 1937 година. Врховен орган претставувал Врховниот совет кој бил избиран на секои четири години и неговиот Президиум.

Републиката имала 11 претставници во Советот на народите на Врховниот совет на СССР.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. СССР, Административно-териториаляное деление союзных республик, стр. 451: Данните са към 1 януари 1987 г.
  2. СССР Энциклопедический справочник, ред. А. М. Прохоров, стр. 547