Апхазија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
|||
| Официјални јазици | апхаски, руски (според уставот на Грузија, апхаски и грузиски) | ||
| главен град | Сухуми (Сухум) | ||
| Координати | 43°1′0″N 41° 2′0″E | ||
| Претседател¹ | Сергеј Багапш | ||
| Премиер¹ | Александар Анкваб | ||
| ¹ Раководство на самопрогласената република Апхазија | |||
| Председател на Врховен Совет² |
Темур Мжавија | ||
| Претседател на совет на министри² | Ираклиј Аласанија | ||
| ² Раководители на државните признати грузиски органи | |||
| Независност - Прогласена - Призната |
од Грузија 23 јули 1992 од Русија и Никарагва |
||
| Површина - Общо - % водн. пов. |
8600 км² незначителна |
||
| Население - Вкупно 2000 г. - Густина |
250 000 29/kм² |
||
| Валута | рубља | ||
| Временска зона | UTC +3 | ||
Апхазија (апхаски: Аҧсны/Aпсни, грузиски:Aпхазети) е де факто независна република во состав на Грузија. Независноста на Апхазија е призната од Венецуела, Русија, Никарагва и Науру. Во контекст на тоа не се признаваат за легитимни никакви органи на власта и држаните дејствија на областа. Големиот дел од населението има руско државјанство. Главен град на Апхазија е Сухуми.
Содржина |
Географија [уреди]
Апхазија зазема површина од околу 8600 km². Расположена е во северозападната страна на Грузија. Има излез на Црно море. На северозапад се граничи со Краснодарскиот крај, а Кавкаските планини служат како граница помеѓу Апхазија и Карачаево-Черкесија. На исток областа се граничи со Сванетија, а на југоисток — со Самегрело.
Рељефот на Апхазија е претежно ридско-планински (75%). Поголемиот дел од населението живее по или во крајбрежјето и во долините со големи водни текови. Климата е блага и во советско време Апхазија ја нарекуваа „грузинска ривиера“. Кавкаските планини служат за преграда пред студените северни ветрови. Климата по крајбрежјето е суптропска, а средната годишна температура во Апхазија е околу 15 °C. Средните јануарски температури се 4-6 °C, а средните јулски варират меѓу 22 и 23 °C. Силниот мраз ретко се сретнува во зимата по Црноморието.
Реоните со надморска висина над 1000 m имаат планински клима, во која зимите се многу студени, а летата се долги и топли. Со зголемувањето на надморската височина (над 2000 m) зимата е уште постудена, а летото — пократко.
Економија [уреди]
Платежно средство во областа е руската рубља. Во Апхазија се произведува чај, тутун, вино и плодови.
Демографија [уреди]
Населението на Апхазија се состои од околу 525 061 жители. Од нив 44% се Грузијци и само 17% се Апхазијци. 16% се определуваат како Руси, 15% се Ерменци. Останатите се Украинци и други народи.
Култура [уреди]
Апхазија издава свои поштенски марки.
Галерија [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- President of the Republic of Abkhazia. Official site (en, ru, ab, tr)
- Abkhaziya.org
- Abhazia.com
- www.apsny.ru
- www.abkhaziya.info
- apsni.com
- abkhazeti.ru
|
|||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||