Анхелика Вале
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Анхелика Вале | |
| Познат(а) и како | Анхелика |
|---|---|
| Роден(а) | 11 ноември 1975 |
| Жанрови | Поп |
| Занимања | Пејачка и глумица |
| Инструменти | Вокал |
| Период на активност | 1981 - |
Анхелика Вале (родена Анхелика Мариа Вале Хартман на 11 ноември 1975 година во Мексико Сити, Мексико е мексиканска актерка, пејачкаи комедијантка, позната уште и како ќерка на актерката Анхелика Мариа и на комедијантот Раул Вале. Работи како актерка преку 30 години, а најголема слава постигнува со улогата на Летисија Падиља Солис во телевизиската серија "Грдата убавица".
[уреди] Актерска кариера
Како дете, во филмот Големата победа од 1981 година, Вале глумеше ќерка на мексиканската суперѕвезда Риго Товар. Во 1998 година ја доби улогата на Хулиета во "Девојки од соништата", а во 2001 година, ја доби улогата на Венди Најели Перез во "Пријатели и ривали".
[уреди] Mузичка кариера
Како и нејзината мајка, Вале е исто така и пејачка. Таа ја изведе песната за филмот „Грдата убавица”. Во 2008 година, таа го издаде албумот "Божиќ со пријателите" со Рикардо Монтанер.
[уреди] Филмографија
Теленовели во кои имала улога:
| Наслов | Улога |
|---|---|
| Жени убијци | Хулија Енкубридора |
| Најгрдата убавица | Летисија Падиља Солис |
| Пријатели и ривали | Најели Перез |
| Девојки од соништата | Хулиета Руиз |
| Тајната на Александра | Глориа |
| Ангели без рај | ? |
| Благословена лага | Маргарита |
| Чудото на животот | Алехандра |

