Антонио Митриќески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Антонио Митриќески
Роден 1 февруари 1961
Скопје, денешна Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по режија на:
Преку езерото
Занимање режисер

Антонио Митриќески (Скопје, 1 февруари 1961) — македонски филмски режисер[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Митриќески е роден во Скопје во 1961 година. Филмска режија завршува на Високата државна школа за филм и телевизија во Лоѓ, Полска. На филм започнува да работи во 1985 година. Вработен е како професор по предметот филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. За својата работа добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Специјална награда на градот Лоѓ за филмовите ДВОБОЈ и ДЕН (1985), Златен медал за дебитантски филм на 38-миот фестивал на југословенскиот документарен и кусометражен филм во Белград за филмот ЉУБОВТА НА КОЧО ТОПЕНЧАРОВ (1991), Награда на публиката на меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ (1997). Според ист мотив, развиен од сценаристот Ташко Георгиевски, Митриќески го создава поетичниот игран филм ПРЕКУ ЕЗЕРОТО.[2]

Докторира со темата „Теорија и практика на документарниот филм (Казимиеж Карабаш, Столе Попов, Мајкл Мур)“.[3]

Награди:[уреди | уреди извор]

1985 Специјална награда од градот Лоѓ / „Двобој“ и „Ден“ 1991 ФЈДКФ, Белград, Златен медал Белград / „Љубовта на Кочо Топенчаров“ 1997 МФФ „Браќа Манаки“, Битола, Награда од публиката / „Преку езерото“

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • 2014 Деца на сонцето (Режија)
  • 1991 Љубовта на Кочо Топенчаров (Режија, Сценарио)
  • 1997 Преку езерото (Режија, Сценарио)
  • 2003 Како лош сон (Продуцент, Режија, Сценарио)
  • 1985 Двобој, сценарио, режија, краток игран, Висока државна школа за филм и ТВ - Лоѓ, Полска
  • 1987 Ехо, сценарио, режија, краток игран, Висока државна школа за филм и ТВ - Лоѓ, Полска
  • 1985 Ден, сценарио, режија, документарен, Висока државна школа за филм и ТВ - Лоѓ, Полска
  • 1986 Време, сценарио, режија, документарен, Висока државна школа за филм и ТВ - Лоѓ, Полска

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Trenčovski, Goran (2001). Orbis pictus: makedonskata filmska i TV-režija i drugi tekstovi Edicija Intermedia. Magor. ISBN 9789989851490.
  2. Василевски, Георги (1998). „Поетика на стоицизмот“ (PDF). Кинопис. 19 (10): 101–105.
  3. Митриќески, Антонио (2010). „Теорија и практика на документарниот филм“. Проект Растко Македонија: 275 стр.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]