Антонио Валенсија
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 4 август 1985 | ||
| Роден во | Лаго Агрио, Еквадор | ||
| Висина | 1,80 м | ||
| Положба | десно крило, десен бек | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | Манчестер Јунајтед | ||
| Број | 7 | ||
| Младинска кариера | |||
| Ел Национал | |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 2003–2005 | Ел Национал | 83 | (11) |
| 2005-2008 | Виљареал | 2 | (0) |
| 2005–2006 | →Рекреативо (позајмен) | 12 | (0) |
| 2006-2008 | →Виган (позајмен) | 37 | (1) |
| 2008-2009 | Виган | 47 | (6) |
| 2009- | Манчестер Јунајтед | 74 | (10) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 2005- | Еквадор | 51 | (6) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 17 јануари 2012. † Appearances (Goals). |
|||
Луис Антонио Валенсија Москера или (шпански: Luis Antonio Valencia Mosquera) (роден на 4 август, 1985), попознат како Антонио Валенсија (шпански изговор: [ antoɲo βalensja]), е Еквадорски фудбалер кој во моментов игра како десно крило за Манчестер Јунајтед и Еквадорскиот национален тим.Тој, исто така повремено игра како десен бек за Манчестер Јунајтед.
Откако напредува преку младинскиот тим на Ел Национал, Валенсија стана редовен првотимец и направи над 80 настапи за клубот пред да потпише за тимот од шпанската Ла Лига Виљареал во 2005-тата година. Тој запиша само два лигашки настапи за жолтата подморница но затоа игра многу успешно на позајмиците на кој што е препуштен.Во сезоната 2005-2006-та тој игра за Рекреативо, а подоцна и во англиската Премиер лига за екипата на Виган Атлетик во периодот од 2006-2008-та година.Со Виган подоцна, Валенсија потпиша три-годишен договор за непозната сума во јануари 2008 година.Со неговите настапи за Виган наскоро го привлече вниманието на неколку клубови од висок ранг,но тој ја одби понудата да се пресели во Реал Мадрид пред да потпише за Манчестер Јунајтед во јуни 2009 година каде доаѓа како замена за Кристиано Роналдо. Валенсија оттогаш ги освои Лига купот во 2009-10,ФА Комјунити шилд во 2010, и Премиер лигата во сезоната 2010-2011 за време на неговото време во Манчестер Јунајтед, беше избран и во PFA Тимот на Годината во Премиер Лигата во својата дебитантска сезона.
Валенсија го направи своето деби за Еквадор во 2005-тата година и постигна два гола во текот на мечот. Тој ја претставуваше својата земја на Светско првенство во фудбал 2006, на Копа Америка 2007 и Копа Америка 2011.Од своето деби, Валенсија има запишано 51 настап за Еквадор и постигнал шест гола.
Содржина |
Титули [уреди]
Ел Национал [уреди]
Еквадорска Серија А: 2005
Рекреативо Хуелва [уреди]
Сегунда Дивизион: 2005-06
Манчестер Јунајтед [уреди]
Премиер лига: 2010-11
ФА Комјунити Шилд: 2010, 2011
Лига куп: 2009/10
Надворешни врски [уреди]
- Antonio Valencia profile профилот на Антонио Валенсија на страната на Манчестер Јунајтед
- Premier League profile of Antonia Valencia
- профил на Антонио Валенсија на soccerway
|
|||||