Анри де Тулуз - Лотрек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анри де Тулуз - Лотрек

Анри де Тулуз - Лотрек.
Националност Французин
Познат(а) по сликар, графичар, литограф, илустратор
Значајни дела боем, Земјотрес (коктел), Коњак
Политичко движење Постимпресионизам, Арт Нуво

Анри де Тулуз - Лотрек (Париз, 24 ноември 1864 - Париз, 9 септември 1901), француски сликар, голем мајстор на литографијата чии омилени мотиви беа личности и настани од ноќниот живот во Париз. Анри де Тулуз - Лотрек се има ограничено речиси исклучително, на сцени од ноќниот живот на Монмартр во Париз. Ликовите се насликани без ни малку сентименталност, сугестивни, но без иронија и со остра карактеризација на ликовите. Неговите дела имаат висока уметничка вредност и претставуваат незаменлив општествен документ.

Биографија[уреди]

Потекло[уреди]

Анри Мари Рејмон де Тулуз-Лотрек Монфа (на француски: 'Henri de Toulouse-Lautrec' е роден во Алби, Тарн (француски регион). Потекнува од стара аристократска фамилија, со многу уважени предци кои во минатото се здружиле и со самите кралеви. Бил син на грофот Алфонсо и грофицата Аделе де Тулуз-Лотрек. Анри бил нивното прво дете. Имал и помлад брат Ришан роден во 1867 но истиот починал уште следната година. Неговите родители биле блиски роднини, точно неговата мајка се омажила за братучедот, со намера да ја сочувааат што „почиста“ аристократската крв, но и семејното богатство да остане внатре во фамилијата. Во тоа време уште не се знале последиците од спојување на луѓето во блискиот фамилијарен круг, така да Анри за последица уште од мал имал генетска мана.

Немоќ[уреди]

Од своите 14 години, Анри (кој одтогаш веќе боледувал од грозница, од која неуспешно го лечеле со години, водејќи го по разни лекари) ја повредува својата лева нога, а година после тоа на 15 години,ја крши и својата десна нога. Заради генетската мана неговите коски неправилно зараснуваат и неговите нозе престануваат да растат. Тој созрева и добива тело на возрасен човек, но нозете засекогаш му остануваат мали и закржлавени како на мало момче, додека лицето после завршениот пубертет му се менува и добива дебела долна усна, малку поголем нос, а видот му слабее терајќи го до крајот на животот стално да носи очила. Неговата конечна висина е 1,5 м.

Париз[уреди]

Тоалета

Тулуз-Лотрек цртал на Монмартр, познато место во Париз каде на времето се дружеле уметници, писатели и философи. Кога во близина било отворено кабарето Мулен Руж, Тулуз-Лотрек за потребите на истото насликал серија постери. Оттогаш, за него имало почесно место во тоа кабаре каде бил најчест посетител, и каде ги изложувал своите цртежи.[1]

Нарекуван бил "душата на Монмартр", каде живеел во тек на животот. Токму во Париз Тулуз-Лотрек се сретнал со многу познати личности од неговото време, како француски, така и странски. Во 1884 године му насликал портрет на Виктор Иго. Имал чест да се запознае со Оскар Вајлд којшто во тек на неговиот прогон дошол во Париз, па дури и да го наслика неговиот портрет.

Тулуз-Лотрек минувал многу време по борделите, понекогаш и со седмици, и за тоа време ги сликал проститутките во тек на нивното слободно време, тоалета и сл. Негов најомилен модел е црвенокосата проститутка наречена Црвената Роза од која се заразил од сифилис. Тулуз-Лотрек и давал часови по цртање на Сузан Валадон, една од неговите модели (а веројатно и негова љубовница). Умрел од компликации поради алкохолизмот и сифилисот во семејната вила во Малроме, околу три месеци пред неговиот 37ми роденден. закопан е во Вердле, Жиронда, на неколку километри од Малромеовиот замок, каде Што и починал.

Последните зборови на Тулуз-Лотрек биле: "Стара будала!" ("Le vieux con!")[2]

Земјотрес[уреди]

Изумот на коктелот Земјотрес,кој се прави со половина доза апсинт и половина доза коњак му се припишува на Тулуз-Лотрек.[3]

Дело[уреди]

Во кревет, 1893

Поради изгледот Анри не успевал успешно да учествува во општествениот живот и затоа целосно се свртел кон уметноста. Станал мошне значаен постимпресионистички сликар, Арт нуво илустратор, и литограф, со своето сликарство оставајќи неизбришлив документ за боемскиот живот во Париз на крајот на 19от век. Кон средината на 1890-тата, Тулуз-Лотрек работел и илустрации за хумористичниот часопис, -{Le Rire}-.

Лотрек за време на сликањето на Мулен Руж, 1890

Дега врз него извршил големо влијание, а во 1893. лично го пофалил: „Лотрек, се гледа дека сте мајстор на својот занает“, што за Лотрек значело голема почит од причина што Дега ретко давал пофалби и често пати ги одвраќал младите сликари кажувајќи ја реченицата: „Во Париз сите сликаат а никој не купува слики“.

Лотрек не бил импресионист. Импресионистите имале влијание на него но неговиот стил е со понагласени бои. Врз него како и врз други сликари на тоа време влијание вршеле и јапанските естампи (влијание на линијата и на контурите) а тоа најдобро се забележува на неговите литографски трудови и на плакатите што ги изработувал за кабареата и театрите.

Наследство[уреди]

мајката на Анри, Адела де Тулуз-Лотрек

Во тек на својата кариера, која траела помалку од 20 години, Тулуз-Лотрек создал 737 платна, 275 акварели, 363 графики, 5,084 цртежи, нешто керамика, и огромен број на непознати, изгубени дела.[4] Тулуз-Лотрек заедно со Сезан, Ван ГогГоген е еден од најголемите сликари на Пост-импресионизмот. Во неговото сликарство тој прикажувал сцени од ноќниот живот на Монмартр, оставил портрети на свои современици, се интересирал за она што се наоѓа “зад кулисите“ а сликал и сцени на луѓе во нивното секојдневие или работна средина.

Неговиот сликарски израз е високо линеарен и ги истакнува контурите. Честопати ја поставувал бојата со тенка четка, давајќи го саканиот облик и оставајќи да се гледа белата позадина на сликата.

После смртта на Тулуз-Лотрек, неговата мајка, Грофицата Адела Тулуз-Лотрек, и Морис Жојан, трговец со уметнички слики, ја промовирале неговата уметност. Мајка му придонела со фонд за изградба на музеј на Лотрек во Алби, неговото родно место, за да ја “здоми“ неговата уметност. На аукција во 2005 година, во аукциската куќа Кристис поставен е рекорд кога сликата "Перачката", е продадена за 22.4 милиони долари.[5]

Филмови[уреди]

За Тулуз-Лотрек има снимено и биографски филмови:

Цитати[уреди]

На шега, сакал да каже: « Ќе пијам млеко кога кравите ќе пасат грозје. »

Библиографија[уреди]

  • André Fermigier, Toulouse-Lautrec, Presses Pocket, 1991.
  • Selim Abdul Hak, Les drames des peintures démantelées. Un tableau de Toulouse-Lautrec goulument désossé, in Le courrier de l'Unesco, septembre 1974, p. 26.
  • Henri Perruchot, La vie de Toulouse-Lautrec, Le Livre de Poche, n°565, 1992.

Одбрани дела[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Blake Linton Wilfong Hooker Heroes
  2. „Toulouse Lautrec: The Full Story“. Channel 4. http://www.channel4.com/culture/microsites/T/toulouse_lautrec/lautrec.html. конс. 8 декември 2007. 
  3. „Absinthe Service and Historic Cocktails“. AbsintheOnline.com. http://www.absintheonline.com/acatalog/Cocktails.html. конс. 8 декември 2007. 
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Angier.
  5. The New York Sun 11/02/2005
  6. Lautrec (1998) на Семрежната филмската база на податоци