Анксизност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Anxiety
Emperor Traianus Decius (Mary Harrsch).jpg

A marble bust of the Roman Emperor Decius from the Capitoline Museum. This portrait "conveys an impression of anxiety and weariness, as of a man shouldering heavy [state] responsibilities."[1]
MedlinePlus 003211 Шаблон:MedlinePlus2
MeSH D001007

Една од компонентите на стравот е посебната состојба во која ние предвидуваме што ќе се случи антиципирајќи страв. Тоа е некој вид ситуација на иднината. Оваа антиципација на претстојната физичка, психичка и социјална опасност најчесто се доживува како анксиозност, како општа возбуденост, како трепет, како нејасен страв, страв без очигледен надворешен повод. Поимот анксиозност често се поистоветува со поимот страв. Но постојат разлики што произлегуваат: а) од изворот на опасноста која се заканува да го наруши телесниот, психичкиот и социјалниот интегритет на личноста. б) од времетраењето Се мисли дека кај стравот опасноста е рационална, бидејЌи објектот или појавата свесно се перцепираат и можат да се идентификуваат додека кај анксиозноста не постои свесно перциран објект или извор на појавата Што предизвикува опасност. Изворот на опасноста е во чувството на очекувањето да се случи неШто неШто непријатно, нешто опасно. "Неограничените можности за замислување на идните појави", како Што велат Креч и Крачфилд, ни пружат непресуШно "гориво" за аксиозност. Но изворот на опасноста може да биде и во самата личност. што се однесува до времетраењето Што ги прави различни стравот и анксиозноста, се мисли дека стравот редовно трае кратко и исчезнува во моментот Што ги прави рзлични стравот и анксиозноста, се мисли дека стравот редовно трае кратко и исчезнува во моментот кога заплаШениот ја совладува или ја избегнува опасноста. Анксиозноста по правило е долготрајна и таа се повторува почесто, независно од просторот и времето. Според Х.ИнглиШ и А.ИнглиШ (Х.Енглисх и А.Енглисх, 1972) Анксиозноста е една непријатно емоционална состојба, во која една сегаШна и континуирана силна желба или нагон изгледа веројатно дека Ќе ја промаШи својата цел; тоа е фузија на страв со антиципација на идно зло. Неизвесниот исход ( на пример. Од натпреварот), е главна причина за трепет, страв, загриженост, возбуденост се само врв од брегот кој не се гледа, бидејЌи има свои корени во самосвеста (селф цонцепт) и во самооценувањето, а манифестно се пројавува во несигурноста, во губењето на самодовербата. Личности коишто постојано чувствуваат некој неодреден страв, кои премногу се загрижени за секојдневните случувања и се под постојан притисок, најверојатно страдаат од анксиозност. Стравот и анксиозноста се реакции на опасност, но во случајот со стравот опасноста е јасна, објективна, додека во случајот со анксиозноста е скриена и субјективна. Речиси секој човек во одреден период од својот живот почувствувал напнатост, нервоза или пак страв како нормална реакција на некоја стресна ситуација. Потиштеноста и стравот секогаш постоеле и тие се важен дел на човековото постоење. Нормалните стравови и повремената потиштеност ни помагаат да ги избегнеме непријатните и опасни ситуации. Стравот секогаш е врзан за некој одреден објект и ситуација, додека анксиозноста е неодредено емоционално доживување. Во анксиозноста она што е закана за личноста е помалку очигледно, па затоа говориме за т.н. „лебдечки страв“. Кога стравовите и потиштеноста, претераната загриженост ќе почнат да доминираат и управуваат со нечиј живот, кога го нарушуваат семејниот, друштвениот и професионалниот живот, тогаш веќе станува збор за сериозно анксиозно пореметување.

Кои се симптомите на ова пореметување?[уреди]

Психолошките симптоми на анксиозноста се претерана плашливост и загриженост, чувство на внатрешна напнатост и немир, ослабена концентрација, раздразливост, зголемена чувствителност на бука, лесно заморување, слаба меморија која често е резултат на намаленото внимание и концентрација. Телесните симптоми на анксиозноста се забрзана работа на срцето, тешко дишење, чувство на недостаток на воздух, стегање во градите, сува уста, потешкотии во голтањето („кнедла во грлото“), зголемено потење на дланките, често мокрење, вртоглавица, „пеперутки“, во стомакот, болки во мускулите, ослабена сексуална желба, треперење на целото тело. Присутни се и пореметувања во однесувањето: чувство на блокираност, преувеличување на доживувањата, тешкотии во спиењето во смисла на несоница, често будење или пак ноќни кошмари. Ако кај една личност се присутни повеќето од овие симптоми повеќе од 6 месеци најверојатно таа особа пати од анксиозно пореметување. Возрасни особи со ова пореметување често се загрижени за секојдневниот живот, за одговорностите на работното место, финансиите, за здравјето на своите најблиски, се мачат со катастрофични предвидувања во врска со своите најблиски. Анксиозна личност целата е облеана со неодреден, ирационален страв со кој се парализира во своето функционирање. Се јавува и силно чувство на немоќ. Сите ние сакаме по секоја цена да ја избегнеме анксиозноста или да избегаме од чувствата кои се предизвикани од неа. Постојат многу причини за тоа, но најважна е таа дека анксиозноста е едно од најмачните чувства што можеме да ги имаме. Освен тоа чувството на немоќ кое е составен дел на анксиозноста е посебно неподнослив скоро за секој човек. Некој може да биде храбар и активен кога ќе се најде лице во лице со голема опасност. Но, во состојба на анксиозност, тоа што го чувствува е немоќ. Чувството на немоќ посебно е тешко за оние личности за кои силата, влијателноста, идејата дека се господари на секоја ситуација, се еден од главните идеали. Бидејќи ја чувствуваат очигледната диспропорција помеѓу својот идеал и своите реакции, тие ја мразат оваа состојба, како таа да ја открива нивната слабост и страшливост.

Кои се причините?[уреди]

Многу малку луѓе се спремни да го прифатат фактот дека страдаат од анксиозност. Многу од нив анксиозноста ја кријат позади чувството на физичка непријатност, како што е срцебиење и замор; некои ја кријат позади бројните стравови кои им изгледаат реални и оправдани; кај некои луѓе анксиозноста може да биде скриен импулс кој ги гони да се препуштат на заборавот во алкохолот и други зависности. Точната причина за анксиозноста не е позната, но постојат многу фактори што можат да го поттикнат развојот на анксиозноста. Улога играат генетските фактори, биохемиските процеси во мозокот и влијанието на средината. Разните трауми или стресни моменти во текот на животот, смрт на блиска особа, развод, промена на работното место, промена на местото на живеење - може да предизвикаат анксиозност.


Како се третира анксиозноста?[уреди]

Лекувањето е комплексно и зависи од структурата на личноста, од интензитетот на анксиозноста и вклучува психотерапија и ако е потребно и медикаменти. Анксиозноста не може да се спречи, но постојат некои работи со кои можете да си го намалите стравот и претераната загриженост:

  • Научете да се релаксирате со што ќе ги намалите телесните симптоми на анксиозноста.
  • Вежбајте - секоја физичка активност ја забрзува работата на срцето и го ослободува вашето тело од натрупаната напнатост.
  • Не преземајте премногу обврски за да не се доведете до точка на „лудило“. Планирајте ги обврските по приоритет и научете да кажувате „не“.

Прифатете ја својата анксиозност, не бегајте од неа и ако е потребно побарајте стручна помош. како да ја препознаеме: -забрзано чукање на срцето и покачен крвен притисок, па дури и чувство дека ќе се добие срцев удар; - притисок во градите, губење здив, чувство на гушење, тешко и забрзано дишење; - тресење на рацете или на целото тело, може да се јави чувство на трнење (најчесто во прстите, усните или лицето дури и чувство на одземеност на дел од телото); - суви усни; - напнатост и стегнатост во мускулите; - проливи и чести потреби да се оди по мала нужда за кои не може да се утврди органска причина; - бранови на топло и ладно; - вртоглавици. . . Ако овие симптоми ги препознаете кај себе или кај некој од своите блиски треба што побрзо да побарате стручна помош.


Како да ја излекувате анксиозноста?[уреди]

Многу луѓе страдаат од анксиозност, психичка состојба проследена со чувство на тешкотии и грижи. За лекување на овие симптоми некои психолози ја користат свесноста, односно моментот на будење, терапија која има корен во будистичката медитација. Еве на кој начин освестувањето може да помогне, пишува во својата книга „The Mindful Manifesto“ д-р Џонти Хиверсеџ: - Пред да го насочите умот кон анксиозноста низ која поминувате, концентрирајте се на дишењето - почувствувајте како воздухот лесно ви струи низ ноздрите, се спушта низ грлото и во белите дробови. Почувствувајте ги отчукувањата на срцето и замислете како тоа ја пумпа крвта со кислородот низ вашето тело. Продолжете така се додека не бидете подготвени за медитација. - Пренасочете го сега вашето внимание на вознемирените мисли. Кои мисли се присутни во вашиот ум во овој момент? Разгледајте ги тие мисли објективно, немојте да реагирате емотивно на нив. - Постои мит дека, кога медитирате, треба да имате „празен“ ум. Но, мислите не се непријател и обидот да ги запрете само ќе доведе до натамошна борба во вас. Третирајте ги мислите за време на медитацијата како да ви свири радио во позадина - можете да го слушнете, но вашето внимание насочено е на нешто друго. Во состојба на свесноста вие обрнувате внимание на фактот дека имате мисли, но не го слушате што тие имаат да ви кажат. Обидете се мислата да не ја карактеризирате како „добра“ или „лоша“. Негувајте го ставот на сталоженост без оглед на тоа што се случува во вашиот ум. Набљудувајте ги своите мисли со љубопитност и нежност и со самото тоа полесно ќе ги поднесете. - Кога и да забележите дека умот ви талка, препознајте дека „заскитал“ и нежно вратете го вниманието кон набљудување на мислите. Продолжете да работите со своите загрижени мисли на овој начин онолку долго колку што самите сте одредиле. Работата на будењето може да биде предизвикувачка и напорна, така што е најдобро во почетокот да работите во покуси периоди.

Анксиозноста кај повозрасните?[уреди]

Кај повозрасните лица психичките и менталните нарушувања, како и несоодветната употреба на лекови, се најчестата причина за анксиозност и на неа слични симптоми кои лесно биваат заменети со анксиозно нарушување. Сенилноста е често причина за анксиозност кај постари лица. Раните знаци на сенилноста вклучуваат и губиток на меморијата. Кај социјално активни лица чувството дека слабо помнат предизвикува анксиозност и социјално повлекување. Анксиозноста може да предизвика и силни промени во однесувањето, кои можат да ја маскираат сенилноста која лежи во позадина. Депресијата често предизвикува симптоми на анксиозност. Причините за примарните анксиозни нарушувања не се во потоплност познати. Многу луѓе развиваат анксиозност и без видливи дефинирани причини. Акутниот стрес и посттраумаското стресно нарушување се најлесни за да се навлезе во трагата на специфичен настан. Повеќето случаи со вакви нарушувања се предизвикани од незгоди, сексуални напади и сл.


Анксиозност, болест на модерното време.[уреди]

Секоја четврта личност во текот на животот се соочува со некое психијатриско нарушување, најчесто со состојба на страв и анксиозност, односно вознемиреност. Главниот проблем е во тоа што анксиозните растројства се како сосема нормална состојба на страв и загриженост, причина поради која луѓето често не бараат помош. Анксиозноста стана европскиот тренд, секоја четврта личност во животот се соочува со некои психијатриски нарушувања. Најчеста е состојбата на страв и вознемиреност, односно анксиозност, како и несоница и депресија. Покрај тоа што е се почеста, анксиозноста е често проследена со дури болести. Најважно е да се побара стручна помош и тоа на време. Лековите често не се доволни, па на пациентите им се советува да одат и психотерапија. Состојбата на страв или вознемиреност не спаѓаат во сериозната психијатриска патологија, како шизофренијата или било која друга сериозна болест. Сепак, значително го нарушува квалитетот на животот, начинот на кој човекот живее, работи, и функционира во семејството. Еден од големите проблеми со анксиозните нарушувања, е тоа што лицето изгледа како сосема нормално со состојба на страв, размислување и грижа, но често се подготвени да одат на терапевт, психолог и психијатр и да побараат помош.

Анксиозноста предизвикува и физички промени.[уреди]

Секој од нас повремено доживува страв и анксиозност. Стравот е емоционален, психички и бихејвионален одговор на јасно препознатлива надворешна закана (при насилство, сообраќајна незгода и сл.). Анксиозноста е вознемиреност, непријатна состојба на нервозност и непријатност, чии предизвикувачи се помалку јасни и уочливи. Анксиозноста е помалку врзана за точното време на заканата, може да се јави и пред заканата да се случи или, пак, кога заканата се случува во недефиниран облик. Таа често е придружена со физички промени и однесување слично на она предизвикано од страв.

Извесен степен на анксиозност е "приспособлив" и и помага на личноста да се подготви, да вежба и да го подобри своето функционирање и помага во тоа човек да се биде соодветно внимателен во потенцијално опасни ситуации. Но, над определено ниво анксиозноста предизвикува несоодветно однесување и дисфункција. На тоа ниво анксиозноста може да биде сметана за симптом на нарушување.

Анксиозноста кај повозрасни лица може да биде дел од симптомите на широк спектар психички нарушувања. Анксиозноста може да биде и примарно нарушување во кое таа е предоминантен симптом.

Примарните анксиозни нарушувања се класифицираат како: генерализирано анксиозно нарушување, опсесивно компулсивен синдром, панични напади, фобични нарушувања и стресни нарушувања (акутно стресно нарушување, посттрауматски стресно нарушување).

Манифестацијата на симптомите понекогаш се разликува кај повозрасните од оние кај помладите.

Кај повозрасните луѓе психичките и менталните нарушувања, како и несоодветна употреба на лекови се најчестата причина за анксиозност и на неа слични симптоми што лесно бидуваат заменети со анксиозно нарушување.

Сенилноста е често причина за анксиозност кај постари лица. Раните знаци на сенилност вклучуваат и губење на меморијата. Кај социјално активни лица чувството дека слабо помнат предизвикува анксиозност и социјално повлекување. Анксиозноста може да предизвика и силни промени во однесувањето, кои можат да ја маскираат сенилноста што лежи во заднина.

Депресијата често предизвикува симптоми на анксиозност.

Причините за примарните анксиозни нарушувања не се целосно познати. Многу луѓе развиваат анксиозност и без видливи дефинирани причини.

Акутниот стрес и посттрауматски стресни нарушувања се најлесни за да се навлезе во трагата на специфичен настан. Во повеќето случаи вакви нарушувања се предизвикани од незгоди, сексуални напади и сл.

Тежината на анксиозноста варира од одвај забележливи тегоби до напади на паника. Анксиозноста може и ненадејно да прерасне во паника или постепено, во тек на повеќе минути, часови, денови да го зголемува својот интензитет.

Траењето на анксиозноста може да биде од неколку минути до повеќе години. Подолгото траење е карактеристика на примарното анксиозно нарушување. Но, најтешките панични напади обично траат краток период.

Способноста за толеранција на определено ниво на анксиозност обично варира од еден до друг човек.

Примарните анксиозни нарушувања можат да бидат вознемирувачки и може да бидат следени со различен степен на депресија. Од друга страна, анксиозното нарушување и депресијата може да коегзистираат, но исто така е можно симптомите на депресија први да се развијат, а подоцна да се јават симптомите на анксиозност.

Дијагнозата на специфичните анксиозни нарушувања се базира на карактеристичните симптоми и знаци. Семејната историја за постоење на анксиозно нарушување кај блиски роднини исто така може да укаже на предиспозиција кон истиот тип нарушување или, пак, кон генерализирано анксиозно нарушување. Но, освен предиспозицијата, предвид мора да се земе и можноста дека во овие случаи се работи за стекнато нарушување преку научено однесување од роднините.

Наводи[уреди]

  1. Scarre, Chris (1995). „Chronicle of the Roman Emperors“. Thames & Hudson. стр. 168–9. ISBN 978-5-00-050775-9. 

Надворешни врски[уреди]

anxiety

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: