Франсоа-Андре Даникан Филидор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Андре Даникан Филидор)
Франсоа-Андре Даникан Филидор
Целосно имеФрансоа-Андре Даникан Филидор
Земја Франција
Роден7 септември 1726
Дре, Франција
Починал31 август 1795
Лондон, Англија
Светски првак~1747–1795 (неофицијално)

Франсоа-Андре Даникан Филидор (роден во Дре на 7 септември 1726 - починал воп Лондон на 31 август 1795) бил француски шахист и музички композитор. Тој се смета дека бил еден од најдобрите шахисти во негово време, но сепак во тоа време титулата „светски правак“ сè уште не постоела. Неговата книга Анализа на шаховската игра (француски: Analyse du jeu des Échecs) се сметала за стандардно шаховско помагало во следните 100 години. За време на неговиот живот, не бил именуван со целото име, односно најчесто бил именуван како Андре Даникан Филидор.