Андреа Бочели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Андреа Бочели - 2006

Андреа Бочели (италијански: Andrea Bocelli) (роден 22 септември 1958 во Лајатико, Тоскана, Италија) е пејач, писател и музички продуцент.

Како оперски тенор, има издадено четри комплетни опери (La Boheme, Il Trovatore, Werther and Tosca) и единаесет други албуми, во класичен или популарен стил. Има два сина Амос (роден 1995) и Матео (роден 1997). Се има разведено од својата единствена жена, Енрика. Бочели бил роден со глауком, и бил ослепен на возраст од 12 години, поради мозочно крварење, кое го добил како последица од удар на главата играјќи фудбал. Никогаш не зборува за својот инвалидитет.

Како дете Андреа свирел на црквени оргуљи, и на возраст од 12 ја добил наградата „Margherita d'Oro in Viareggio“ со песната „O sole mio“. Тоа било негова прва награда освоена на некое натпреварување. По едногодишно работење како адвокат (дипломирал како Доктор на Право на Универзитетот во Пиза), земал часови по пеење од Лучијано Ветарини, и со тоа окупирајќи се со музиката во целост. Никогаш не го прекинал надградувањето и тренирањето на својот глас, посетувајќи разни настави.

Национално докажување[уреди]

Италијанската рок ѕвезда Zucchero Fornaciari, барајќи тенори, го примил на аудиција Андреа во 1992. Откако ја слушнал касетата, познатиот тенор Лучијано Павароти, започнал да го убедува Zucchero да го искористи како тенор Андреа наместо него. Во 1994 Андреа ја изведува победувачката „Il mare calmo della sera“ на фестивалот во Сан Ремо, и како последица го постигнува својот прв Златен Диск. Истата година дебитира како Мекдаф во вердиевата „Макбет“, пеејќи во чест на Павароти на корцерт во Модена, и пред папата за Божиќ. Во 1995 на фестивалот во Сан Ремо, Андреа го освојува четвртото место пеејќи ја „Con Te Partirò“.

Меѓународно докажување[уреди]

Во 1996 во Германија заедно со сопранот Сара Брајтман (Sarah Brightman) ја пее англиската верзија на „Con Te Partirò“, насловена како „Time to Say Goodbye“, кршејќи ги рекордите за продажба и останувајќи на Германската „top ten“ листа скоро шест месеци. Во наредните години Андреа изведува во Париз, Болоња, Торе де Лаго и Ватикан, и издава албуми. Во 1998 влегува на американскиот пазар со концерт во Вашинтон во центарот за изведување уметности „Кенеди“ и во Белата Куќа. Истата година, заедно со наредната, Андреа, започнува турнеи низ Северна и Јужна Америка и дуети со Селин Дион. Албумите на Андреа се на врвот на американските класични албуми. Во 2002-та, Андреа ја повторува американската турнеја, освојувајќи притоа две Светски Музички Награди. Оттогаш, продолжува да ја шири својата кариера со концерти низ целиот свет.

Добротворни и други дела[уреди]

Имал пеено за многу добротворни настани и околности, како што се: Октомвриските (2001) напади на кулите близначки во Њу Јорк; неколкупата на настаните „Павароти и пријатели за деца„; учество на цд-то на Шерон Осборн како проект за цунамито; и настапи во големи телевизиски концерти во Италија (март 2005) насловени како „Музика за Азија“. Андреа се има посветено и на други дела, а не само на музиката, па така учествувал во неколку пишани дела, меѓу кои и кратко дело за пријателство во соработка со Дорис Плат, како и предговор за една италијанска книга за спотедлена грижа. Исто така има издадено автобиографија именувана „Музиката на тишината“ во 2001-та.

Дискографија[уреди]