Андизол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андизол
андозол
Андизол Image
Профил на андизол
Се води во: ФАО, USDA
Профил: ABwC
Матичен материјал: тефра

Андизолпочва образувана од вулканска пепел со значајна количина на стакло и аморфни колоидни материјали како што се алофанот, имоголитот и ферихидритот.[1] Според класификацијата на Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО), оваа почва се нарекува андозол[2]

Бидејќи ваквата почва е прилично млада, таа е многу плодна онаму каде фосфорот лесно се врзува (што е чест случај во тропскиот појас). Добро се носи со интензивно исползување на земјоделски култури, како што се гледа по оризовите насади на Јава, кои прехрануваат еден од најгусто населените предели на светот. Други андизоли се погодни за одгледување на овошје, пченка, чај, кафе и тутун. Во крајбрежните северозападни краишта на САД, на нив успеваат мошне бујни шуми.

Андизолите заземаат околу 1% од копнената површина на светот[3]. Највеќе се среќава околу Тихоокеанскиот Огнен Прстен, особено во средно Чиле, Еквадор, Колумбија, Мексико, Тихоокеанскиот Северозапад на САД, Јапонија, Јава и Северниот Остров на Нов Зеланд. Во помала мера го има и во Големата Раседна Долина во Кенија, во Италија, на Исланд и на Хаваите.

Фосилниот андизол е најден на места далеку од денешните активни вулкански подрачја и е со голема старост. Во некои случаи почвата е создадена дури во преткамбриумот, пред 1,5 милијарди години. [4][5]

Подредови[уреди | уреди извор]

  • акванд — андизол со подземни води на или близу површината поголем дел од годината.
  • витранд — релативно млад и крупен андизол во кој најзастапено е стаклото.
  • геланд — андизол во многу студени предели (со средна годишна температура под 0 °C).
  • кријанд — андизол во студените краишта.
  • ксеранд — андизол во предели со многу суви лета и влажникави зими.
  • торанд — андизол во многу суви предели.
  • уданд — андизол влажни предели.
  • устанд — андизол во полусуви (степски) предели.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Андизоли“. Национална служба за заштита на ресурсите (NRCS). Министерство за земјоделство на САД. Архивирано од изворникот 2006-05-09. Посетено на 2006-05-14.
  2. „Major Soils of the World. ISRIC Wageningen, The Netherlands. 2001“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-23. Посетено на 2014-10-26.
  3. се смета само незамрзнатата почва
  4. Grunwald, Sabine. „Andisols“. Soil & Water Sciences. University of Florida. Посетено на 2006-05-14.
  5. „Andisols“. Soil and Land Sciences Division. University of Idaho. Архивирано од изворникот на 2009-03-09. Посетено на 2006-05-14.