Андерс Линдегард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Андерс Линдегард
Anders Lindegaard
Anders Lindegaard.jpg
Лични податоци
Роден на 13 април 1984
Роден во Дируп, Данска
Висина &100000000000001930000001,93 м
Положба Голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед
Број 34
Младинска кариера
ФК Оденсе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2009 Оденсе 6 (0)
2008 Колдинг 10 (0)
2009 Алесунд 26 (0)
2009–2010 Алесунд 30 (0)
2010– Манчестер Јунајтед 8 (0)
Репрезентација
2010- Данска 5 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 2 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 2 јануари 2012

Андерс Розенкранц Линдегард (дански: Anders Rozenkrantz Lindegaard) е дански фудбалски голман кој во моментов ја чува мрежата на англискиот најтрофеен тим Манчестер Јунајтед.Тој пристигна во Јунајтед во ноември 2010 година по завршувањето на сезоната во норвешката прва фудбалска лига, кога тој се збогуваше со својот поранешен клуб Алесунд.Во 2009 тој беше победник на Норвешкиот фудбалски куп со Алесунд.Во 2010-тата тој беше избран за гоман на годината во две земји Данска и Норвешка.

Линдегард е член и на данската фудбалска репрезентација од 2010 година.Своето деби го имал на 7 септември 2010 против Исланд.Негов идол е Дејвид Прис.

Клупска Кариера[уреди]

Оденсе[уреди]

Линдегард е роден во Дируп градче во близина на Оденсе.Па така кариерата ја почнува во истоимениот клуб кој што се натпреварува во Данската Суперлига.Своето деби во лигата на голот на Оденсе го имал на 19 ноември 2006 во победата над Силкеборг од 3:1.Откако се врати од позајмицата во второлигашот Колдинг тој дебитираше и во Европските турнири на 30-ти јули 2009 во победата на Оденсе од 4:3 над македонскиот тим Работнички.Со доаѓањето на Рој Керол во летото 2009 во тимот тој одново оди на позајмица овојпат во норвешкиот Алесунд

Алесунд[уреди]

Во 2009-тата тој доаѓа во Алесунд најпрво како позајмен играч, а потоа за сума од 400 илјади евра тој потпишува за Алесунд.На 8 ноември истата година со Алесунд го освојува НМ Купен (норвешкиот фудбалски куп), откако во финалето е победен тимот на Молде на пенали, по нерешените резултати 1:1 на крајот од 90-те минути и 2:2 по продолженијата.

Манчестер Јунајтед[уреди]

Тој потпиша за Манчестер Јунајтед во ноември 2010, но по правилата во Премиер лигата, тој неможеше да биде на располагање до 1-ви јануари кога се отвара зимскиот трансферен прозорец.Тој потпиша за Манчестер Јунајтед три ипол годишен договор за сума од 3,5 милиона фунти.На 6-ти јануари тој и официјално беше регистриран како фудбалер на црвените ѓаволи и го доби дресот со број 34.

На 29-ти јануари тој дебитира за својот нов клуб во 4-тото коло од ФА Купот против Саутемптон во победата на неговиот тим од 2:1.Месец дена подоцна тој брани и во следното 5-то коло од ова натпреварување против тимот од Конференцијата Кроули Таун во кој не прими гол а Манчестер Јунајтед победи со 1:0.Во Март заработува повреда поради која го пропушта остатокот од сезоната.

Сезона 2011-2012[уреди]

Во наредната сезона тој дебитира во мечот со Бенфика во Лигата на Шампионите (1:1).

Своето деби во Премиер лигата го има на 1-ви октомври 2011 против Норич (2:0 за Манчестер). Линдегард ја сочува својата мрежа сува и во наредните мечеви во кој бранеше во Премиер лигата против Сандерленд, Астон Вила, Фулам и Виган. Неговата одлична серија од мечеви без примен гол во Премиер лигата заврши на 4-ви јануари 2012, кога тој прими три гола во разочарувачкиот пораз на Јунајтед од Њукасл Јунајтед со 3-0. На почетокот на фебруари Линдегард заработи повреда која треба да го оддалечи од терените околу месец дена.

Репрезентативна Кариера[уреди]

Андерс Линдегард дебитира за сениорската репрезентација на Данска на 7-ми септември 2010 против Исланд во квалификациите за Евро 2012 (Данска победи со 2:1).Неколку дена подоцна Данска играше против Португалија.Првиот голман во тој меч Томас Соренсен се повреди и Линдегард се појави како замена, но во финишот од мечот прими гол од Кристиано Роналдо.Тој беше стартер и во уште еден меч од квалификациите против Кипар во победата на Данска со 2:0.

Титули[уреди]

Алесунд[уреди]

Манчестер Јунајтед[уреди]

Надворешни врски[уреди]