Англо-турска војна (1807-1809)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Англо-турска војна (1807-1809)
Дел од Наполеонски војни
Датум 1807-1809
Место Дарданели, Мраморно Море, Егејско Море, Медитеран, Александрија
Исход дарданелски договор
Завојувани страни
 Отоманска империја Шаблон:Country data British Empire
Команданти и водачи
Отоманска империја Селим III Шаблон:Country data British Empire Џорџ III

Англо-турската војна (1807-1809) е дел од Наполеоновите војни.

Во летото 1806 година за време на војната со Третата коалиција (Британија, Русија, Прусија, Шведска), амбасадорот на Наполеон генерал Себастијан се обидел да ја убеди Високата порта да ги укине сите специјални привилегии дадени на Русија во 1805 година и да ги отвори Дарданелите само и исклучиво за француски воени бродови. Во замена Наполеон ветувал помош на султанот за задушување на востанието во Србија и обновување на изгубените отомански територии. Кога во 1806 година руската армија тргнала кон Молдавија и Влашка, Османлиите објавувиле војна на Русија.

За време на Дарданелската операција во септември 1806 година, Британците го притиснале султан Селим III да го протера Себастијан и да објави војна на Франција. Откако Селим го отфрлил ултиматумот, британските сили влегле во Дарданелите на 19 февруари 1807 година, ги уништиле османлиските морски сили во Мраморното Море а по добиената француска помош на 8 март 1807 година се повлекле кон Средоземно Море.

На 16 март 1807 година 5.000 британски војници го окупирале градот Александрија во Египет. Во меѓувреме Османлиите воделе тешка војна со Русија, а француската подршка била многу мала. Поради ова на 5 јануари 1809 година Османлиите го потпишале договорот од Дарданелите со Британците.

Според договорот Османлиите им дале на британските трговци големи привилегии. Британија ветила дека ќе го заштити интегритетот на Османлиската империја против француската инвазија