Ангина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ангина
The steeple sign as seen on an AP neck X-ray of a child with croup
СпецијалностПулмонологија, Педијатрија Уреди на Википодатоците

Ангина (или ларинготрахеобронхитис) е респираторна состојба која обично е предизвикана од акутна вирусна инфекција на горните дишни патишта. Инфекцијата предизвикува оток во внатрешноста на грлото, кој го попречува нормалното дишење и предизвикува класични симптоми на „напад на кашлица“ кашлица, гребење и засипнатост. Тоа може да предизвика благи, умерени или тешки симптоми, кои често се влошуваат ноќе. Состојбата често се третира со една доза на орални стероиди; повремено, во потешки случаи, се користи епинефрин.Ретко кога е потребна хоспитализација.

Ангината се дијагностицира врз основа на клиничка слика, откако ќе се исклучат потенцијално посериозни причини за симптомите (т.е. епиглотитис или туѓо тело во дишните патишта ).Обично не се потребни понатамошни испитувања како на пример, испитувања на крвта, рендген, и култури. Состојбата е релативно честа, а влијае на околу 15% од децата, најчесто помеѓу 6 месеци и 5 -6 години. Речиси никогаш не е присутна кај тинејџери или кај возрасни. Порано се должела, главно на дифтерија, а сега оваа причина е од историско значење во западниот свет, поради успехот на вакцинацијата, како и подобрување на хигиената и животниот стандард.

Знаци и симптоми[уреди | уреди извор]

Ангината се одликува со „напад на кашлица“ кашлица, гребење, засипнатост и тешко дишење кои обично се влошуваат во текот на ноќта[1] „Нападот“ на кашлица често се опишува дека личи на извикот на фоки или морски лавови.[2] Гребењето се влошува поради вознемирување или плачење, а може да се слушне при одмор; означува критично стеснување на дишните патишта. Како што се влошува ангината, гребењето може значително да се намали. [1]

Други симптоми се треска, кориза (симптоми вообичаени за настинка) и завовлекување на ѕидовите на градниот кош.[1][3] Лигавењето или изгледот на навистина болен човек укажуваат на други здравствени состојби.[3]

Причини[уреди | уреди извор]

Ангината обично се смета дека се должи на вирусна инфекција. [1] [4] Некои поопшто го користат терминот за да вклучи акутен ларинготрахеитис, спазматична ангина, ларингеална дифтерија, бактериски трахеитис, ларинготрахеобронхитис и ларинготрахеобронхопневмонитис. Кај првите две состојби има вирусна инфекција, а тие обично се поблаги во однос на симптоматологијата. Последните четири се должат на бактериска инфекција и обично се посериозни [2]

Вирусна[уреди | уреди извор]

Вирусна ангина или акутен ларинготрахеитис го предизвикува вирусот параинфлуенца, првенствено типовите 1 и 2, во 75% од случаите. [5] Други вирусни етиологии вклучуваат грип А и Б, сипаници , аденовирус и респираторен синцицијален вирус (РСВ).[2] Спазматичната ангина ја предизвикува истата група на вируси како акутен ларинготрахеитис, но ги нема вообичаените знаци на инфекција (како што се треска, болка во грлото, како и зголемен број на бели крвни клетки).[2] Терапијата и реакцијата на терапијата се слични кај нив.[5]

Бактериска[уреди | уреди извор]

Бактериската ангина може да се подели на ларингеална дифтерија, бактериски трахеитис, ларинготрахеобронхитис и ларинготрахеобронхопневмонитис [2] Ларингеалната дифтерија се должи на „Corynebacterium diphtheriae“ додека бактерискиот трахеитис, ларинготрахеобронхитисот и ларинготрахеобронхопневмонитисот обично се должат на примарни вирусни инфекции со секундарен раст на бактерии. Најчесто се вмешани бактериите „Staphylococcus aureus“,Streptococcus pneumoniae, Hemophilus influenzae, и Moraxella catarrhalis .[2]

Патофизиологија[уреди | уреди извор]

Вирусната инфекција која предизвикува ангина доведува до отекување на гркланот, душник, и големите бронхии [4] поради навлегувањето во белите крвни клетки (особено хистиоцитите, лимфоцитите, плазмоцитите и неутрофилите).[2] Отекувањето предизвикува опструкција на дишните патишта што кога е поизразена води до драматично забрзано дишење и карактеристично турбулентно и бучно струење познато како гребење.[4]

Дијагноза[уреди | уреди извор]

The Westley Score: Classification of croup severity[5][6]
0 1 2 3 4 5
Вовлекување на ѕидот на
градниот кош
Нема Блага форма Умерена форма Тешка форма
Гребење Нема Со
вознемирување
При одмор
Цијаноза Нема Со
вознемирување
При одмор
Ниво на
свест
Нормално Дезориентирано
Влегување на воздух Нормално Намалено Значително намалено

Ангината е клиничка дијагноза. [4] Прв чекор е да се исклучат други опструктивни услови на горните дишни патишта, особено епиглотитис, туѓо тело во дишните патишта, субглотична стеноза, ангиоедем, ретрофарингеален апсцес и бактериски трахеитис.[2][4]

Фронтален рендген на вратот рутински не се врши,[4] но ако тоа се прави, може да покаже карактеристично стеснување на душникот, наречено шилец поради субглотичната стеноза, која е слична по форма на шпил. Шилецот ја потврдува дијагнозата, но е отсутен во половина од случаите. [3]

Не се препорачуваат други испитувања (како испитување на крвта и вирусна култура), затоа што се непотребно вознемирување и го влошуваат стресот врз и онака нарушените дишни патишта.[4] Вирусните култури, добиени преку назофарингеална аспирација, може да се користат за да се потврди точната причина, но тие се обично ограничени само на истражувачката дејност.[1] За бактериската инфекција треба да стане збор само ако на болниот не му е подобро со вообичаена терапија, а тогаш може да се воведат и други испитувања.[2]

Сериозност[уреди | уреди извор]

За класификација на сериозноста на ангина најчесто се користи Вестлиевата скала. Се користи главно за истражувачки цели, а не во клиничка пракса.[2] Таму се сумирани бодови што се доделуваат за пет фактори: ниво на свест, цијаноза, гребење, влегување на воздух и вовлекувања.[2] Бодовите што се даваат за секој фактор се наведени во табелата оддесно, а финалниот резултат може да биде од 0 до 17.[6]

  • Вкупен резултат од ≤ 2 означува „блага форма“ на ангина. Може да бидат присутни карактеристичен напад на кашлица и засипнатост, но при одмор нема гребење. [5]
  • Вкупен резултат од 3-5 се класифицира како „умерена форма“ на ангина. Се појавува со гребење што може да се слушне, но и со неколку други знаци. [5]
  • Вкупен резултат од 6-11 е „тешка форма“ на ангина. И оваа форма се јавува со очигледно гребење, но забележливо е и вовлекување на ѕидот на градниот кош . [5]
  • Вкупен резултат од ≥ 12 укажува на претстојна респираторна слабост.Нападот на кашлица и гребењето во оваа етапа може повеќе да не се изразени. [5]

85% од децата што одат на одделот за Ургентна медицина ја имаат болеста во блага форма, а сериозната ангина е ретка (<1%) [5].

Спречување[уреди | уреди извор]

Многу случаи на ангина се спречуваат со имунизација за грип и дифтерија. Своевремено ангината ја нарекувале и дифтериска болест, но со вакцинацијата денес дифтеријата е ретка во развиениот свет. [2]

Лекување[уреди | уреди извор]

Децата со ангина обично треба што е можно повеќе да мируваат.[4] Рутински се даваат стероиди, а во тешки случаи се користи епинефрин.[4] Децата со заситеност со кислород под 92% треба да примаат кислород,[2] а оние со тешка форма на ангина може да се хоспитализираат за да се следат.[3] Доколку е потребен кислород, се препорачува пасивно давање на кислород (да се држи изворот блиску до лицето на детето), затоа што предизвикува помало вознемирување отколку со користење на маска.[2] Со терапијата на помалку од 0,2% им е потребна ендотрахеална интубација.[6]

Стероиди[уреди | уреди извор]

Кортикостероидите, како дексаметазон и будезонид го подобруваат исходот кај децата со секаков степен на ангина.[7] По нивното давање, симптомите на олеснување ги има веќе за шест часа.[7] Тие се ефикасни кога се даваат орално, парентерално или преку инхалација, но оралниот начин на давање е претпочитан.[4] Обично е потребна само една доза и обично се смета е прилично безбедна.[4] Се чини дека дексаметазонот во дози од 0,15, 0,3 и 0,6 mg/kg се подеднакво ефикасни.[8]

Епинефрин[уреди | уреди извор]

Умерената до тешка ангина може привремено да се подобри со небулизиран епинефрин.[4] Епинефринот типично дава намалување на сериозноста на ангина во рок од 10 до 30 минути, придобивките траат околу 2 часа.[1][4] Доколку состојбата остане подобрена 2–4 часа по терапијата и не се појават други компликации, детето типично го пуштаат од болница.[1][4]

Останати[уреди | уреди извор]

Изучувани се и други терапии за ангина, но нема доволно докази да се поддржи нивната употреба. Инхалацијата на жешка пареа или навлажнет воздух е традиционална терапија за самостојно лекување, но клиничките истражувања не докажале дека тоа е ефикасно[2][4] и тековно ретко се користи.[9] Употребата на лекарства против кашлица, коишто обично содржат декстрометорфан и/или гијафенесин, исто така, не е препорачлива.[1] Порано се користело вдишување на хелиокс (мешавина на хелиум и кислород) за да се намали брзината на дишењето, но употребата се потврдува со многу малку докази.[10] Ангината обично е вирусна болест, па не се користат антибиотици освен ако нема секундарна бактериска инфекција.[1] Доколку е возможна секундарна бактериска инфекција, се препорачуваат антибиотиците ванкомицин и цефотаксим.[2] Во тешки случаи поврзани со грип А или Б, може да се дадат антивирусни инхибитори на неураминадаза.[2]

Прогнозата[уреди | уреди извор]

Вирусната ангина обично е болест со самоограничувачка, но многу ретко може да резултира со смрт поради респираторен арест и/или срцев арест.[1] Симптомите обично се подобруваат за два дена, но може да траат до седум дена.[5] Други невообичаени компликации вклучуваат бактериски трахеитис, пневмонија и пулмонален едем.[5]

Епидемиологија[уреди | уреди извор]

Ангината се одразува на околу 15% од децата и обично се појавува помеѓу 6 месеци и 5–6 години.[2][4] Таа е причина за околу 5% од хоспитализациите во таа популација.[5] Во ретки случаи може да се појави кај деца на старост од 3 месеци, па сѐ до 15 години.[5] Машките деца се за 50% почесто нападнати од женските, а зголемена распространетост има наесен.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Зборот „ангина“ (на анг. croup) доаѓа од раниот модерен англиски глагол croup што означува „грубо плачење“, а називот за првпат бил применет за болеста во Шкотска и популаризиран во 18. век.[11] Дифтеричната ангина е позната уште од времето на Хомеровата Стара Грција, а дури во 1826 година вирусната ангина не била препознаена како различна од ангината, и тоа благодарение на дифтеријата, а откритието е на Бретоно.[12] Потоа вирусната ангина кај Французите била наречена "faux-croup" (лажна ангина), затоа што со „ангина“ се означувала болест што ја предизвикувале бактериите на дифтерија.[9] Ангината поради дифтерија е речиси непозната денес поради напредокот на ефикасна имунизација.[12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Rajapaksa S, Starr M (2010). „Croup – assessment and management“. Aust Fam Physician. 39 (5): 280–2. PMID 20485713.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 2,18 Cherry JD (2008). „Clinical practice. Croup“. N. Engl. J. Med. 358 (4): 384–91. doi:10.1056/NEJMcp072022. PMID 18216359.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Diagnosis and Management of Croup“ (PDF). BC Children’s Hospital Division of Pediatric Emergency Medicine Clinical Practice Guidelines.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 Everard ML (2009). „Acute bronchiolitis and croup“. Pediatr. Clin. North Am. 56 (1): 119–33, x–xi. doi:10.1016/j.pcl.2008.10.007. PMID 19135584.
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 Johnson D (2009). „Croup“. Clin Evid (Online). 2009. PMC 2907784. PMID 19445760.
  6. 6,0 6,1 6,2 Klassen TP (1999). „Croup. A current perspective“. Pediatr. Clin. North Am. 46 (6): 1167–78. doi:10.1016/S0031-3955(05)70180-2. PMID 10629679.
  7. 7,0 7,1 Russell KF, Liang Y, O'Gorman K, Johnson DW, Klassen TP (2011). „Glucocorticoids for croup“. Cochrane Database Syst Rev. 1 (1): CD001955. doi:10.1002/14651858.CD001955.pub3. PMID 21249651.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. Port C (2009). „Towards evidence based emergency medicine: best BETs from the Manchester Royal Infirmary. BET 4. Dose of dexamethasone in croup“. Emerg Med J. 26 (4): 291–2. doi:10.1136/emj.2009.072090. PMID 19307398.
  9. 9,0 9,1 Marchessault V (2001). „Historical review of croup“. Can J Infect Dis. 12 (6): 337–9. PMC 2094841. PMID 18159359.
  10. Vorwerk C, Coats T (2010). „Heliox for croup in children“. Cochrane Database Syst Rev. 2 (2): CD006822. doi:10.1002/14651858.CD006822.pub2. PMID 20166089.
  11. Online Etymological Dictionary, croup. Accessed 2010-09-13.
  12. 12,0 12,1 Feigin, Ralph D. (2004). Textbook of pediatric infectious diseases. Philadelphia: Saunders. стр. 252. ISBN 0-7216-9329-6.