Ангел на пеколот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа статија се однесува на телевизиски документарец. За моторџиската група, види Hells Angels.

Ангел на пеколот е 30-минутен телевизиски документарец на Би-Би-Си (BBC) од 1994 година за Мајка Тереза од Кристофер Хиченс, претходник на неговата книга, Мисионерска поза (The Missionary Position). Филмот тврди дека Мајка Тереза ги бодреше сиромашните да ја прифатат својата судбина, додека богатите ги претставуваше како повластени од Бога. Хиченс и Тарик Али го напишаа сценариото за документарецот.[1][2]

Документарецот меѓу останатото наведува дека и покрај бројните високи донации, хосписите на Мајка Тереза воопшто не се промениле во текот на 25 години. Маry Loudon, поранешна волонтерка во болниците на Мајка Тереза, во документарецот вели дека тоа беа установи „во кои на оние кои умираат и засегнатите од болести не им се дава како ублажувач на болка ништо посилно од аспирин ... и каде валканите игли се мијат со ладна вода за потоа да бидат користени наново.“[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „BBC Politics 97, "Mother Teresa Dies".
  2. „Time, "Seeker Of Souls". Архивирано од изворникот на 2013-05-26. Посетено на 2010-02-01.
  3. „Hell's Angel“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]