Ангели (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ангели
Податотека:Casi angeles.jpg
Постер од серијата
Жанр теленовела
тин серија
Создадена од Крис Морена
Настапуваат Маријана Еспозито
Питер Ланзани
Марија Еухенија Суарез
Гастон Далмау
Николас Риера
Химена Барон
Емилиа Атијас
[[]]
[[]]
Кандела Ветрано
Бенхамин Амадео
Земја на потекло Аргентина Аргентина
Јазик шпански
Број на сезони 4
Број на епизоди 166 (прва сезона)
160 (втора сезона)
140 (трета сезона)
113 (четврта сезона)
Продукција
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Cris Morena Group и RGB Entertainment и А1 Телевизија (Македонија)
Емитување 21 март, 2007 – 28 мај, 2013
Официјална Веб-страница

Ангели (шпански: Casi Angeles) е аргентинска тинејџерска теленовела која во Македонија се прикажуваше на А1 Телевизија, а сега се прикажува на Сител Телевизија . Теленовелата во Аргентина својата премиера ја имала на 21 март 2007, но после нејзиниот голем успех била најавена и втората сезона која започнала неколку месеци по завршувањето на првата т.е после 15 ноември 2007. Серијата раскажува за неколку деца кои се посвоени од злобните Бартоломе и Хустина и живеат под нивен надзор во една вила. Но, причината поради која тие не се чувствуваат најдобро и сакаат да избегат од моменталниот живот е тоа што нивниот старател ги учи да крадат. Серијата има огромен успех во Аргентина, но најголема причина е креаторот на серијата, Крис Морена, кој ги создаде мега популарните Млади бунтовници, Флорисиента, Пиратска душа и др. Aктерската постава од серијата има основано и музичка група "Teen Angels" која ги задоволува фановите со концерти и има голем успех насекаде низ светот.

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Емилија Атијас Сиело Махико/Анхелес Инчаусти (1 и 2 сезона)
Паз Бауер (3 сезона и 1-5 епизода од 4 сезона)
Николас Васкез Николас „Нико“ Бауер (1 и 2 сезона)
Маријано Торе Камило Естрежа (3 сезона)
Хуан Круз Јорк (2 и 3 сезона)
Химена Барон Есперанса „Хоуп“ Бауер (3 и 4 сезона)
Питер Ланзани Тиаго Бедожа Агуеро (1,2,3,4 сеозна)
Маријана Еспозито Маријанела „Мар“ Таљарико Риналди (1,2,3,4 сезона)
Марија Еугенија Суарез Хасмин „Хас“ Ромеро (1,2,3,4 сезона)
Гастон Далмау Рамиро „Рама“ Ордоњес (1,2,3,4 сезона)
Николас Риера Хуан „Тачо“ Моралес (1,2,3,4 сезона)
Кандела Ветрано Естефанија „Тефи“ Елорди Риналди (1,2,3,4 сезона)
Пабло Мартинез Симон „Сајмон“ Родригес Арачавалета (2,3,4 сеозна)
Викторио Д'Алесандро Лука Франчини (2,3,4 сеозна)
Росио Игарзабал Валерија „Вале“ Гутиерес (2,3,4 сеозна)
Мариа Дел Серо Мелоди „Мел“ Паз (2,3,4 сеозна)
Агустин Сиера Игнасио „Начo“ Перес Алзаменди (1,2,3,4 сеозна)
Бенхамин Амадео Тео Горки (3 и 4 сезона)
Даниела Аита Каридад „Кари“ Мартинес Куеста (2 сеозна, 30 епизоди од 3 сезона, епизода 105 од 4 сезона и во последната епизода)
Стефано де Грегорио Леон „Жека“ Бенитес (1,2,3,4 сезона)
Даниела Колини Франсиска „Кика“ Заната (3 и 4 сезона)
Паула Река Луна (3 сезона)
Макси Река Педро (3 сезона)
Хаиме Домингез Хаиме (3 сезона и предпоследна епизода од 4 сезона)
Агустина Кордова Сол (3 сезона)
Алехо Гарсија Пинтос Бартоломе Бедожа Абдон Болестао Артемио Агуеро (1 и 2 сезона)
Хулија Калво Хустина Мерарда Мартинес Гарсија (1,2,3 и во последната епизода)
Фелиситас „Фели“ (1 и 2 сезона)
Алма (една епизода од 3 сезона)
Химена Акарди Малвина Бедожа Агуеро (1 и 2 сезона)
Лукас Фераро Маркос Ибарлусија (1 и 2 сезона)
Херардо Чендо Могли (1, крајот на 2 сезона и во последната епизода на 4 сезона)
Мануела Пал Франка Мајерхолд (2 сезона)
Николас Паулс Салвадор Кирога Хармс (2 сезона)
Лукас Креспи Хуан Далмасио (3 сезона)
Томас Рос
Томи Дунстер
Кристобал „Крис“ Бауер (1 и 2 сезона)
(Гостин глумец во 4 сезона - возрасен Кристобал)
Назарено Антон Матео „Монито“ (1 и 2 сезона)
Гуадалупе Антон Алели Ордоњес (1 и 2 сезона)
Флоренсија Кагнасо
Мерцедес Фунес
Луз Инчаусти (1 и 2 сезона)
(3 и 4 сезона - возрасна Луз)

Албуми[уреди]

Teen Angels 2007[уреди]

# Наслов Изведува
01 "Voy Por Más" Teen Angels и Emilia Attias
02 "No Te Rindas" Emilia Attias
03 "Dos Ojos" Emilia Attias и Nicolás Vázquez
04 "Casi Ángeles" Emilia Attias
05 "Valiente" Emilia Attias
06 "Che Bombón" Teen Angels
07 "Para Vos" Emilia Attias
08 "Todo Puede Ser Mejor" Nicolás Vázquez
09 "Tu Cielo" Nicolás Vázquez
10 "Escaparé" Mariana Espósito
11 "Ángeles Del Mundo" Teen Angels
12 "Te Amaré Por Siempre" Emilia Attias и Nicolás Vázquez
13 "Reina Gitana" María Eugenia Suárez
14 "Nenes Bien" Teen Angels
15 "Un Ángel" Emilia Attias
16 "Tan Alegre El Corazón" Emilia Attias и Teen Angels

Teen Angels 2008[уреди]

# Наслов Изведува
01 "A Decir Que Si" Teen Angels
02 "A Ver Si Pueden" Teen Angels
03 "Hay Un Lugar" Mariana Espósito
04 "Un Paso" Teen Angels
05 "Señas Tuyas" Emilia Attias и Nicolás Vázquez
06 "Nena" Peter Lanzani
07 "Puedo Ser" Mariana Espósito и María Eugenia Suárez
08 "Río De Besos" Emilia Attias
09 "El Espejo" Gaston Dalmau
10 "No Más Goodbye" Teen Angels
11 "De Cabeza" Peter Lanzani
12 "Alguien" Nicolás Vázquez
13 "Estoy Listo" Teen Angels

Teen Angels 2009[уреди]

# Наслов Изведува
01 "Que Nos Volvamos A Ver" Teen Angels
02 "Quién" Teen Angels
03 "Te Perdí" María Eugenia Suárez
04 "Cual" Teen Angels и Paz
05 "Una Vez Más" Peter Lanzani
06 "Hoy" Teen Angels
07 "Vuelvo A Casa" Teen Angels
08 "Pensando En Vos" Gastón Dalmau
09 "Un Día Más" Man
10 "Cuando Llegue Tu Amor" Emilia Attias и Mariano Torre
11 "Salvar La Paz" Teen Angels, Emilia Attias и Jimena Baron
12 "Siento" Mariana Espósito
13 "Por El Sí" Teen Angels
14 "Casi Un Sueño" Pablo Martinez

Teen Angels 2010 [уреди]

# Наслов Изведува
01 "Vos Ya Sabes" Teen Angels
02 "Donde Estás" Peter Lanzani
03 "Quiero Salir Del Paraíso" Mariana Espósito и María Eugenia Suárez
04 "Me Voy" Mariana Espósito
05 "Estoy Aquí Otra Vez" Teen Angels
06 "Cambiar De Aire María Eugenia Suárez и Веnjamin Amadeo
07 "Hoy Te Ví" Teen Angels
08 "Abre Tus Ojos" Gastón Dalmau и Rocio Igarzabal
09 "Solo Amigos" Man
10 "Resiste" Teen Angels
11 "Por Eso Estoy Preso" Teen Angels
12 "Miedo A Perderte" Teen Angels
13 "Bravo Por La Tierra" Teen Angels
петти албум Име на песна Кој ја пее
1 Que llegue tu voz Тин Енџлс
2 Y si alguna vez Тин Енџлс
3 Mirame, mirate Тин Енџлес
4 Loco Тин Енџлс
5 Mi corazon Тин Енџлс
6 La vida es mejor cantando Тин Енџлс
7 Dime por que Маријана Еспосито
8 Me envenena Тин Енџлс
9 Demaciadas veces Тин Енџлс
10 Pensando en vos Тин Енџлс
11 Que llegue tu voz Тин Енџлс

Синопсис[уреди]

Прва сезона[уреди]

Првата сезона ги претставува најосновните односи на ликовите. Се запознавме со Сиело Махико, која поради игри на судбината се вработува како слугинка во една куќа. Каде поради сплет на околностите, го запознава младиот и згоден археолог Николас Бауер. Кој претставува нејзин главен љубовен интерес. Дејството во поголем дел се центрира околу злобните планови на сопствениците на куќата, Бартоломе „Барто“ Бедожа Агуеро и неговата верна помошничка и подоцна љубовничка Хустина Гарсија.

Двајцата во очите на народот водат дом за деца, кои ги третираат одлично, додека скришум ги малтретираат, злоупотребуваат и експлотираат, изложувајќи ги на тежок уличен живот и кражба. Четири од децата се тинејџери и тоа: Маријанела, Рама, Тачо и Хасмин. Мар претставува млада девојка која вљубена во синот на Бартоло, Тијаго не ја забележува љубовата од Рама. На нејзиниот пат стојат Тефи, Начо и другите другари на Тијаго од високото друштво. Рама е младо момче кое заедно со својата помлада сестра Алели се обидува да живее нормален живот, несреќно вљубен во Мар. Тачо е најцврстото и најсилното дете од сите деца и е вљубен во Хасмин. Хасмин пак од друга страна е циганка која е доста суеверна и секогаш подготвена на разни цигански игри и ритуали, која е ставена во средина на љубовен триаголник од Тачо и младиот богаташ од соседството Начо.

Покрај сè, најважни работи во оваа сезона се обидите на Барто и Хустина за Сиело да не ја открие вистината за своето потекло, ниту пак својата скриена сестра во подрумот на куќата за која дури ниту Барто не знае. Малвина сестрата на Барто претставува главна пречка помеѓу Сиело и Нико, заедно со штотуку дојдениот археолог во соседтвото Марк, која подоцна служи како главен антагонист во серијата после Барто, со откривањето на својот вистински идентитет Ибралусија.

Втора сезона[уреди]

Сезоната започнува три месеци по настаните од првата сезона. Сиело која претходно беше абсорбирана од куќниот часовник, е мистериозно исчезната, а всушност е во влезена во нова димензија каде го запознава Тик-Так така наречениот ангел чувар, кој ја подготвува за понатамошните опасности, кои во тоа време не се откриени.

Николас Бауер по загубата на Сиело решава да ги пронајде исчезнатите Малвина и Кристобал, со што ангажира специјален тим со кој ги бараат насекаде, незнаејќи дека се загубени во шумата во која тимот се наоѓа. Нико по патот да ги пронајде наидува на свој далечен пријател Салвадор со чија помош ја продолжува потрагата. На крајот ги наоѓа токму навреме кога Малвина добива породилни болки, и Нико и помага во пораѓањето со што на свет ја донесува својата ќерка Есперанса.

Во меѓувреме во куќата која сега е под раководство на Нико, е целосно трансформирана во вистинско весело место со помош на Фелиситас, која решава да остане да живее во куќата. Истовремено Тијаго, Мар, Рама, Хасмин и Тачо со новото училиште се на одмор на кој му се ближи крајот. Таму нивните врски се ставени на тест, некои од нив откриваат и нови љубовни интереси, а се раѓаат и ривалства.

Како главен антагонист во првата половина од сезоната се појавува Франка. Мистериозна и бестрашна, но прекрасна млада девојка која привлечена од неодамнешните електромагнетски полиња околку куќата на Сиело решава да се пресели во поранешната куќа на Николас Бауер. Таа тајно работи за скришна организација позната под името „CC“. Заедно со својот помошник Лука кој го тера да се влезе во куќата како уште еден невин бездомник малку помалку вградува импланти на секој од децата. Уште од првата епизода тајната корпорација ја киднапира Фелиситас за време на нејзината посета на својата сестра Хустина и ја става во затвор на местото на Хустина и обратно. Со што Хустина преправена во Фели навлегува во куќата и почнува да соработува со Франка.

По потребното обучување на Сиело, таа се наоѓа сама и напуштена повторно во нормалата и го запознава Салвадор, пријателот на Нико, со кој развива цврста врска која завршува со брак на кој конечно Нико открива дека жената со која Салвадор се жени е исчезната Сиело која не покажува знаци дека воопшто памети некој од својот минат живот. Нико неможејќи да се сноси со загубата на Сиело (пред да дознае каде е) се препушта на страста и започнува врска со својата соседка Франка која почнува да манипулира со него.

Дејството кулминира во средината на сезона каде Франка е разоткриена и е откриено дека над неа постои посилен човек кој раководи со целата корпорација под името Хуан Круз. Од овој момент па натаму се редат низа настани поврзани со Хуан Круз, кои конечно доведуваат до неговото разоткривање и финална пресметка помеѓу него и Тијаго, кој всушност излегува негов син.

Меѓу гореспоменатите настани помеѓу помладите улоги се раѓаат нови врски и ривалство. Исто така се преставени и нови ликови во оваа сезона. Симон, младо и чесно момче кое се вљубува во Мар, а е истот така најдобар другар на Тијаго што доведува до љубовен триаголник. Мелоди, за која Мар дознава дека е всушност девојката со која Тијаго имал летна авантура, се појавува во градот и решава да ја обнови својата врска со Тијаго, што создава уште еден тираголник. Набргу Мар и Тијаго ги прекинуваат своите врски и започнуваат заедничка врска со таа цел повеќе да не страдаат. Ова доведува до одалечување на Симон од останатите и до зближување на Мелоди со Тефи и останти ученици од средното училиште. Тефи (негативец од прва сезона) заедно со другите се преселува во куќата на Нико бидејќи нејизната мајка не е во градот, и иако во првата сезона изгледа како површна личност подоцна во втора сезона дознаваме нешто повеќе за нејзиниот лик и причините за нејзините постапки. На крајот испаѓа дека и е сестра на Мар (и како сестрите Риналди заедно се многу посилни) и Лука (инфилтриран во куќата од страна на Франка) се заљубува во Тефи и полека престанува да биде од страна на организацијата "СС".

Меѓу овие ликови воведени се и други ликови меѓу кои: Каридад, Валерија, Мат, Чарли, Кендра и др. Каридад е млада девојка од провинција која се вселува во куќата. Валерија е девојка која служи како љубовен интерес на Рама која исто така се вселува во домот. Мат служи како љубовен интерес на Хасмин на почетокот од сезоната. Чарли претставува уште еден член на корпорацијата „CC“, кој и помага на Франка, а подоцна и и ја зазема и нејзината позиција, и Кендра која е воведена во средината на сезоната и се претставува како мајката на Тијаго, која боледува од тешка болест, скришум работејќи за Хуан Круз.

Трета сезона[уреди]

Дејството во третата сезона се случува 22 години подоцна од случувањата на втората сезона која заврши со конечно отворање на златната книга и кoja поголем дел од главните ликови ги испраќа на различни места низ целиот свет, 22 години во иднината. Тијаго ќе се најде сред пустина, Мар ќе биде на планина со снег на која ќе биде лизгаво, Рама ќе падне на урнаритини и карпи, Хасмин ќе падне во водите на еден водопад, Тачо ќе се најде покрај пештери, Тефи ќе биде во камион полн со овци и добиток, Лука ќе се најде сред пожар, Хустина ќе падне во дупка за гроб односно ќе падне на гробишта, Валерија ќе биде на мост на автопат, Симон ќе биде во една кочија управувана од еден дедо, Мелоди ќе се најде во една валкана река, Начо ќе биде на сред градилиште и прашини, Каридад ќе падне во базен во еден хотел, Жека на висорамнина... сите ќе бидат на различни места низ светот, потоа полека полека, ќе се формираат во 4 групи и тоа: Тефи, Тина, Начо и Рама; Лука, Шека, Каридад и Вале; Тиаго, Симон и Хазмин; Мар, Мелоди и Тачо и на крај ќе се најдат сите на едно место. Одма после тоа Есперанса (Хоуп), доаѓа со еден камион, и сите влегуваат во него, со кој подоцна ќе стигнат до училиштето Мандалај, во кое директор е Камило Естрежа, а тука е и Паз Бауер, ќерката, на Сиело и Нико. Во почетокот, децата ќе си мислат дека таа е Сиело, но подоцна ќе сфатат, и се ќе се среди.

Исто така, малку подоцна, дознаваат за едно видео, коешто Есперанса од иднината, му го дава на Камило, и тука е и пророштвото што ако се случи - светот е осуден на хаотична судбина. Откако ќе го видат видеото, Паз ќе одлучи на денот кога Хуан Круз ќе треба да ја убие Паз сите да се на различна страна, за така пророштвото да не може да се оствари. Тоа е во 7 на пладне, и сите одат на различни страни, но така сите прават големи грешки.На пример, Мелоди оди кај Тачо, во хотелот со 5 звездички, Мар и Тијаго гледаат една црква и наместо да ја избегнат, тие влегуваат внатре, Мар оди во веце, а Тијаго го киндапираат, Хазмин ќе ја ранат, Тина во брзање ќе го прегази на Тео, а Сол му помага на Хуан Круз за тој да може да ја убие на Паз... Тефи,Рама, Вале, Начо, Кика, Хаиме, Луна и Педро седат во Мандалај, бидејќи нивното пророштво веќе "се случи" благодарение на вештините на Хуан Круз. Подоцна во серијата како непријател се појавува Министерката, за која на крајот на трета сезона се дознава дека е Луз (сестрата на Сиело) која како мала била киднапирана и е манипулирана.


Актерот кој го толкува Николас Бауер, ја напушта серијата поради лични причини, а неговиот лик е целосно тргнат. Додека пак актерката која ја толкува Сиело се враќа во серијата, но во улогата на ќерката на Сиело и Николас, Паз. Тука ќе биде и ќерката на Нико и Малвина, Есперанса. Машкиот протагонист е Маријано Торе, кој во втората сезона го глуми Хуан Круз, а во третата го глуми синот на Хуан Круз, Камило Естрежа.

Четврта сезона[уреди]

Во третата сезона на Ангели се запознавме со значењето на нивното патување. Тие патуваа во иднината со мисија да ја спасат Пас, но и да го спасат мирот на светот, кој е пред уништување. Во крајот на третата сезона, Шефицата на Министрите која се дознава дека е Луз, помалата сестра на Сиело, заедно со нејзината корпорација фрли гас-бомби во разни околини. Некои беа фатени на денот на бомбите, но некои не. Фатените личности сега се дел од новиот свет НЕ (Нова Ера), а они кои успеале да избегаат од Владината корпорација на денот на бомбите го формираат Отпорот.

Производителката на серијата, Крис Морена, одлучила на телевизија, преку нејзиниот талент, да го приказже она што се случува во светот.

На фатените личности им се избришани претходните спомени и им се аплицирани нови. Така тие сега се сосема нови личности. Фатени се: Мар, Хасмин, Рама, Жека, Начо, Тео и Есперанса. Процесот на бришење на спомените на сите нив успеал освен на Есперанса. Таа ќе се поврзе со личностите од отпорот (Тиаго, Тачо, Симон, Лука, Џони, Вале, Тефи и Мелоди) и ќе им помогне на оние кои се жртви на Владината корпорација да си ги вратат своите спомени назад. Подоцна ќе бидат фатени, прво Симон, а потоа и Вале на кои исто така ќе им бидат избришани спомените.

Уште една од мистериите на оваа сезона е тоа кои се вистинските родители на двете посвоени керќи на Луз. Алаи, се дознава дека всушност е ќерка на Хасмин и Тачо. Таа била киднапирана од Луз во 2018 година. За Нина можете да прочитате подолу, по објаснувањето за г-дин Џеј.

Се дознава дека главниот на Владината корпорација и причината за уништувањето на светот е г-дин Џеј, чиј идентитет е главната мистерија на оваа сезона. На децата од Отпорот ќе им помага т.н. Професор, кој е Тиаго во иднината. Тој открива дека Џеј е Симон кој е дојден од уште подалечната иднина за да ѓи фрли бомбите низ целиот свет. Џеј т.е. Симон ја киднапирал Луз, но не и ги избришал спомените, едноставно и аплицирал дека Сиело и Нико ја исфрлиле на улица. Поради тоа Луз ги мрази нејзините чичковци и тетки. Нина е всушност клон на керката на Џеј т.е. на керката на Симон и Вале. Четвртата сезона претставува вториот дел од исполнувањето на мисијата на децата. Во третата сезона ја спасија Пас, а во четвртата треба да го спасат мирот на светот, но како? Мирот на светот нема да биде нарушен доколку не постои Џеј. Така Симон бидејки не сака да се претвори во Џеј се согласи кога неговите другари ќе се вратат во нивното време (2010) тој да отиде во некое друго време каде што нема никој да познава и нема да има причина да се претвори во Џеј. Така тој и Тиаго отидоа во 2068 за Симон да остане таму каде што светот е сосема уништен. Но бидејки тоа што младиот Симон го гледа се претвара во спомен на Џеј Тиаго направи план во кој тој глуми како го убива Симон. Така Џеј ги остави на мира Тиаго и Симон. Кога децата се вратија во 2010 година веќе никој на светот не може да патува низ времето, па така Симон, заедно со Вале која преку нејзиното пишување отиде во 2068ма година неможат да се вратат во 2010 и така Џеј никогаш нема да постои, и вториот дел од мисијата е исполнет.Професорот е Тијаго.

Паровите на крајот останаа како во втората сезона, освен тоа што Рама остана со Кика која отиде со нив во 2010, Мелоди остана со Тео со кој има и бебе Амадо, и да и Тео исто така отиде во 2010, и Симон и Вале, останатите парови се исти. Приказната е слична како денешното случување во светот поврзано со групата Илуминати, но во поекстремна верзија.

Надворешни врски[уреди]