Ангаур

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Местоположба на Ангаур во Палау.

Ангаур или Нгеаур (јапонски: |アンガウル) е остров и сојузна држава во островската држава Палау. Островот има вкупна површина од 8 km² и население од 188 жители според пописот од 2002 година. Административен центар на сојузната држава е селото Нгеремасч. Источно од ова село се наоѓа селото Роис.

Од 1909 до 1954 година на островот бил активен рудник за фосфат. Првично рудникот бил отворен од Германците, а потоа бил управуван од Јапонците и на крај Американците. На островот се одвивала значајна битка за време на Втората светска војна.

Ангуар се наоѓа југозападно од Пелелиу и е популарно место за сурфање. На островот може да се пристигне со бродови и мали авиони. Источниот дел од островот е воглавно песочен, а на западниот дел има мала лагуна со рибарско и транспортно пристаниште. Според „CIA Factbook“, официјалните јазици на островот се јапонски, англиски и ангаурски јазик.[1][2] Ангаур е единственото место надвор од Јапонија каде јапонскиот е службен јазик.

Наводи[уреди]

  1. „CIA - The World Factbook -- Field Listing :: Languages“. Central Intelligence Agency. архивирано од оригиналот на 17 февруари 2010. http://www.webcitation.org/5ncBXKnx7. конс. 17 февруари 2010. 
  2. Lewis, Paul M. (ed) (2009). „Languages of Palau“. SIL International. архивирано од оригиналот на 17 февруари 2010. http://www.webcitation.org/5ncBmM3tC. конс. 17 февруари 2010. 

Поврзано[уреди]