Ана Комнена

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ана Комнен или Ана Комнена (грчки: Άννα Κομνηνή; 1 декември 1083-1153) била византиска принцеза, научник и најстара ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен и на императорката Ирина.[1] Таа ја напишала Алексијадата, посветена на владеењето на нејзиниот татко.[2] Ова дело ја прави една од првите жени историчари во западниот свет.

Семејството и детството[уреди]

Ана била родена во Пурпурната соба на царскиот дворец во Цариград. Затоа била нарекувана и порфирогенита што означува дека била родена во пурпурно - односно додека нејзиниот татко бил на власт.[3][4] Таа е најстара од седум деца. Нејзините помлади браќа и сестри се (по редослед на раѓањето): Марија Комнен, Јован II Комнен, Андроник Комнен, Исак Комнен, Евдокија Комнен, Теодора Комнен, Мануел Комнени и Зоја Комнен.[3]

Во Алексијадата Ана ја нагласува нејзината приврзаност кон родителите Алексиј и Ирина.[5] Покрај останатото, во Алексијадата Ана ја покажува својата близина кон семејството и при опишувањето на сцената, кога нејзината мајка Ирина е бремена и чека два дена за да се породи за да може на пораѓањето да присуствува и Алексеј Комнен.

Некои современи историчари сметаат дека Ана ја пишува Алексијадата „како доказ за послушноста кон своите родители“, и како демонстрација на нејзината љубов кон семејството[6].

Во Алексијадата таа пишува за нејзиното рано детство. Вели дека била подигната од страна на поранешната царица, Марија од Аланија, кој била мајка Константин Дукас - првиот вереник на Ана Комена.[6] Фактот што Ана била израсната од страна нанејзината идна свекрва било вообичаено во средновековието.[6]

Образование[уреди]

Таа била добро образована и имала големи познавања од историјата, математиката, науката и грчката философија. Средновековниот учен Никита Хонијат вели дека Ана „беше посветена на изучување на филозофијата, кралицата на сите науки и имала познавања од сите други научни полиња“.[7] Некои современи историчари сметаат дека нејзиното образование е одговорно за нејзината самосвесност.[8]

Родителите ѝ го забранувле од проучувањето на античката поезија (чија глорификација на блудните богови и на неверните жени ги сметале за несоодветни, па дури и опасни за една млада жена од нејзината класа). И покрај обидите на нејзините родители да се ограничи, Ана тајно ја проучувала забранетата поезија со еден од скопците во царскиот двор. Така, таа се здобила со вонредно образование што несомнено ја прави една од најпознатите образовани жени на своето време.

Брак[уреди]

Како што било вообичаено за благородништвото во средновековието, Ана била свршена уште како дете. Таа требало да се омажи за Константин Дука, син на царот Михаил VII и Марија на Аланија. Со оглед на тоа што во тоа време царот Алексеј I немал машки наследник, младиот Константин бил прогласен за ко-император на Византија. Меѓутоа, во 1087 наследникот по крв, Јован II Комнен, е роден, и Константин требало да се откаже од неговото право на престолот. Тој умрел набргу потоа.

Во 1097, 14-годишната Ана Комнена се мажи за млад благородник, на Цезар Никифор Брениј. Никифор потекнувал од аристократско семејство, кое имало претензии на престолот пред Алексеј I да стапи на него. Никифор бил исто така и признат државник, генерал и историчар. Ана тврдела дека бракот повеќе претставувал политички сојуз, отколку љубов. Во најголем дел, бракот сепак, се покажал како успешна унија во текот на четириесет години. Тие имале четири деца: Алексеј Комнени, Јован Дука, Ирина Дукина, и Марија Бренина Комнена.

Амбиции за царскиот престол[уреди]

Уште како дете Ана претпоставувала дека таа еден ден ќе ја води империја, сон разнишана со раѓањето на нејзиниот брат. Ана сепак сметала дека таа и нејзиниот сопруг треба да ја преземат титулата на Цар наместо него. Затоа, таа нејзиниот сопруг и нејзината мајка, Ирина Дукина, во неколку наврати се обиделе да го лишат од наследство нејзиниот помлад брат Јован, во интерес на сопругот на Ана. Во тоа време татко ѝ бил слаб и пред крај на својот живот.[9] Сепак, тие не успеале во своите намери, а во 1118 Јован II го преземал престолот.[10]

Обидите на Ана за узурпирање на царската круна остануваат, а во 1118 таа повторно спрема заговор за отстранување на нејзиниот брат и негова замени го со Никифор (нејзиниот сопруг). Сепак, планот пропаднал кога во последен момент Никифор одбил да соработува. Разочарана од слабоста на нејзиниот сопруг, Ана избувнува и вели дека „природата ги погрешила нашите полови.“[9] Заговорот бил откриен, а Ана требало да се откаже од нејзиниот имот, од статусот на припадник на царското семејство и била испратена во егзил во еден манастир кој бил основан од нејзината мајка. Мајката на Ана, нејзината сестра Евдокија побегнале заедно со неа. Иронично, Никифор останал во кралска палата и станува еден од најблиските советници царот Јован.

Ана Комнена - историчар[уреди]

Ана Комнена како како калуѓерка ја напиша Алексијадата, во 15 томови, во која го велича животот на нејзиниот татко. Алексијадата го опфаќа периодот помеѓу 1069 и 1118 година, кога нејзиниот татко починал. Книгата ја дополнила пред својата смрт со историски материјал што го добила од нејзиниот сопруг. Книгата веројатно била завршена во 1148.

Најмногу место во Алексијадата таа посветува внимание на односот на крстоносците и на Византиската империја. Во своите текстови таа пишува со потсмев за крстоносците.

По завршувањето на Алексијадата, Ана Комнена продолжила да живее како калуѓерка во манастирот, каде што починала 1153 година.

Литература[уреди]

  1. "Anna Comnena" in the Catholic Encyclopedia.
  2. Anna Comnena, The Alexiad, преведена на англиски од Elizabeth A. Dawes во 1928
  3. 3,0 3,1 Anna Komnene, The Alexiad, translated by E.R.A. Sewter, ed. Peter Frankopan, (New York: Penguin, 2009)
  4. Пурпурната била сметана за царска боја.
  5. Dion C. Smythe, “Middle Byzantine Family Values and Anna Komnene’s Alexiad,” Byzantine Women: Varieties of Experience, ed. Lynda Garland, (New Hampshire: Ashgate, 2006)
  6. 6,0 6,1 6,2 Angeliki Laiou, “Introduction: Why Anna Komnene?” Anna Komnene and Her Times, ed. Thalia Gouma-Peterson, (New York: Garland, 2000)
  7. Niketas Choniates, O City of Byzantium: Annals of Niketas Choniates (Michigan: Wayne State University Press, 1984)
  8. Carolyn R. Connor, Women of Byzantium (Connecticut: Yale University Press, 2004)
  9. 9,0 9,1 Susan C. Jarratt and Ellen Quandahl, ““To recall him…will be a subject of lamentation: Anna Comnene as a rhetorical historiographer” in Rhetorica: A Journal of the History of Rhetoric (2000): 305-308, accessed April 21, 2011.
  10. Barbara Hill, “Actions speak louder than words: Anna Komnene’s attempted usurpation,” in Anna Komnene and her times (2000): 46-47.