Ана Винтур

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Anna Wintour
A woman with brown bobbed hair and green eyes wearing a print top with black collar and two necklaces with blue and purple stones
Wintour at a 2009 show of Sienna Miller's Twenty8Twelve line
Роден/а ноември 3 1949 (1949-11-03) (64 г.)
London, United Kingdom
Занимање Magazine editor, fashion journalist
Наслов Editor-in-chief, U.S. Vogue
Семејство Patrick, James, and Norah (siblings); Charles (father)
Сопружник David Shaffer (divorced)
Деца Charles and Katherine ("Bee")
Етничка припадност English
Notable credit(s) Editorial assistant, Harpers & Queen, Harper's Bazaar; fashion editor, Viva, Savvy, New York; creative director, U.S. Vogue; editor-in-chief, British Vogue and House & Garden

Ана Винтур, РБИ (родена на 3 ноември 1949 година) е британскиот главен и одговорен уредник на американското издание на Vogue, позиција на која е уште од 1988 година. Со нејзиниот заштитен знак кратката “bob” фризура и очилата за сонце, Винтур стана институција во светот на модата, насекаде возвишувана поради нејзиното чувство за модни трендови и поддршката на млади дизајнери. Нејзината наводна резервираност и тежок карактер и го наметнаа прекарот “Нуклеарна Винтур”.

Таа е најстарата ќерка на Чарлс Винтур, уредник на лондонскиот Evening Standard. Ана се заинтересирала за модата како тинејџерка. Татко и ја советувал како да го направи списанието соодветно за младината во оваа доба. Нејзината кариера во модното новинарство започнала во две британски списанија. Подоцна се преселила во Америка, со обврски во списанијата New York и House & Garden. Се вратила дома на една година за да се насочи кон британскиот Vogue, а подоцна да ја преземе контролата врз списанието во Њујорк, обновувајќи го она што многумина го сметаа за издание во мирување. Нејзиното користење на списанието за да влијае на модната индустрија беше тема на дискусија. Активистите за правата на животните ја напаѓаа за промовирање на крзно, додека други критичари ја обвинија за користење на списанието за промовирање елитистички гледишта на женственоста и убавината.

Поранешната лична асистентка, Лорен Веисбергер, го напиша романот-бестселер од 2003 година Ѓаволот носи Прада, подоцна успешен филм со Мерил Стрип во улога на Миранда Присли, моден уредник за кој се верува дека е заснован на Ана Винтур. Во 2009 година, таа беше целта и на друг филм, Септемврското издание на Р.Џ.Катлер.

Содржина

1 Семејство

2 Почеток на животот

3 Кариера

 3.1 Од мода до новинарство
 3.2 Њујорк
 3.3 Condé Nast
 3.4 1990-те
 3.5 2000-те
 3.6 Моќен брокер во модната индустрија

4 Приватен живот

 4.1 Лични модни склоности
 4.2 Политика

5 Ѓаволот носи Прада

 5.1 Филмска адаптација

6 Други критики

 6.1 Карактер
 6.2 Став за крзното
 6.3 Елитизам
 6.4 Одговор на критиките

Семејство Винтур е родена во Лондон во 1949 година како дете на Чарлс Винтур (1917-1999) уредник на Evening Standard и Еленор (“Нони”) Трего Бејкер, ќерка на професор по право на Харвард. Двојката се венчала во 1940 година и се развела во 1979 година. Винтур го добила своето име по нејзината баба, Ана (Гилкисон) Бејкер, ќерка на трговец од Пенсилванија. Одри Слотер, уредник на списанија и основач на изданија како Honey и Pettycoat,е нејзина маќеа. Романсиерката од крајот на 18 век Лејди Елизабет Фостер, војвотката од Девоншир, е пра-пра-пра-прабаба на Винтур, а Сер Август Вер Фостер, последниот баронет со тоа име, е нејзин правујко.

Тројца од четворицата браќа и сестри се живи. Нејзиниот постар брат, Џералд, загинал во сообраќајна несреќа како дете. Еден од помалите браќа, Патрик, е исто така новинар, моментално политички уредник на The Guardian. Џејмс и Нора Винтур работеле во локалната влада на Лондон, односно за меѓународни невладини организации.

Почеток на животот

Младата Винтур е образована во независната Академска Школа во северен Лондон, каде често се спротивставувала на кодексот на облекување со вадење на рабовите од нејзините здолништа. На 14-годишна возраст почнала да носи кратка “bob” фризура. Се заинтересирала за модата како редовен гледач на Кети МекГован во Ready Steady Go!, и од изданијата на Seventeen кои и ги испраќала баба и од Америка. “Мора да носете вреќа на главата и да растете во Лондон во 60-те години, а да не знаете дека нешто необично се случува во светот на модата” се сеќава таа. Нејзиниот татко често пати се консултирал со неа кога разгледувал идеи за зголемување на бројот на младите читатели на пазарот.

На 15-годишна возраст таа почнала да се гледа со постари мажи со “добри врски”. Кратко била поврзувана со Пирс Пол Рид, кој тогаш имал 24 години. Во подоцнежните тинејџерски години, таа и трач-колумнистот Најџел Демпстер станале елементи во кругот на Лондон клубот.

Кариера

Од мода до новинарство

“Навистина мислам дека мојот татко одлучи за мене дека треба да работам со мода” се сеќава таа во Септемвриското издание. Тој ја средил првата работа на својата ќерка, во влијателниот бутик Biba, кога таа имала 15 години. Следната година, таа ја напуштила Школата во северен Лондон и започнала програма за обука во Harrods. По наредба на нејзините родители, таа посетувала и часови за мода во училиште во близина. Наскоро се откажала од нив, велејќи “Или ја познаваш модата или не.” Уште едно постаро момче, Ричард Невил, и го овозможил нејзиното прво искуство во неговата продукција на популарното и контроверзно списание Oz.

Во 1970 година, кога Harper’s Bazaar UK се соедини со Queen за да постане Harper’s & Queen, Винтур беше ангажирана како една од првите уреднички асистенти, почнувајќи ја својата кариера во модното новинарство. Им кажала на своите соработници дека сака да го уредува Vogue. Додека била таму, ја открила манекенката Анабел Ходин, соученичка од северен Лондон. Нејзините врски и помогнале да си обезбеди локации за иновативни фото снимања на Хелмут Њутн и други трендовски фотографи. На едно од нив биле реконструирани делата на Реноар и Моне со модели во чизми до колена. По ужасните несогласувања со новиот уредник Мин Хог, ривал, таа дала отказ и се преселила во Њујорк со нејзиното момче, хонорарниот новинар Џон Бредшо.

Њујорк

Во нејзиниот нов дом таа станала помлад моден уредник во Harper’s Bazaar во Њујорк во 1975 година. Оригиналните фото снимања на Винтур го предизвикале уредникот Тони Мазола да ја отпушти по девет месеци. Се запознала со Боб Марли преку еден од пријателите на Бредшо, и исчезнала со него една недела. Неколку месеци подоцна, Бредшо и помогнал да ја добие нејзината прва позиција како моден уредник во Viva, женско списание за возрасни основано од Кети Китон, тогашна жена на издавачот на Penthouse Боб Гучионе. Таа ретко дискутира за нејзиното работење таму поради тие врски. Ова е првата работа на која можела да вработи личен асистент, што било почеток на нејзината репутација на напорен и тежок шеф.

Кон крајот на 1978 година, Гучионе го затворил непрофитабилното списание. Винтур одлучила да не работи некое време. Раскинала со Бредшо и започнала врска со француски продуцент Мишел Естебан, делејќи го своето време две години помеѓу Париз и Њујорк. Се вратила на работа во 1980 година, наследувајќи ја Елса Кленш како моден уредник во ново списание за жени Savvy. Било предодредено да им се допадне на професионални жени со кариера кои трошат свои сопствени пари, читателот кој подоцна за Винтур ќе биде целта во Vogue.

Следната година, таа станала моден уредник во New York. Таму, модата се ширела и фото снимањата кои ги склопувала со години конечно почнале да привлекуваат внимание. Уредникот Едвард Коснер понекогаш прекршувал строги правила за неа и и дозволувал да работи и во други делови од списанието. Преку работата за насловната страна со Рејчел Ворд дознала колку ефективно славните личности на насловна го продаваат изданието. “Ана го предвиде ова со славните личности пред кој било друг” рече Грејс Кодингтон три децении подоцна. Поранешен колега средил за интервју со уредничката на Vogue Грејс Мирабела кое завршило кога Винтур и рекла на Мирабела дека ја сака нејзината работа.

Condé Nast

Таа подоцна отишла да работи во Vogue кога Алекс Либерман, редакциски директор на Condé Nast, издавач на Vogue, разговарал со Винтур за позиција таму во 1983 година. Таа на крајот прифатила по војната со наддавање која двојно и ја зголемила платата, станувајќи првиот креативен директор на списанието, позиција со нејасно дефинирани одговорности. Промените во списанието што таа ги направила биле често без знаење на Мирабела, предизвикувајќи конфликт меѓу вработените. Почнала да се гледа со психијатарот за деца Дејвид Шафер, стар познаник од Лондон. Се венчале во 1984 година.

Една година подоцна, го остварила своето прво уредништво, преземајќи го британскиот Vogue по пензионирањето на Беатрикс Милер. Штом станала одговорна, заменила многу вработени и имала многу повеќе контрола врз списанието од кој било друг уредник, патем заслужувајќи си го прекарот “Нуклеарна Винтур”. Уредниците кои биле задржани таму почнале да го именуваат тој период како “Винтурот на Нашето Незадоволство”. Нејзините промени го извадиле списанието од својата традиционална ексцентричност во насока повеќе слична на американското издание. Идеалниот читател ан Винтур била истата Savvy жена до која сакала да допре. “Постои нов вид на жена” изјавила за Evening Standard. “Таа е заинтересирана на бизнис и пари. Нема веќе време за шопинг. Таа сака да знае што, зошто, каде и како.”

Во 1987 година се вратила но Њујорк за да го преземе House & Garden. Нивниот тираж веќе долго заостанувал по оној на ривалот Architectural Digest и Condé Nast се надевале дека таа ќе го поправи тоа. Повторно направила радикални промени во кадарот и изгледот, откажувајќи фотосесии и статии вредни 2 милиони долари во нејзината прва недела таму. Таа вметнала толку многу мода во фотосесиите што списанието во индустријата станало познато како House & Garment, а поради славните личности го нарекле Vanity Chair. Овие промени ги влошиле проблемите во списанието. Кога името било скратено во HG, многу стари претплатници мислеле дека добиваат ново списание и го ставале настрана чекајќи го вистинското списание да пристигне. Повеќето од овие претплати на крај биле откажани, а со доаѓањето на нови модни огласувачи си заминале традиционалните огласувачи на списанието.

По десет месеци таа конечно станала уредник на Vogue. Под раководство на Мирабела, списанието повеќе било фокусирано на начинот на живот во целина, отколку на мода. Луѓето во оваа индустрија се загрижиле дека ја губи предноста пред неодамна воведеното американско издание на Elle.

По огромните промени во кадарот, Винтур исто така го сменила и стилот на насловните фотографии. Мирабела преферирала збиени фотографии на глави од познати модели во студио; насловните на Винтур покажувале малку повеќе кожа и биле снимени на отворено, како оние на Дијана Вриленд пред многу години. Таа најмувала помалку познати модели, и комбинирала евтина облека со висока мода – првото издание за кое била одговорна, во ноември таа година, го красела 19-годишната Михаела Беркју во избледени фармерки од 50 долари и накитена маичка од Кристијан Лакроа вредна 10 000 долари. За прв пат модел од насловната на Vogue носел фармерки. “Пристапот на Винтур беше полн погодок – на овој начин вистинските жени комбинираат облека (со веројатниот исклучок на маичките од повеќе илјади долари)” вели еден критичар. На насловната од јуни 1989 година, друг модел бил прикажан со мокра коса, само во бањарка и без видлива шминка. Фотографите, шминкерите, фризерите, како и моделите ги добиле своите заслуги.

1990-те

Под нејзино уредништво, списанието го пренасочило својот фокус кон модата и се вратило на значајната положба од времето на Вриленд. Vogue ја држел својата позиција на лидер на пазарот против тројца кандидати: Elle; Harper's Bazaar, што ја оддалечи Лиз Тилберис, најистакнатиот заменик на Винтур, и Mirabella, списание кое Руперт Мурдок го создал за отпуштениот претходник на Винтур. Нејзин најголем конкурент бил во компанијата: Тина Браун, уредник на Vanity Fair и подоцна на The New Yorker.

На крајот на деценијата, уште една личност од потесниот круг на Винтур останала да го води Harper’s Bazaar. Кејт Бетс, која се сметала за потенцијален наследник на Винтур, го проширила опсегот на списанието со објавување на статии со поостар карактер, како жените во политиката, уличната култура и финансиските проблеми на некои познати дизајнери. Таа исто така го додала и “Index” делот, неколку страници со совети со цел да се оттргнат од списанието. На состаноците со вработените, таа се здобила со почитта на Винтур како единствената личност која јавно и се спротивставила.

Тие две почнале да не се согласуваат околу насоката на списанието. Бетс мислела дека модата во списанието станува се поограничена. Винтур, пак, сметала дека статиите со популарни културни видици кои ги одредувала Бетс биле под нивото на нивните читатели, и почнала да ја споредува Бетс со Плам Сајкс, која Бетс ја презирала како “вообразена глупачка”. На крај таа напушта, жалејќи се во New York Times дека Винтур дури не и ни испратила подарок за бебето. Винтур напишала писмо до уредникот со комплименти за Бетс во кое и посакува се најдобро.

2000-те

Бетс била една од неколкуте долгогодишни уредници кои го напуштиле Vogue околу 2000 година. Една година подоцна, Сајкс, уште еден наводен наследник, си заминала за да се фокусира на своите бестселери за високите кругови во градот и на сценариото. Голем број уредници исто така напуштиле за да го преземат врвот на други изданија. Бидејќи некои од нивните замени не траеле долго, била формирана нова, основна група на уредници.

Септемвриското издание од 2004 година имало 832 страни и било најголемото издание на месечно списание воопшто издадено во тоа време, оттогаш надминато од септемвриското издание од 2007 година за документарецот на Катлер. Таа исто така ги надгледувала трите нус-изданија: Teen Vogue, Vogue Living и Men’s Vogue. Teen Vogue имал објавено повеќе реклами и заработено повеќе рекламни приходи од кое било издание на Elle Girl и Cosmo Girl, а 164-те рекламни страници во деби-изданието на Men’s Vogue биле најголемата бројка во историјата на први изданија на Condé Nast. Списанието AdAge ја именувало за “Уредник на годината” во овој домен. Кралицата Елизабета Втора ја назначила за Офицер на Редот на Британската Империја (РБИ) во Одликувањата на Роденденот во 2008 година.

Таа година главно била тешка, со влошувањето на економијата. По разбеснувањето на ревиите во Милано во февруари, насловната фотографија од априлското издание со ЛеБрон Џејмс и Жизел Бундхен предизвикала критики за будење на расни стереотипи. Следниот месец, раскошниот фустан од Карл Лагерфелд што го носела на Галата на Метрополитен Институтот за Костуми бил наречен “најголемото модно промашување за 2008 година”. Есента, Vogue Living бил суспендиран на неодредено време, а Men’s Vogue намален на две изданија годишно како почеток или додаток на женското издание. На крајот од годината, декемвриската насловна истакна погрден коментар на Џенифер Анистон за Анџелина Џоли, на незадоволство на Џенифер. Се чини дека го изгубила нејзиното чувство за вкус.

Почнале да се шират гласини дека ќе се пензионира, и дека ќе ја замени францускиот уредник на Vogue Карин Руатфелд. Уредник од руското GQ наводно ја претставил Алиона Долецкаја, уредник на рускиот Vogue како следниот уредник на американското издание. Condé Nast на тоа возврати со одземање на реклама од цела страна во The New York Times бранејќи го нејзиниот авторитет. Во истото издание, Кети Хорин подоцна напишала дека иако Винтур не го загубила своето чувство за вкус, списанието станало “здодевно и предвидливо”, како што неодамна се пожалил еден читател. “Да го читате Vogue во последните неколку години е да се прашувате за чудната фасцинација за “приказната за вилата во Тоскана” додаде Хорин. Списанието исто така и чудно се справувало со рецесијата, коментирала таа.

Во 2009 година, Винтур почнала повеќе да се појавува во јавноста пред медиуми. Во 60 Minutes изјавила дека нема да се пензионира. “За мене ова е навистина интересен период за оваа позиција и мислам дека на некој начин ќе биде неодговорно да не дадам се од себе за да нè поведам во едно друго време”. Во септември, Септемвриското Издание, документарен филм од режисерот на Воена Соба Р.Џ.Катлер за креирањето на септемвриското издание од 2007 година, почнал да се прикажува. Негова цел била понекогаш тешкиот однос помеѓу Винтур и креативниот директор Грејс Кодингтон. Се појавила во шоуто на Дејвид Летерман за да го промовира филмот, бранејќи ја важноста на модата во една тешка економска состојба. Американското Друштво на Уредници ја избра за во нивниот Хол на Славните во 2010 година.

Моќен брокер во модната индустрија

Низ годините таа почнала да се смета за една од најмоќните личности во модата, одредувајќи трендови и помазувајќи ги новите дизајнери. Новинарите во оваа индустрија честопати слушаат: “Сакаш да одам кај Ана со ова?” кога не се согласуваат со своите подредени. The Guardian ја нарекол “неофицијалната градоначалничка” на Њујорк. Таа ги охрабри модните куќи како Кристијан Диор да вработат помлади, поосвежувачки дизајнери како Џон Галијано.

Нејзиното влијание се протега и надвор од модата. Таа го убедила Доналд Трамп да му дозволи на Марк Џејкобс да ја искористи салата за бал во Плаза хотелот за ревија кога Марк и неговиот партнер немале доволно пари. Неодамна, таа ги убеди Brooks Brothers да го вработат релативно непознатиот Том Браун. Протеже во Vogue, Плам Сајкс, станала успешен писател на романи, опушувајќи го нејзиното опкружување од модната елита на Њујорк.

Се смета дека нејзината плата изнесува 2 милиони долари годишно. Покрај тоа, таа има и други бенефиции како Mercedes S-Class со шофер (во Њујорк и надвор од него), додатен шопинг од 200,000 долари и апартманот на Коко Шанел во хотелот Ritz во Париз, додека присуствува на европските модни ревии. Претседателот на Condé Nast С.И.Њухаус од компанијата и овозможи бескаматен кредит од 1,6 милиони долари за купување на нејзината куќа во Гринич.

Приватен живот

Таа има две деца од Шафер: Чарлс (Чарли) и Кетрин (позната како Пчелка); вторава пишувала повремени колумни за The Daily Telegraph во 2006 година, но вели дека нема да ги следи стапките на мајка си со модата. Парот се развел во 1999 година. Колумнистите низ списанијата тврделе дека нејзината афера со инвеститорот Шелби Брајан и го завршила бракот. Таа одбила да даде коментар. Нејзините пријатели велат дека Брајан ја омекнал. “Таа сега се насмевнува, а ја виделе и како се смее” еден од нив изјавил за The Observer.

Винтур е филантроп. Таа е управник на Метрополитен Музејот на Уметност во Њујорк, каде што организира добротворни настани кои собрале 50 милиони долари за Институтот за Костими на Музејот. Таа ја основала Фондацијата CFDA/Vogue со цел да ги охрабрува, поддржува и надгледува непознати модни креатори. Таа исто така има собрано преку 10 милиони долари за добротворни цели за СИДА од 1990 година, со организирање на еминентни настани од добротворен карактер.

Таа тврди дека станува пред 6 часот наутро, игра тенис, и ја средуваат фризурата и шминката, па пристигнува во просториите на Vogue два часа подоцна. Секогаш се појавува на ревиите пред нивниот закажан почеток. “Го користам времето чекајќи за да разговарам на телефон и правам забелешки; Некои од моите најдобри идеи ги добивам на ревиите” вели таа. Според BBC серискиот документарец Шефица, ретко останува на забави повеќе од 20 минути и си легнува до 10:15 часот секоја вечер. Врши огромна контрола врз визуелната содржина на списанието. Од нејзините први денови како уредник, таа барала фотографите да не започнуваат додека таа не ги одобри полароидите од целата организација и облека. Потоа, треба да се поднесе целата завршена работа до списанието, а не само она што тие лично ќе го изберат.

Нејзината контрола врз текстот е помала. Нејзините вработени тврдат дека таа чита се што е напишано за објавување, но поранешниот уредник Ричард Стори изјави дека таа ретко, дали и воопшто, има прочитано нешто од делот за уметност во Vogue или рецензии на книги. Порано во текот на нејзината кариера, задачата на пишување на текстот заедно со нејзините нацрти им ја препуштала на другите; поранешните соработници тврдат дека таа поседува минимални вештини за таа област. Денес таа малку пишува за списанието освен за месечниот допис на уредникот. Таа наводно има тројца асистенти со полно работно време, но понекогаш изненадува со одговарање на нејзиниот телефон. Често го исклучува својот мобилен телефон додека руча, обично стек (или хамбургер без леб), без да ја вознемируваат. Оброците со многу протеини се нејзина навика веќе долго време. “Чаден лосос и кајгана, и така секој ден” за ручек, вели соработник во Harpers & Queen. “Не јадеше ништо друго.”

Лични модни склоности

Поради нејзината позиција, гардеробата на Винтур е често внимателно испитувана и имитирана. Порано во текот на нејзината кариера, таа комбинирала модерни маици и елеци со фармерки од дизајнери. Кога почнала со работата како креативен директор во Vogue, се префрлила на костуми Шанел со мини здолништа. Продолжила да ги носи во текот на првата и втората бременост, малку отварајќи ги здолништата позади, а задржувајќи го палтото на себе за да се прикрие.

Според биографот Џери Опенхајмер, нејзините сеприсутни очила за сонце се всушност корективни леќи, бидејќи таа боледува од влошување на видот, како и нејзиниот татко. Поранешен колега во интервју се присетил дека кога ги пробал на себе нејзините очила, почнало да му се врти. “Мислам дека во овој момент тие станаа, знаете, оклоп” изјави самата Винтур за 60 Минути за дописникот Морли Сејфер, објаснувајќи дека и овозможуваат приватност во реакциите на ревиите. Со излегувањето од нејзиниот брак и промените во уредничкиот персонал на списанието, близок пријател и уредник истакнал дека “Таа повеќе не се крие зад нејзините очила. Сега таа повторно се забавува.”

Политика

Винтур е либерал што го поддржа Ал Гор во неговата претседателска кандидатура. Во 2008 година, таа била домаќин на настани за собирање средства за кандидатурата на Барак Обама, што ја довело до позиција да предложи тој да помогне во ублажувањето на законите против монополи и да им дозволи на препродавачите да ја ограничат нивната продажба на одреден период од годината, како што е во Европа. Таа мисли дека модата и политиката се меѓусебно поврзани. “Ако погледнете во која било добра модна фотографија надвор од контекст, ќе ви каже исто толку за случувањата во светот колку и наслов во The New York” изјави таа.

Во февруарското издание на Vogue од 2008 година, Винтур го критикувала The Washington Post за создавање на атмосфера што довела до повлекување на Хилари Клинтон да се фотографира за насловна, загрижена дека ќе изгледа премногу женствено во облека од дизајнери: “Идејата дека современата жена мора да изгледа машки за да биде сфатена сериозно во борбата за власт, е искрено ужасна. Како дојде нашата култура до тука?

Како The Washington Post се истргнува пред најмалиот знак за раздор на сенатор? Ова е Америка, а не Саудиска Арабија.” Изјавата на Винтур била погрешно прикажана во извештаите на медиумите како критикување на Клинтон за повлекување од снимањето.

На состанок на Општинскиот Одбор на Менхетен 2 во јуни 2010 година, Винтур зборувала против Miss Lily’s, јамајски ресторан предложен за нејзиното West Village соседство. Повторувајќи ја загриженоста на останатите жители, таа рече дека е загрижена за безбедноста и карактерот на соседството. Нејзиниот син Чарли исто така го критикувал предлогот, велејќи дека секое претпријатие кое планира да биде отворено по 2 часот наутро може да биде само бар, а не ресторан. Жителите од соседството и аплаудирале и со мнозинство гласале против предлогот, ефикасно спречувајќи ја неговата изградба.

Во мај 2011 година, Винтур ја изрази својата поддршка за легализација на истополовите бракови во кампањата на “Кампања за Човекови Права”, “Њујорчани за Брачна Еднаквост”.

Ѓаволот носи Прада

Главна статија: Ѓаволот носи Прада (роман)

Лорен Веисбергер, поранешен асистент на Винтур, која го напушти Vogue за списанието Departures заедно со Ричард Стори, го напиша Ѓаволот носи Прада по посетувањето часовите по пишување кои тој и ги препорачал. Беше нестрпливо очекуван поради наводниот внатрешен опис на Винтур пред неговото објавување. Винтур кажа за The New York Times, “Секогаш уживам во добра фикција. Се уште не сум одлучила дали ќе го прочитам делото или не.” Иако се смета дека средината и Миранда Присли се засновани на Vogue и Винтур, Веисберг вели дека таа не само што извлекувала од нејзините исккуства, туку и од оние на нејзините пријатели. Винтур на кратко се појавува при крајот од книгата, каде се вели дека таа и Миранда не се допаѓаат една на друга.

Во романот, Миранда има многу сличности со Винтур – таа е Британка, има две деца, и е опишана како голем придонесувач за Метрополитан Музеј на Уметност. Присли е тиранин кој им бара невозможни работи на своите подредени, не им дава речиси воопшто информации и време потребни за исполнување и потоа ги прекорува за нивните неуспеси. Бетс, која била отпуштена од Harper’s по две години за кои вработените изјавиле дека таа премногу се трудела да ја имитира Винтур, остро ја искритикува во рубриката за книги на The New York Times:

         Поради тоа што работев во Vogue осум години ја имав Ана Винтур како ментор, морам да кажам дека Веисберг можела да научи нешто во годината кога ја продала својата душа на ѓаволот на модата за 32,500 долари. Таа имала “место до рингот” на едно од најголемите уреднички лиценци во бизнис кој силно влијае врз жените, но се чини дека таа ништо не разбрала за изолацијата и притисокот на работата на нејзиниот шеф, или што би можело да ја чини личност како Миранда Присли да стане лик како Миранда Присли. 

Присли има и некои позитивни карактеристики. Андреа истакнува дека таа ги донесува сите клучни уредувачки одлуки сама, и дека има вистинска класа и стил. “Никогаш, ниту на една минута не заборавив дека е неверојатна можноста да и асистирам на Ана” изјави Веисберг во 2008 година.

Филмска адаптација

Повеќе информации: Ѓаволот носи Прада (филм)

Филмската верзија на романот не е единствениот кој има лик позајмувајќи го изгледот на Винтур. Забележана е сличната фризура на Една Мод во Неверојатните, а Џони Деп изјави дека однесувањето на Вили Вонка во Чарли и фабриката за чоколади е делумно засновано на Винтур. Феј Сомерс во телевизиската серија Грдата Бети е исто така поврзувана со Винтур.

За време на продукцијата на филмот во 2005 година, Винтур наводно предупредила значајни модни личности, особено дизајнери, дека Vogue нема да ги поддржува ако се појават на кратко во филмот играјќи се себеси. Таа го негирала ова преку портпаролот, велејќи дека таа е заинтересирана за се што “поддржува мода”. Многу дизајнери се споменети во филмот. Само еден, Валентино Гаравани, се појавил играјќи се самиот.

Филмот беше издаден кон средината на 2006 година, со огромен успех. Винтур присуствуваше на премиерата, облечена во Прада. Во филмот, актерката Мерил Стрип ја играше Присли доволно различно од книгата за да добие критички пофалби како целосно оригинален (и посочувствителен) лик. (Канцеларијата на Стрип во филмот е толку слична на онаа на Винтур, што Винтур побарала нејзината да се преуреди.

Наводно, Винтур изјавила дека филмот најверојатно ќе оди директно на ДВД. Заработи преку 300 милиони долари на кино благајните низ цел свет. Подоцна во 2006 година, во интервју за Барбара Волтерс кое се емитуваше на денот на издавањето на ДВД-то, Винтур изјавила дека филмот е “навистина забавен” и го пофалила за претставување на модата како “забавна и гламурозна и интересна … Бев 100% за филмот.”

Тоа мислење за филмот не ја доведе до тоа да и прости на Веисберг. Кога беше објавено дека уредникот на романот и рекол да го почне својот трет роман, портпаролот на Винтур и препорача “да си најде работа како нечиј асистент”.

Опенхајмер претпоставува дека Ѓаволот носи Прада можеби и направи услуга на Винтур со давањето признание на нејзиното име. “Освен 5-те минути на Веисберг,” вели тој, “(филмот) целосно ја воведе Ана во главниот пантеон на славните личности. (Таа) не беше позната и за неа се зборуваа младите модни фанатици облечени во Вол_морт фармерки јадејќи БигМек и пржени компирчиња под Златните Букви (заштитниот знак на МекДоналдс) во Девенпорт и Дубјук.

Кога Септемвриското Издание беше издаден три години подоцна, критичарите го споредуваа со претходниот, фиктивен филм. “Во изминатава година или така нешто, таа беше во војна со медиумите за да си го врати нејзиниот имиџ” рече пол Шрод за Slant Magazine. Многумина се прашуваа колкава е сличноста со Присли на Стрип, и го пофалија филмот за прикажување на вистинската личност. Манола Дарџис за The New York Times изјави дека Присли помогнала да се очовечи Винтур и “документарецот го продолжува ова”. “Филмот проникнува во суштината што го издигнува над реалната верзија на Ѓаволот носи Прада” се согласи Мери Полс за Time.

Други критики

Во 2005 година, две години по Ѓаволот носи Прада, Прв Ред: Добрите и лошите моменти на главниот уредник на Вог на Опенхајмер беше објавена. Претстави слична слика на вистинската Ана. Според Опенхајмер, Винтур не само што ги одбила неговите понуди за интервју, туку и ги одвраќала другите да зборуваат со него.

Карактер

Винтур често ја опишуваат како емотивно воздржана, оние што ја знаат добро, па дури и нејзините најблиски пријатели. “Во еден момент од нејзината кариера, Ана Винтур престана да биде Ана Винтур и стана “Ана Винтур”, кога како портата на раскошна палата, таа затворила голем дел од нејзината личност за јавноста” напиша The Guardian. “Мислам дек атаа ужива да не е целосно достижна. Нејзината канцеларија е посебно непријатна. Мора да поминете некоја милја од канцеларијата за да стигнете до нејзиното биро и сигурен сум дека е намерно” вели Кодингтон. “Не мислам дека е достапна за луѓето за кои што не треба да е достапна” се согласува издавачот на Vogue, Том Флорио. Таа има кажано дека му се восхитува на својот татко Чарлс, познат како “Чили Чарли” затоа што бил “мистериозен”. Поранешни соработници му кажале на Опенхајмер за истата резервираност од нејзина страна. Но таа е исто така позната и по изливите на незадоволство, а често користениот прекар “Нуклеарна Винтур” е резултат и на двете работи. Таа толку многу го мрази, што побара од The New York Times да не го користи. “Има моменти кога доста збеснувам” призна таа во Септемвриското Издание.

“Мислам дека беше многу груба со некои луѓе порано, во текот на нејзиното издигнување – многу кратко” изјави нејзин пријател за Observer. “Таа не муабети. Никогаш нема да биде пријател со нејзиниот асистент.” Поранешен асистент изјави “Дефинитивно нема да се возите во лифтот со неа.” Непишани правила на Винтур во просториите на Vogue им забрануваат на помладите вработени да започнат разговор со неа; уредник ја поздравил во лифтот и бил прекорен од еден од асистентите на Винтур (Таа тоа го нарекува – претерување). Новинар во посета видел помлада вработена кој видно испаничила кога сфатила дека ќе го дели лифтот со Винтур. Еднаш, помлада уредничка ја видела како се сопнува во ходникот и поминала без да и понуди помош, и подоцна и било кажано дека “ја направила вистинската работа”.

Дури и пријателите признаваат дека се вознемирени во нејзино присуство. “Ана ми е пријателка” вели Барбара Амиел, “факт кој воопшто не ми помага да се справам со ладната паника која ме фаќа кога и да се сретнеме.” “Јас знам кога да престанам да и вршам притисок” вели Кодингтон. “Таа не знае.”

Често е опишувана како перфекционист кој секој ден има невозможни, апсолутистички барања за своите подредени: “кујнски ножици на работа” според зборовите на еден коментатор. Еднаш натерала вработен да пребара во ѓубрето на некој фотограф за да најде фотографија што одбил да и ја даде. Во избришана сцена за Септемвриското Издание таа приговара за “ужасните бели пластични кофи” со мраз зад шанковите на седмата добротворна СМДА аукција за помош против СИДА и ги отстранува. “Мислењето дека Ана сака работите да се завршат “сега”, а не “набрзо” е точно” вели Амиел за Ѓаволот носи Прада. “Она што Ана го сака, го сака веднаш.” Долгогодишен асистент вели “Таа ве фрла во вода, а вие или ќе потонете или ќе пливате.”

Нејзиното однесување го предизвика Питер Браунштајн, поранешен новинар за Women’s Wear Daily, подоцна осуден за сексуален напад врз соработничка, да го испланира нејзиното убиство. По добивањето на само една карта за доделувањето на Vogue Модните Награди, што тој го сметал за грубо одбивање, толки збеснал што добил отказ од WWD.На неговото судење во 2007 година, обвинителството како доказ изнесува дневник како компјутерски документ, во кој тој ја изразува својата намера да ја убие. “Таа никогаш не зборуваше со пиончиња како нас” се пожалил тој.

Во една прилика таа морала да плати поради нејзиното однесување спрема вработените. Во 2004 година, судот пресуди дека таа и Шафер треба да платат 104 403 долари, а само Винтур додатни 32 639 долари за исплаќање на тужбата поднесена против нив Одборот за Работнички Надоместок на државата Њујорк. Тие не успеале да ги платат 140 000 долари на поранешен вработен кој се повредил на работното место, но го немал потребното осигурување.

Во 2000-те, нејзината врска со Брајан беше заслужна за омекнувањето на нејзиниот карактер на работното место. “Дури и кога не е расположена, има поинаков однос” изјавил за New York Observer некој кој што се претставувал како “Набљудувач на Винтур”. “Општа согласност е дека таа е многу помека и полесно е да се работи за неа бидејќи најверојатно има добар сексуален живот.”

Став за крзното

Таа е често мета на организации за правата на животните како PETA, кои се бесни поради употребата на крзно во Vogue, нејзините изданија со крзно и нејзиното одбивање на платени реклами од организации за правата на животните. Необесхрабрена, таа продолжува со фотосесиите со крзно, велејќи дека секогаш има начин тоа да се носи. “Никој не носеше крзно се додека таа не го стави на насловна во почетокот на 90-те” вели извршниот директор на Neiman Marcus Group, Бартон Тански. “Таа ја “запали” целата индустрија.”

Таа веќе не знае ни колку пати била физички нападната од активисти. Во Париз во октомври 2005 година, ја гаѓале со тофу пита додека чекала да влезе на ревијата на Chloé. Во една друга прилика, активист и фрлил мртов ракун во нејзината чинија во еден ресторан; таа само му рекла на келнерот да го тргне. Таа и издавач на Vogue Рон Галоти се одмаздиле на протест пред просториите на Condé Nast, за време на божиќната забава на компанијата, со испраќање на чинија со печено говедско месо долу.

Други личности надвор од заедницата за правата на животните го покренаа прашањето за крзното. Браунштајн во неговиот манифест напишал дека таа ќе оди во пеколот и ќе ја чуваат огромни стаорци, каде што ќе биде толку топло, што таа не ќе мора да носи крзно. Памела Андерсон, во интервју во почетокот на 2008 година изјавила дека Винтур е личноста која најмногу ја мрази “затоа што таа ги малтретира младите дизајнери да користат и носат крзно.”

Елитизам

Уште една честа критика за уредништвото на Винтур се фокусира на зачестеноста на славни личности на насловната страна и на инсистирањето тие да ги исполнуваат нејзините стандарди. Наводно, таа и рекла на Опра Винфри да ослабне пред да се фотографира за насловна. Исто така, и кажала на Хилари Клинтон да не носи син костум. Се смета дека на прославата на Anglomania во 2005 година, прослава во чест на британската мода во Метрополитен, самата Винтур ја одбрала облеката на познатите присутни личности како Џенифер Лопез, Кејт Мос, Доналд Трамп и Дајан вон Фустенберг. “Мислам дека Вриланд не гледа така на тоа” вели издавачот на WWD, Патрик МекКарти. “Таа не би ја облекла Бејб Пејли. Ниту пак Бејб Пејли би и дозволила.” Со убедувањето на креаторите да им позајмуваат облека на џетсетерите и на познатите личности, кои потоа ги фотографираат со облеката не само за Vogue туку и за списанија од општ интерес како People и Us, кои за возврат влијаат на изборот на купувачите, некои луѓе од индустријата сметаат дека Винтур премногу го контролира тоа, посебно затоа што таа не е вклучена во изработка или производство на облека. “Крајниот резултат е дека Ана може да го контролира сето тоа се до фабричкиот погон” вели Кенди Претс Прајс, извршен моден директор во style.com. Таа е заслужна за уништувањето на “гранџ” модата во почетокот на 90-те, кога не се продавала баш добро, кога им кажала на дизајнерите дека ако продолжат со избегнувањето на гламурот, нивните дела нема да бидат фотографирани за Vogue. Сите се покориле на тоа.

Уште една потписничка за Vogue дала приговор дека Винтур ги исклучува од страните на списанието обичните вработени жени, од кои многу се редовни претплатници. “Таа е опседната само со рефлектирање на желбите на одредена класа на читатели” вели таа. “Еднаш имавме статија за рак на дојка што започна со стујардеса, но таа не сакаше да има стујардеса во списанието, па моравме да бараме екстравагантна бизнисменка која има рак.”

Винтур беше обвинета и дека се издвојува и од оние рамни на неа. “Мислам дека фикцијата не може да ја надмине реалноста” изјави уредник на браитанско модно списание за Ѓаволот носи Прада. “Уметноста во овој случај е само лоша имитација на животот.” Винтур, вели уредникот, секогаш бара на ревиите да седи подалеку од конкурентните уредници. “Го поминуваме нашиот работен живот кажувајќи им на луѓето која ин-ташна да ја носат, но Ана е толку многу над нас што не ни носи ташна.”

Многумина се пожалиле на нејзиното успешно барање да се презакажат главните ревии на модната недела во Милано во 2008 година порано таа недела, за да можат таа и останатите американски уредници да имаат вреем да се вратат дома пред ревиите во Париз. Други уредници рекле дека ќе мораат набрзина да поминат низ првите ревии, а помалку познатите дизајнери кои се прикажувале подоцна биле лишени од значајната публика. Долче и Габана рекоа дека италијанската мода била “откачена по кратка постапка”, а Милано се претворал во “циркус без смисла”.

Џорџо Армани, кој во тоа време бил ко-претседавач заедно со Винтур на изложба костими на суперхерои во Метрополитен, привлече внимание со неговите отсечни лични забелешки. “Можеби за она што таа мисли дека е убав фустан, јас не би го помислил истото” рече тој. Додека тврдеше дека не може да разбере зошто таа не им се допаѓа на луѓето, велејќи дека тој самиот е рамнодушен, тој се понадева и дека таа не го кажала коментарот “Добата на Армани е завршена.” Тој ја обвини дека таа повеќе ја сака француската и американската мода, отколку италијанската. Џефри Бин, кој престана да ја поканува Винтур на ревиите во моментот кога таа престанала да пишува за него во Vogue, ја нарече “шеф-дама во возило со четири тркала која ги игнорира или напушта оние кои не го “полнат со гориво нејзиниот резервоар. Како уредник, таа ја претвори класата во масовност, а вкусот во отпадок.”

Нејзините забелешки за дебелината предизвикаа дискусии во повеќе пригоди. Во 2005 година, Винтур беше остро критикувана во њујоршкото поглавје на Националното Здружение за прифаќање на луѓето со прекумерна телесна тежина, откако уредникот во Vogue Андре Леон Тејли изјавил во Шоуто на Опра Винфри дека, во еден момент, Винтур побарала од него да ослабне. “Повеќето од девојките во Vogue се толку слаби, неверојатно слаби” рече тој “затоа што г-ца Ана не сака дебели луѓе.” Во 2009 година, жителите на Минеаполис се навредија откако таа за 60 Минути дека за луѓето кои ги гледа наоколу може само љубезно да каже дека се “колку една куќарка”. Тие истакнаа дека нивниот град бил во добра форма и бил именуван за трет како таков во земјата таа година од Men’s Fitness, додека Њујорк е именуван за еден од најдебелите, петти по ред.

Одговор на критиките

Одбраната на Винтур често доаѓа од други личности. Аманда Фортини за Slate изјави дека не и пречи елитизамот на Винтур бидејќи тој е својствен за модата: Повеќето од нас го читаат Vogue не со намера да ја купат ненормално скапата облека, туку затоа што читањето го едуцира нашето око и го изострува нашиот вкус, слично на јадењето гурманска храна – го рафинира осетот за вкус. Ова е задоволство овозможено од немилосрдната естетика на Винтур, нејзинотот одбивање да биде дел од демократизирачката тенденција на повеќето нејзини конкуренти. Да се одрече од таа нејзина привилегија е исто како да им се ускрати на читателите привилегијата да фантазираат во форма на убаво фотографирана висока мода во Париз.

Ема Броукс го гледа ова во самата Винтур: Нејзината безрезервна способност да ги гледа работите како да живее во страниците на нејзиното списание има одредена искреност, доказ дека, без разлика што некој мисли за тоа, животниот стил пропагиран од Vogue е, во најмала рака, физички возможен.

Некои пријатели ја гледаат нејзината рамнодушност само како традиционална британска резервираност, или срамежливост. Броукс вели дека тоа можеби е и заемно, “делумно, одраз на однесувањето на деликатни луѓе, особено жени, кои превентивно стануваат кучки кога станува збор за средба со олицетворението на модата. “Винтур вели за себе дека е срамежлива, а Хари Коник Џуниор, кој ја придружуваше неа и нејзината ќерка на ревии во 2007 година, се согласува со тоа. Кога Морли Сејфер ја праша за поплаки поради нејзиниот карактер, таа рече:

         Имам толку многу луѓе Морли, кои работат за мене 15, 20 години, и знаеш, ако сум јас толкава кучка, тие мора да се ненаситни на мачење затоа што се уште се тука... Ако некогаш сум  рамнодушна или груба, тоа е бидејќи се стремам кон најдоброто.

Таа има дадено слични изјави во одбрана на наводното одбивање да вработи дебели луѓе. “За мене е важно луѓето што работат овде, особено во модниот оддел,” вели таа “да се претстават себеси на начин кој е логичен за надворешниот свет дека тие работат во Vogue.

Нејзините заштитници ги нарекуваат критиките сексистички. “Моќните жени во медиумите секогаш се набљудуваат потемелно од нивните машки колеги” напиша The New York Times во статија за Винтур набрзо по издавањето на Ѓаволот носи Прада. Кога таа ја презеде функцијата во Vogue трач-колумнистката Лиз Смит објави гласини дека ја добила работата преку афера со Сај Њухаус. Наводно, Винтур целосно побеснела на еден од првите состаноци со вработените. Таа се уште приговарала на таа тема, кога земала медиумска награда во 2002 година.

Ја нарекувале и феминистка, чии промени во Vogue рефлектирале, потврдиле и поттикнале прогрес во статусот на жените. Во рецензијата за книгата на Опенхајмер во The Washington Monthly, главната уредничка Кристина Ларсон истакнува дека Vogue, за разлика од останатите списанија за жени,

         ...не се ориентира според недостатоците на своите читатели... Наместо тоа, ги потсетува жените да уживаат, марширајќи во сите видови на раскош (облека, мебел, дестинации за патување), кои една успешна жена може да ги купи, или барем да им се восхитува. И бидејќи секако, постои за да рекламира... тоа го прави пред се, преку експлоатирање амбиција, а не несигурност. 

Винтур, за разлика од Вриланд, …”го префрли фокусот на Vogue од култот на убавината до култот на создавање убавина.” За неа, фокусирањето на славните личности е добредојден развој на она што значи дека жените ја прават насловната на Vogue барем во делот на нивните достигнувања, а не само нивниот изглед.

Оние кои што се запознаени со нејзината примена на улогата на модна возвишеност ги отфрлаат сите преговори. “Таа е искрена. Таа ви кажува што мисли. Да е да, а не е не” според Карл Лагерфелд. “Таа не е така наметлива” се согласува Франсоа-Анри Пино, главен извршен директор на PPR, матичната компанија на Гучи. “Таа ви дава до знаење дека нема проблем ако не можете да направите нешто што таа сака.” Нејзините заштитници исто така истакнуваат и дека продолжила да го поддржува Гучи без оглед на нејзиниот силен став дека PPR не требаше да го напуштат Том Форд. Дизајнери како Елис Руа и Изабел Толедо просперираа и без Винтур и Vogue. Нејзината желба да “се прави важна” ја одржа независноста на Vogue без оглед на неговата огромна зависност од рекламниот приход. Винтур е единствениот моден уредник кој го одбил ултиматумот на Армани да прикажува повеќе негова облека низ страниците на списанието, иако таа призна дека ако мора да одбере помеѓу два фустани од кои првиот од рекламатор, а вториот не, секогаш би го одбрала првиот. “Зборот реклама за мене не е безобразен”.

Како одговор на критиките како оние на Бин, таа ја брани демократизацијата на она што порано беа ексклузивни луксузни брендови. “Тоа значи дека повеќе луѓе ќе добијат подобра мода” и одговори на Дејна Томас. “Колку повеќе луѓе можат да доjдат до модата, толку подобро”.

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: