Анатомско-терапевтско-хемиски систем на класификација
Анатомско Терапевтско Хемискиот (АТХ) Систем на Класификација (англиски: Anatomical Therapeutic Chemical (ATC) Classification System) е користен за групирање на лековите. Овој систем го регулира Колаборативниот Центар за Методологија на Статистиката на Лекови при СЗО (WHOCC), и за прв пат е објавен во 1976 год.[1]
Системот за класификација ги дели лековите во различни групи според органот или системот врз кој тие делуваат и нивните терапевтски и хемиски карактеристики. Секој целосен ATC код се однесува само на една индикација (или употреба) на фармацевтски употребена супстанца. Ова значи дека еден лек може да има повеќе од еден код: ацетилсалицилна киселина (аспирин), на пример, има A01 како лек за локална орална терапија, B01 како инхибитор на тромбоцити, и N02 како аналгетик и антипиретик. Од друга страна пак, неколку различни препарати на готови лекови имаат ист код ако тие содржат иста активна супстанца и имаат исти индикации.
Содржина |
[уреди] Класификација
Според овој систем, лековите се класифицирани во групи според пет различни нивоа:[2]
[уреди] Прво ниво
Првото ниво од кодот укажува на главната анатомска група на која дејствува лекот и се состои од една буква. Постојат 14 главни групи:[3]
| Код | Содржина |
|---|---|
| A | Гастроинтестинален систем и метаболизам |
| B | Крв и крвотворни органи |
| C | Кардиоваскуларен систем |
| D | Кожа и поткожно ткиво |
| G | Урогенитален систем и полови хормони |
| H | Хормонски препарати за системска примена, освен полови хормони и инсулин |
| J | Антиинфективни лекови за системска употреба |
| L | Антинеопластици и имуномодулатори |
| M | Мускулно-скелетен систем |
| N | Нервен систем |
| P | Антипаразитни производи, инсектицид и средства за заштита од инсекти |
| R | Респираторен систем |
| S | Сетилни органи |
| V | Останати |
[уреди] Второ ниво
Второто ниво од кодот укажува на главната терапевтска група на лекот и се состои од две цифри.
[уреди] Трето ниво
Третото ниво од кодот укажува на терапевтската/фармаколошката подгрупа и се состои од една буква.
Пример: C03C Јаки диуретици
[уреди] Четврто ниво
Четвртото ниво од кодот укажува на хемиската/терапевтската/фармаколошката подгрупа и се состои од една буква.
Пример: C03CA Сулфонамиди
[уреди] Петто ниво
Петтото ниво од кодот укажува на хемиската супстанца и се состои од две цифри.
Пример: C03CA01 Фуросемид
[уреди] ATCvet
Анатомско Терапевтсо Хемискиот Систем за Класификација на ветеринарно-медицинските производи (АТХ вет) (англиски: Anatomical Therapeutic Chemical Classification System for veterinary medicinal products (ATCvet)) се користи за класифицирање на ветеринарни лекови. ATCvet кодовите можат да бидат создадени со ставање на буквата Q пред ATC кодот на повеќето човечки лекови. На пример, фуросемидот за ветеринарна употреба го има кодот QC03CA01.
Некои кодови се исклучиво за ветеринарни лекови, како QI Имунолошки лекови, QJ51 Антибактериски лекови за апликација во виме или QN05AX90 амперозид.[4]
[уреди] Наводи
- ↑ „ATC/DDD Методологија: Историја“. Колаборативен Центар за Методологија на Статистиката на Лекови при СЗО. http://www.whocc.no/atc_ddd_methodology/history/.
- ↑ „ATC: Структура и принципи“. Колаборативен Центар за Методологија на Статистиката на Лекови при СЗО. http://www.whocc.no/atc/structure_and_principles/.
- ↑ „ATC/DDD Индекс“. Колаборативен Центар за Методологија на Статистиката на Лекови при СЗО. http://www.whocc.no/atc_ddd_index/.
- ↑ „ATCvet систем на класификација: Општи принципи“. Колаборативен Центар за Методологија на Статистиката на Лекови при СЗО. http://www.whocc.no/atcvet/atcvet_classification_system/general_principles/.