Анатолиј Константинополски
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Анатолиј Константинополски Πατριάρχης Φλαβιανός |
|
| Патријарх на Константинопол | |
| Црква | Константинополска црква |
|---|---|
| Од | 449 |
| До | 458 |
| Претходник | Флавијан |
| Наследник | Генадиј |
| Лични податоци | |
| Занимање | Патријарх на Константинопол |
Анатолиј Константинополски (починал во 449 година) бил Патријарх на Константинопол во периодот од 449 до 458 година.
Најпрво бил презвитер во Александриската црква, но по смртта на патријархот Флавијан Константинополски бил возведен за патријарх на цариградскиот престол, во 449 година. Константинополскиот престол бил признаен за рамен на Римскиот во негово време, и тоа на Вселенскиот собор во Халкидон, во 451 година.
Овој патријарх се борел многу за чистотата на православната вера, многу страдал од еретиците, додека најпосле не бил и убиен од нив во 458 година, во времето на царот Лав Велики. Со црквата управувал близу девет години, а потоа се преселил меѓу нејзините Свети јерарси[1].
Наводи [уреди]
- ↑ „Свети Анатолиј, патријарх Цариградски“ (на Македонски). http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1565. проверено на 9 јануари 2011.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |