Анас Шарбини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хрватска Анас Шарбини
Лични податоци
Роден на 21 февруари 1987(1987-02-21)(37 г.)
Роден во Риека, СФРЈ
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Риека Риека
Број 10
Младинска кариера
Риечина
Риека Риека
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2009 Риека Риека 72 (28)
2009–2012 Хајдук Сплит Хајдук Сплит 63 (15)
2012–2013 Ал Итихад Џеда 15 (0)
2013- Риека Риека 19 (5)
Репрезентација
2009 Хрватска Хрватска 1 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Анас Шарбини (роден на 21 февруари 1987 во Риека[1]) — хрватски фудбалер од средниот ред кој игра за Риека.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Неговата главна позиција е лево крило, иако тој исто така може да игра како офанзивен играч од средниот ред. Тој е најдобро познат по неговиот одличен дриблинг и солидни нафрлувања.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Риека[уреди | уреди извор]

Анас е син на палестинскиот бегалец од Сирија Јамал Шарбини и мајката Ранка од Гробник, а по својот татко добил и јорданско државјанство.[2] Фудбалските почетоци ги направил во Риека, по што преминал во младинската школа на екипата на Риека од која подоцна дошол до првиот тим.

Во сезоната 2006-07 бил еден од најдобрите млади играчи во Прва ХНЛ. Следната сезона, и покрај своето не доволно искуство и младосте, назначен е за капитен на Риека. Со тоа станал најмладиот капитен во историјата на клубот.[3]

За време на зимската пауза во сезоната 2008-09, се шпекулирало за негово заминување во Динамо или Хајдук,[4][5] но Шарбини останал во Риека.

Хајдук Сплит[уреди | уреди извор]

Сепак на 13 август 2009 ја напуштил Риека и потпишал за Хајдук заедно со својот брат Ахмад. Анас го добил дресот со број 99.[6] Во 73 првенствени натпревари постигнал 15 голови.

Ал Итихад Џеда[уреди | уреди извор]

После три сезони во Хајдук, во кој не ги исполнил очекувањата Анас Шарбини заминал во Саудиска Арабија, потпишувајќи на 25 јули 2012 двогодишен договор со Ал Итихад од Џеда за оштета од 1.8 милиони евра.[7] Своето деби во првенството на Саудиска Арабија го направил на 6 август 2012, во натпреварот против Ал Итифак на домашен терен што неговата екипа ги добила со 3-0. Тој се појавил во игра од клупата за резерви влегувајќи на местото на мароканецот Фаузи Абделгани во 55-тата минута од натпреварот. На 10 ноември во натпреварот против Ал Шабаб, Шарбини добил директен црвен картон во 29-тата минута за брутален старт над капитенот на противничката екипа Ахмед Отаиф.[8]

Во финишот на сезоната го раскинал договорот со клубот и се вратил во Хрватска. За Ал Итихад одиграл вкупно 15 првенствени натпревари и еден во купот.

Риека[уреди | уреди извор]

После четири години, на 23 мај 2013 Шарбини се враќа во Риека, потпишувајќи две годишен договор со можност за продолжување на уште година дена. На 28 јули 2013, дебитирал по своето вреќење во натпреварот Риека-Динамо што завршил 0-0. Три дена подоцна тој го постигнал првиот погодок во победата над Жилина со 2-1, во првиот натпревар од 3-тото квалификациско коло од Лигата на Европа. На својот прв првенствен гол во сезоната (2013-14) чекал до 26 февруари 2014, кога го постигнал првиот гол во натпреварот на домашен терен против Динамо што завршил 2-2. Во следните месец дена Шарбини постигнал уште 4 првенствени гола и сите на домашен терен; во победата над Сплит (4-1), во победата над Локомотива (3-2) и два погодока во победата над неговиот поранешен клуб Хајдук Сплит (4-1).[9]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Шарбини ги поминал сите возрасни категории на младите репрезентации, за кој запишал околу 30 настапи. Неколкупати влегувал во конфликт со селекторот на младата репрезентација на Хрватска, Дражен Ладиќ,[10][11] по што Ладиќ се откажал од него, а HNS го казнил со 80.000 kn.[12]

Селекторот на сениорската репрезенѕација на Хрватска Славен Билиќ го повикал Шарбини на поширокиот список со играчи за Европското првенство 2008,[13], но тој сепак не се нашол меѓу 23-цата избрани за турнирот.

Хет-трик[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што е играч од средниот ред, Шарбини секогаш се славел со тоа што постигнувал многу голови по сезона, а во својата кариера досега постигнал два хет-трика. И двата ги остварил во натпревари од Прва ХНЛ во 2009 година во периодот во кој го носел дресот на Риека (првиот пат) и бил можеби во најдобра форма во целата своја кариера. Првиот бил во победата на домашен терен со 6-2 над Славен Белупо, а вториот исто така на домашен терен во победата со 6-0 над Локомотива. Интересно за вториот натпревар е тоа што сите шест голови за Риека ги постигнаа браќата Шарбини; три Анас, три Ахмад.

Натпревари во кој постигнал хет-трик[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Anas Sharbini at Playerhistory.com
  2. Hrvatski nogometni savez
  3. "Sanjao sam ovaj trenutak", novilist.hr
  4. "Anas Sharbini korak bliže Hajduku", rijekadanas.com
  5. "Sharbini između Dinama i Hajduka: Kroz HNL ću prije do reprezentacije!"[мртва врска], sportskenovosti.hr
  6. Sharbinijima 9 i 99 hajduk.hr
  7. „Hajduk prodao Anasa Sharbinija Al Ittihadu, Hajduku 1.8 milijuna eura odštete“. Архивирано од изворникот на 2014-01-21. Посетено на 2014-04-07.
  8. Al Shabab vs Al Ittihad LIVE Commentary Goal.com[мртва врска]
  9. Rijeka uvjerljiva protiv Hajduka na rasprodanoj Kantridi
  10. "Vraćen pokajnik Sharbini, pozvan Mato Jajalo" Архивирано на 10 јуни 2009 г., jutarnji.hr
  11. "Anas Sharbini ponovo otkantao Dražena Ladića", index.hr
  12. "Anas Sharbini nije platio kaznu, HNS ga suspendirao" Архивирано на 2 мај 2009 г., 24sata.hr
  13. "Bilić pozvao Sharbinija", novilist.hr