Анархофеминизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Анархистички феминизам)
Прејди на: содржини, барај
Дијагонално преполовен правоаголник, едната половина е црна а другата половина е виолетова.
Анархофеминистичко знаме
Симболот на анархофеминизмот

Анархистичкиот феминизам (исто така познат како анархофеминизам и анархафеминизам) го комбинира анархизмот со феминизмот. Анархофеминизмот гледа на патријархатот како манифестација на недоброволна хиерархија. Анархофеминистите сметаат дека борбата против патријархатот е од суштинско значење за класната борба, како и за анархистичката борба против државата. Во суштина, оваа гранка на анархизмот, гледа на анархизмот како потребна компонента во феминистичката борба и обратно. Како што вели Л. Сузан Браун „бидејќи анархизмот е политичка философија што се спротивставува на сите форми на моќ, оттаму е инхерентно феминистички“. Анархистичкиот феминизам се јавува во индивидуалистички како и во колективистички форми на анархизмот.

Потекло[уреди]

Анархофеминизмот црпи инспирации од делата на авторките и теоретичарките како Ема Голдман, Волтерин де Клер, Луси Парсонс. Во Шпанската граѓанска војна, постоеше група, наречена Слободни жени, која ги бранеше анархистичките и феминистичките идеи. Мнозинството од анархистичките мислители, освен Пјер Жозеф Прудон, силно ја поддржуваа еднаквоста на жените со мажите.

Уште од 1860-тите, критиката на анархизмот кон капитализмот беше комбинирано со критика кон патријархатот. Авторитарните вредности како: доминацијата, експлоатацијата, агресијата, натпреварувањето, итн. кои се интегрален дел од хиерархиските цивилизации, се гледаат како „мажествени“. Додека, антиавторитарните вредности како: соработката, споделувањето, сочувството, чувствителноста се сметаат за „женствени“, и според анархофеминистите овие вредности, денес, се девалвирани. Оттаму анархофеминистите се борат за создавање на нехиерархиско анархистичко општество, кое ќе биде засновано на соработка, споделување, взаемна помош, итн. т.е. „феминизација на општеството“.

Прашања[уреди]

Важни прашања за анархофеминистите се: спротивставувањето на традиционалните концепции на семејството, образованието и половите улоги. Најчесто напаѓана институција е институцијата на бракот. Де Клер сметаше дека бракот е пречка за индивидуалниот развој. Голдман пак, сметаше дека тоа е „првенствено економски договор,.... [жената] плаќа со нејзиното име, приватност, самопочит и со самиот живот“.

Надворешни врски[уреди]