Аналоген сигнал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Аналоген сигнал e континуиран сигнал каде што некоја временски променлива големина на сигналот претставува репрезенцација на некоја друга временски варијабилна големина. Се разликува од дигитален сигнал по тоа што малите флуктуации на сигналот не се занемарливи.

Аналогниот сигнал користи некое својство на медиумот низ кое се простира за да ја пренесе информацијата. На пример анероидниот барометар ја користи ротирачката позиција на стрелката како сигнал а промена на притисокот. Во електричен домен најчесто користено својство е напонот или фреквенцијата.

Секоја информација може да се претстави со аналоген сигнал, најчесто со мерење на таа големина како промена во физичката средина, на пример звук, светлина, температура, поместување или притисок.

На пример, во снимање на звукот се користат флуктуации во воздушниот притисок кои се пренесуваат на дијафрагмата на микрофонот што допринесува до соодведни флуктуации на напонот или струјата во електрично коло. За напонот или струјата се вели дека се "аналогни" на звукот.

Бидејќи аналогниот сигнал има теоретски неограничена резолуција, тој секогаш ќе има повисока резолуција од било кој дигитален систем каде што резолуцијата е преставена со дискретни чекори. Во пракса, аналогните системи се покомплекси, ефектите како што се нелинеарноста и шумот ги деградираат перформансите и аналогната резолуција, па дигиталните системи далеку ги надминуваат.

Недостатоци[уреди]

Главен недостаток на аналогните сигнали е тоа што во секој систем има присутво на шум – т.е. случајни варијации. Како што сигналот се пренесува или се репродуцира, овие случајни варијации стануваат доминантни. Во електрична смисла овие загуби можат да се намалат со оклопување, добри конектори и користење на квалитетни кабли.

Ефектите на шумот се нереверзибилни затоа што со засилување на сигналот се засилува и присутниот шум. Дури и кога резолуцијата на аналогниот сигнал е поголема од резолуцијата на дигиталниот, разликата е занемарлива поради присуство на шумот.

Поврзано[уреди]