Анална фисура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анална фисура
Анална фисура
СпецијалностГастроентерологија Уреди на Википодатоците

Аналната фисура, исто така, наречена и анален чир, чир на анусот, е плитко распукано место на слузницата на анусот ( најнискиот предел на цревата што се отвора кон надвор ). Фисурата почнува веднаш од внатрешната страна на аналниот отвор и се протега 0.5 до 2 см во должина на аналниот ѕид. Аналната фисура може да биде многу болна. Истискувањето на изметот ја надразнува слузницата па мускулите на аналниот сфинктер на аналниот отвор можат да реагираат така што почнуваат да се стегаат. Овие комбинирани дејства се причина за исклучителна болка која уште повеќе се засилува ако изметот е тврд или водлест. И покрај болката, фисурата не е опасна и, веројатно, ќе помине со едноставно лекување. Не занемарувајте ја: ако фисурата стане хронична, може да се создаде ткиво со лузни кое може да пречи при празнење на цревата, а, можеби, ќе Ви треба и операција за да го решите проблемот.

Причинители[уреди | уреди извор]

Често не е јасно зошто дошло до расцепување на анусот. Страничните фисури, покрај страничниот анален ѕид, веројатно, се последица на напрегање при запек; при празнење на голем, тврд измет, аналната слузница премногу се растега и пука. Предните фисури, по должина на предниот ѕид, обично се поврзуваат со наслојките од ткивото со белези од претходна операција или со исклучително притискање што аналниот дел го поднесува во текот на породувањето. Аналните фисури, исто така, може да бидат придружно дејство на некое друго заболување, како проктитис (воспаление на правото црево), Кронова (Chron) болест или рак на дебелото црево.

Податотека:Analna-fisura,-neutocnena.jpg
Анална фисура

Симптоми[уреди | уреди извор]

  • капки од светлоцрвена крв во текот на празнењето на цревата, на тоалетната хартија или облеката;
  • крварењето одвреме-навреме е пообилно;
  • болки како раскинување или печење во пределот на аналниот отвор во текот на големата нужда, тапата болка може да потрае и неколку часа
  • парче кожа на крајот на фисурата (хемороид) што може да наѕира од аналниот отвор;
  • тврд или нередовен измет, обично поради намерното здрушување на болната нужда.

Обратете се на лекар[уреди | уреди извор]

Ако забележите какво било анално крварење. Можеби имате сериозно нарушување, како рак на дебелото црево, Мекеловиот (Meckel) дивертикул или цироза. Крварењето од анусот не би требало никогаш да го занемарувате. ако лекарот потврдил дека имате анална фисура, а и по еден месец лекување фисурата не зараснува. Можеби постои друга причина за создавање на фисурата или за бавното зараснување, како рак на дебелото црево.

Лекување[уреди | уреди извор]

Честата и правилна анална хигиена, за да се избегне инфекцијата и одржувањето помек измет, за да се сведат на најмала можна мера болките и стегањето, ќе придонесат фисурата да се излекува самата од себе. Аналните фисури честопати се јавуваат повторно. Хируршкиот зафат е единствен познат начин на лекување кој може да го прекине тој циклус, па е и најдобар во случајот со долготрајните фисури.

Конвенционална медицина[уреди | уреди извор]

Анестетичките кремови кои се нанесуваат право на фисурата се првата линија на одбраната, заедно со топлите седечки бањи и промените во исхраната за да се избегне запекот. Оваа комбинација е обично успешна, ако фисурата почне рано да се лекува. Ако фисурата не реагира на овие начини на лекување, а сепак нема опасен и тежок облик, лекарот можеби ќе примени локален анестетик и ќе го вовлече прстот во ракавица и во анусот за да го прошири аналниот сфинктер. Со тоа се намалува притисокот во внатрешноста на ананиот канал и се создава средина која ќе доведе до побрзо зараснување. Ако аналната фисура е исклучитено болна, отпорна на другите облици на лекување или долготрајна, најдоброто решение е операцијата. Таа се состои од поделбата на долниот анален сфинктер за да не може да се стиска и да предизвикува фисури. Хирургот, исто така, може да ја отстрани фисурата и кожата веднаш до неа, вклучувајќи го хемороидот, ако постои. Оваа дваесетминутна амбулантна постапка се извршува под локална или спинална анестезија и многу е успешна. Фисурата обично зараснува и малку е веројатно, дека повторно ќе се појави. Над 90% на оние кои ќе се опираат немаат проблеми со повторена фисура, ако подоцна ја здржат исхраната богата со растителни влакна. По хируршкиот зафат за оздравување се потребни три до четири дена, но можеби ќе имате потешкотии при контролата на гасовите.

Алтернативни начини на лекување[уреди | уреди извор]

Аналната фисура честопати можете да ја излекувате со регулирање на големата нужда и со спуштање на нивото на стрес и тегоби во Вашиот живот на најмала можна мера. Ако можете да истраете во овие промени на својот начин на живеење, многу е мала веројатноста дека фисурата ќе се повтори.

Лекување со лековити билки[уреди | уреди извор]

Чајот од глуварче (Taraxacum officinale) кој се пие трипати на ден може да помогне во омекнувањето на изметот. Измешајте 2 или 3 лажички корен од глуварче со чаша вода и варете на тивок оган 10 минути.

Хомеопатија[уреди | уреди извор]

Може да Ви помогне ако што било од долунаведеното со јачина од 12с земате четирипати на ден, најдолго седум дена. Ако еден лек не дејствува пробајте друг. Aesculus може да ги смири аналните болки и печењето придрижено со болки во половината и голем и сув, тврд измет. Пробајте Graphites за болна нужда со грутчиња и слуз За остра болка која ја чувствувате во текот на запекот и по нуждата како да го раскинува анусот, употребете азотна киселина. Кога болката од аналната фисура е остра и пече како во анусот да имате стакло, употребете Ratanhia.

Лекување дома[уреди | уреди извор]

Нанесете крем што можете да го набавите без лекарски рецепт и што содржи 1% хидрокортизон или витамин А и Д веднаш од внатрешната страна на анусот. (За таа цел може да се набават мали гумени навлаки за прстот). Хидрокортизонот може да го намали отокот и болките, а витаминскиот крем ги смирува болките и го поттикнува зараснувањето. Супозиториите (аналните чепчиња) се ставаат подлабоко во правото црево (ректум) за да можат да помогнат. Неколкупати на ден седнете во седечка топла бања 20 минути. Така се олабавува аналниот сфинктер и го намалува стегањето и болките сврзани со него.

Превенција[уреди | уреди извор]

Спречувањето вклучува избегнување запек и пролив по пат на исхрана и телесни вежби. Меѓу другите полезни работи, здравата исхрана и редовното вежбање го поттикнуваат доброто здравје и работата на цревата и даваат заштита од аналните фисури.