Анаконда
Содржина |
[уреди] Анаконда
Анакондите се големи,неотровни бои од видот Eunectes.Можат да се најдат во тропскиот дел на Јужна Америка. Најпознати видови се зелената анаконда,Eunectes murinus,позната по тоа што е една од најголемите змии во светот.Зелените анаконди можат да пораснат и повеќе од 5.21м во должина и да достигнат тежина од 97.5кг.Можат да се најдат источно од Андите во Колумбија,Венецуела,Гвинеја,Еквадор,Перу,Боливија,Бразил,и на островот Тринидат. Други анаконди се жолтата анаконда,Eunectes notaeus,помали видови најдени во источна Боливија,јужен Бразил,Парагвај и североисточна Аргентина,темно-точкастата анаконда,Eunectes deschauenseei,ретки видови најдени во североисточен Бразил,крајбрежна Француска Гвинеја и Гвајана;и Боливијската анаконда,Eunectes beniensis,откриена во 2002год.во поплавените рамници на провинцијата Пандо во Боливија.Тоа беше првиот идентификуван нов вид на анаконда од 1936год.,и стана четвртиот познат тип од овие влечуги ,во согласност со ВВФ. Сите четири видови се водни змии што ловат други водни животни,вклучувајќи риби и речна живина.Постојат некои информации дека некои домашни животни,како козите и понијата,се плен на анакондите и дека ловат близу до водата. Додека средбите помеѓу луѓето и анакондите можат да бидат опасни,тие обично не ловат луѓе. Сепак,заканите од анакондите се познати од стриповите,филмовите и авантуристичките приказни прикажани во Амазонската џунгла. Анакондите исто така имаат навлезено во јужноамериканскиот фолклор, кадешто понекогаш се прикажани како митски суштества наречени Encantados. Локалните општества и некои европски истражувачи имаат дадено информации за гигантски анаконди, легендарни змии со многу големи размери одколку оние потврдени од самите видови. Терминот анаконда исто така може да се употреби за било која голема змија која го згмечува пленот со задушување.
[уреди] Етимологија
Merriam-Webster, интернет речникот, вели дека зборот е веројатно модификација на Sinhalese зборот henakandaya, кој се користи при именување на една мала тенка зелена змија која е присутна во Шри Ланка. Како и да е, во некои други литератури henakandaya се користи за веќе изумрената змија задушувач. Ричард Бојл (Консултант по англиски од Шри Ланка за Англискиот речник од Оксфорд) пишува во неговата книга „Непредвидливиот Синбад“. Првата информација за анакондата на англиски јазик е од Р. Едвин (најверојатно псевдоним) во писмо до списанието Scots во врска со соочувањето со проголтувањето на тигарот серпентина во тогашниот задржан холандски јазик Ceylon. Ова беше објавено во изданието од 1768 под развлечен наслов,”Опис на анакондата, монструозни видови од серпентина”. Во писмо од еден џентлмен од Англија, многугодишен жител на островот Сејлон,во источна Индија.Како и да е,оваа информација за инцидентот во предградие на Коломбо е измислица на имагинацијата,полна со популарните погрешни претстави што се однесува до стегнувањата во години на ограничено знаење за змиите. Англискиот Оксфордски речник дава прв извор во “Список на Индијски серпентини” од Џон Реј од музејот во Лејден, како ‘’anacandaia од Сејлонс,т.е. тој кој ги крши јазлите на бафалата и јаремските ѕверови ’’ но дека ‘’anacandaia ’’ сега не е вродено име во Шри Ланка,и не е задоволително објаснето дури и во Синхалес или Тамил-иако списоците "āṇaik'k'onḍa" на Хенри Јал што значат дека има убиено слон во Тамил.
[уреди] Препораки
| Видете анаконда во Викиречник, слободниот речник. |
[уреди] Читај понатаму
- Ray J. 1693. Synopsis methodica animalium quadrupedum et serpentini generis. Vulgarium natas characteristicas, rariorum descriptiones integras exhibens: cum historiis & observationibus anatomicis perquam curiosis. Præmittuntur nonnulla de animalium in genere, sensu, generatione, divisione, &c. - pp. [1-14], 1-336, [1-9]. Londini. (Smith & Walford).
- Yule H, Burnell AC. 1886. Hobson-Jobson: A Glossary of Colloquial Anglo-Indian Words and Phrases, and of Kindred terms, Etymological, Historical, geographical, and discursive. London: J. Murray. pp. 133–134. (reprinted in 1903 by W. Crooke).

