Анадолиски леопард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анадолиски леопард
Заштитен статус

Критично загрозен, можеби изумрен
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Фамилија: Felidae
Род: Panthera
Вид: P. pardus
Подвид: P. p. tulliana
Триномен назив
Panthera pardus tulliana
(Schreber, 1777)

Анадолискиот леопард (Panthera pardus tulliana) во минатото бил опишан како посебен подвид на леопард, со природно живеалиште во Анадолија (Мала Азија), Турција. Сепак, денешните таксономси анализи покажале дека овие леопарди генетски многу малку се разликуваат од останатите западно и централноазиски леопарди па поради тоа треба да бидат вклучени во подвидот персиски леопард (Panthera pardus saxicolor) [1][2]. Во моментов останува непознато дали анадолискиот леопард е сѐ уште присутен во дивината [3].

Карактеристики[уреди]

Возрасните единки се долги помеѓу 0,5-1 метри. Женките тежат помеѓу 35-50 килограми, а мажјаците помеѓу 45 и 70 килограми просечно, но може да достигнат и 90 килограми. Се смета дека животниот век во дивината изнесува околу 20 години.

Исхрана[уреди]

Во дивината, најчест плен на леопардите се диви копитари како елени, дивокози, планински кози и повремено диви свињи. Ова животно се храни и со птици, но доколку му се пружи шанса и со домашна стока.

Распространетост[уреди]

Во минатото овие леопарди ги населувале шумите и ридовите на егејското и медитеранското крајбрежје и регионите во источниот дел на Мала Азија. Во Израел, анадолиските леопарди биле присутни до1980-тите. Во оваа држава постојат и неколку непотврдени изјави за средби со леопарди во Галилеја и Голанската висорамнина.

Забележани леопарди[уреди]

Последниот пат кога официјално бил забележан анадолиски леопард е 1974 година. Животното било убиено откако нападнало жена во едно село, околу пет километри оддалечено од Бејпазари. Иако некои научници предлагаат дека подвидот веќе е изумрен во дивината, други спетаат дека сѐ уште постојат помеѓу 10-15 индивидуи. Во 2001 година, леопард бил забележан на локалитетот „Данди“ во близина на градот Мут на планините Тавр, во турскиот медитерански регион, како и во околината на Мускили Брок на источниот брег на црното море. Во 2003 година, возрасен мажјак бил снимен на камери поставени во Националниот парк Вашловани во Грузија [4]. Во 2004 година исто така бил забележан леопард на платото Покут.

Во 2002 година, тим на Big Cat Rescue (Спасување на големите мачки) трганал на експедиција на надморска висина од околу 2000 метри. Експедицијата била организирана поради фотографија на која бил сликан отисок од шепа на леопард. За време на истражувањето, тимот забележал леопард, но животното набрзина избегало пред да успеат да го сликаат. Следниот ден, тимот успеал да слика анадолиски леопард, со што се потврдило неговото присуство во дивината. Сепак, се смета дека постојат само 10-15 индивидуи во дивината.

Во моментов Фондацијата Анадолиски леопард (составена од холандски и турски истражувачи) [5], ја проучива популацијата на овој леопард со поставуање на камери-стапици на паланината Тавр.

Причини за намалување на популациите[уреди]

Се претпоставува дека прекумерното трофејно ловење е главниот фактор за намалување на бројноста на популациите на анадолискиот леопард. Иако леопардот во Турција станал заштитен со закон од 1978 година, сепак ова не го спречило и понатамошното нелегално убивање. Се претпоставува дека ова е поради репутацијата на леопардот која го претставува како штетник и крволочно животно, како и игнорирање на неговата значајна улога во екологијата на биосистемот[5].

Наводи[уреди]

  1. Olga Uphyrkina et al. (Ноември 2001). Phylogenetics, genome diversity and origin of modern leopard, Panthera pardus. Molecular Ecology, Volume 10, Issue 11, стр. 2617. Извадок
  2. Sriyanie Miththapala. (Август 1996). Phylogeographic Subspecies Recognition in Leopards (Panthera pardus): Molecular Genetic Variation. Conservation Biology, Volume 10, Issue 4, стр. 1115. Извадок
  3. Црвена листа на МСЗП – 2007 година
  4. (грузиски)„Флора и фауна на Грузија“. http://www.tourism.gov.ge/geo/floraandfauna.php. конс. 25 април 2007. 
  5. 5,0 5,1 (англиски)Anatolian Leopard Fondation

Надворешни врски[уреди]